Ги гледам сликчињава и до негде ми е криво што јас не сум добила слика...инаку за информација сум во 26та недела и до сега немам добиено НИЕДНА слика од ехо прегледите, на почетокот ми беше срам да барам, а кога конечно одлучив да побарам слика мојата идиотски настроена докторка одби да ми даде слика заради некој глупав изговор...се мислев да одам на приватен преглед, но решив да си почекам и да си го видам синчето кога ќе ми се роди
Мене на секоја контрола ми дава слики...така си сме договорени ...а и јас така сакам...поубав спомен од тоа амин,,
Еве не и нас во 27+4 Овде едвај малку да се видиме....таа ни е положбата од старт, и не сака повеќе да се покаже А овдека си го фаќаме ноџето и го крева до уста, така неколку пати
Леле Сноу, син ти исто ко ќерка ми... Со тоа што она успева во уста да ја напика ногата! Треба да скенирам и јас да ви ја покажам буцка!
^боже боже што убаво е свртена... не се срами за сликање а не како мојон мангуп само се крие никао да го видиме.
аа мојаваа прца само се мести за сликање ...на моменти дури и ни се смешкаше душии мали.. се кријале не се кријале за брзо ќе си ги изнагледаме и изнагушкамее
Денес конечно можеше да се рече дека се видовме...и нормално како за беља ЈАС БАКСУЗОТ, не им работеше принтерот. Важно видов дека има обравчиња полнички за штипкање А на кого влече црти и не видов баш...не можев да определам.
Мојов мочко не сакаше да ни го покаже лицето... цело време се криеше со рачињата. Со докторот го закачкавме за да се помести да го видиме, ама тој ако се криеше со едно раче, после закачањето се криеше со двете! Тек на крај на 8ми месец успеавме да го фатиме. Јас се прерадував. Му викам на докторот: Добро е, носето му е на мене, а за другото на кого сака нека биде ) Се преврте од смеење човекот Сега фацулето од 3Д ни стои во рамка
Чувството на првата слика беше прекрасно...Кога ја направивме во Плодност кога ни ја дадоа бевме пресреќни дури и со солзи на очите....Личеше на малечко марсовче хехехех и си викам божееее мое ли е?Тек како ќе биде кога ќе излези надвор...Одвај чекам