После детална проверка на сите теми во подфорумот бременост видов дека нема ваква тема. Само да нагласам дека темата нема врска со „Какво ли ќе биде моето бебе... ?“ Не знаев како да ја крстам темата... сакав да биде која беше вашата реакција кога прв пат го видовте ликот на вашето бебе на ехо.. ама не ја собираше.. Бидејќи технологијата е мнооогу напредна во денешно време.. многу убаво може да се види ликот на бебенцето. Кога бев на последниот скрининг, сакавме да го видиме ликот на малечката ама ко за инает рацете ги имаше ставено на лицето и не можеше да се види ништо... Со нетрпение ја чекам следната контрола само за да видам на кого личи, како изгледа, очи, нос, уста... Е сега.. која беше вашата реакција кога прв пат го видовте ликот .. како, на кого личи вашето бебе? Дали си рековте.. знаев дека вака ќе личи, очекував вака да изгледа, си замислував дека на мене/на мажот ми ќе личи итн..
Што убава тема Не знам дали ќе ми верувате, ама јас имам таква слика од 13 недела (пред 1 недела ми ја направија) и се гледа целото со рачиња, ноџиња, мешето и лицето му е гледа и лелее кога видов (дека не очекував дека ќе видам таква слика, мислев дека уште не личи на човек) викам „Леле што ми е убаво бебето“ Инаку ми личи малку на мм ама дека е ќелаво Секој ден сега си ја гледам сликата.
Пред неколку дена ја добивме првата слика од 4Д ехо, и си ја ставивме во рамка . Искрено ми личи на марсовче . Сликано е само главчето, мрдаше и неможеше убава поза да фати докторот. Чудна ми е некако сликата како да не му е оформена брадата убаво, а треба да е. А кога на ехо го гледаше рече дека се е во ред. Или е до сликата или од пуста грижа се да биди во ред
Неопишливо чувство беше кога го видовме срценцето како чука , тогаш бев 6-та недела и ми дадоа и сликичка. На секој преглед ми даваа сликички. Потоа бевме вториот пат на преглед на 12 недела и имаше ноџиња , рачиња , глава се гледаше јасно бебенце На 23 недели бевме и гледавме вистинско лице хаха , толку јасно се се гледаше а она беше само 490 грама Само треба да ги доживееш овие моменти сликичка од 12та недела 16-та недела 23та недела 34 недела
Onaa ubava slikicka mi e od 4 d vo 23 nedela napravena Noseto sega e isto kako na slikickata Lici da,na sebe od slikickata sum zaboravila da sporedam bas sega vidov ubavo sto se seti na temava,prijatno se iznenadiv
Јас кога бев бремена си направив цела колекција на сликички од бебето, ама само на една ептен убаво беше фатено лиценцето.Јас бев 100% сигурна дека детево е фотокопија на мене,исто носе, усте очиња.Нооооо, уште кога се роди сфатив дека сум се занела малку,немаше врска со мене, цела маж ми . Сега има 4 месеци и сеуште повеќе личи на него, ама почна малце и мои црти да добива...Така да мојата сликичка не е иста со бебето сега...
Кај мене уште од самиот почеток не беше свртено со лице и цела бременост до последен момент не можевме никако да му го видиме лиценцето, си беше свртено со газето цело време и првата сликичка беше едно мнијатурно ембрионче со рачиња, ножиња, оформено веќе мало човече на кое му се радував цело време и си ја гледав постојано сликичката се до следната контрола кога беше поголемо човеченцето и се така на секоја следна контрола јас летав од радост, убавини, неопишливо чувство, само да се доживее треба
и јас си ја гледам сликичката од 4Д- 21ва недела секојдневно, и се прашувам дали кога ќе се роди ќе изгледа вака или сосема поинаку ?!?! многу ме интересира каква ке биде кога ке ја видам прв пат!!? уффф едвај чекам да се роди
Хахахаа, исто исто. Јас си имам и дневник си водам, па сабајле си ја испечатив сликата и си ја залепив
Јас едвај чекам да одам на втор ултразвук, првата сликичка што ми ја дадоа е прекрасна, малечко, мило... Сите ќе си чувам, ќе си правам албум, па здравје кога ќе порасне да се види какво било кога било во мешето на мамичка!
Јас од сите прегледи имам сликички,првата сликичка ја добив на 5,5 недели и беше една мала точкичка, али во 11 недела од 4д беше право бебче
се наежив од фоторгафиите на koritsaki јас веќе ги добив првите 2 слики а утре ќе добијам уште две Здравје Боже. едната веќе ми е профил фотографија сеуште е точка
првите сликички ми се од 7недела-мало срценце 2слика Mи е од 9 недела-немаше некоја голема Rазлика,сеуште беше само мало срце 3слика Mи е 12 недела рачиња,нозе се моето бебе...неможев Dа го догледам веке беше бебе најубаво тоа
Oва е првата слика на мочкото мој мал И да ви кажам право, личи како сега кога го гледам надвор од стомачето, само што од кога ја видовме сликава сите заклучивме дека ќе личи на мене (исто како кај силк) Е од ко се роди, сфатив дека малку сме се зае*але