1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првата средба со вашето бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од Snow-Queen, 7 октомври 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Самиот наслов си кажува...покрај онаа телесна поврзаност помеѓу мајката и бебето додека тоа се наоѓа во нејзината утроба,...каков беше првиот момент кога му го чувте плачот на вашето бебе, што помисливте.Каково чувство имавте што се не ви помина низ глава кога прв пат го земавте во рака, што прво му прозборевте? :) Ајде мамички да ве чуеме...
     
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    гледам никој нема пишено ...
    ај јас ќе го скршам мразот....

    кога го слушнав за прв пат син ми сите болки и се што ми се случувало до пред половина час заборавив....
    а кога го видов реков ,,што е вакво во главата,,??? ко вонземјанче беше :D :D
    а за првиот допир не се сеќавам баш многу ама знам дека го имав на гради оставено да ми го слуша срцето, имав негде прочитано дека е добро за бебето а за првите зборови и тоа не се сеќавам..
    тоа е и колку да е убав тој момент сепака е траума за организмот
     
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    За мене ова е многу болна тема.Синот по компликациите при породувањето,го родив со царски и тоа со целосна анестезија што значи не го видов кога го извадија,не му го слушнав првиот плач... По престојот од 24 часа на интензивна бев пренесена во апартман и таму го чекав уште некои 1-1,5 час ,пред нашата прва средба.Кога сестрата го донесе до мене беше и мм.Во моментот кога влегуваа син ми се разбуди и целиот поспан не погледна толку мило ,што беше повод јас и тато да се стопиме :inlove:
    Кога требаше да се породам со ќерката со докторката се договарав за царски со локална односно да бидам свесна при самиот чин.Но бидна што бидна и за нејзе мораше да се оди повторно со целосна.Значи повторно 24 часа интензивна задолжителни и плус уште 8 додека докторот да одобри дека може да ја напуштам. Во соба ја чекав уште 1 час и конечно после 33 часа ,но овојпат само јас ,се видовме.Чувството е неописливо бидејќи нешто што до вчера си го замислувал сега конечно е пред тебе.
    Значи јас ни со првото ,ни со второто дете го немав оној вистински прв контакт и не сум ги видела дечињата во моментот кога се родиле,а не сум го чула ни нивниот прв плач.Тоа ми е многу болно бидејќи тоа е единственото парче кое ми недостасува во мозаикот наречен мајчинство.Мислам дека ова е најголемата негативност на породувањето со целосна анестезија,одземено ти е најубавото нешто од станувањето мајка и засекогаш ќе остане како празнина.
     
  4. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Исто како кај АИТ и кај мене имаше компликации па морав на царски, па бидеќи анестезијата не ме здрвуваше мораа целосно да ме заспијат. Ми ја донесоа по 3 сати откако се разбудив и неможев а да не заплачам, посилно беше од мене ... Неможам да го заборавам тој момент , најубавото чувство.
     
  5. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Синока со мм бевме на кино.Прв пат од кога сме заедно.
    Филмот беше комедија.
    ШТО ДА ОЧЕКУВАТЕ КОГА ОЧЕКУВАТЕ
    Но јас се убив плачејки, имаше неколку порагаи.
    Се присетив на моментите кога нашето најмило дојде на свет, сакав да најдам зборови и да му го опишам чуството и на мм.
    Но е неопишливо, треба да се доживее нема збор со кој можам правилно да го доловам.
    Им посакувам на секоја жена да го доживее барем еднаш тоа чуство.
    Тоа е моментот за кој се живее.
    Си се измачувал толку саати од болки и во еден момет ти ставаат на гради уште едно срце кое чука и било дел од тебе.И баш се се заборава тогаш.
    Сега вашето срце ке чука само за тоа срце.
    Прекрасно е.Тоа е чудото наречено живот. :inlove:

    И се секавам како ми го дадоа на кратко и потоа го видов дури по неколку саати, тие сати беа најдолгите саати во мојот живот, мислам дека цела вечност помина додека ми го донесат пак.
    Е потоа, потоа ние двајца не се одвоивме.И сега сме dream team :D
     
    На cresa-jagoda, Pepaaa, girl1985 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    истиот филм и јас го гледав со една другарка во кино пред 3 месеца ,абе се убив плачејки :)
    филмот го гледаа само жени ... Јас бев едина што плачеше на комедија :lol:
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Веројатно филмот повеќе допира до мајките, отколку трудниците. Мене филмот не ме трогна воопшто, си го изгледав како обична лимонадка.
    А за првата средба почнувам да станувам нестрплива, на моменти си ја замислувам таа сцена кога првпат ќе ми го дадат, што ќе помислам, какво чувство ќе ме облее, дали ќе си знам одма дека си е мое, или ќе го гледам и ќе се чудам дека е мое :D
    Леле ќе се стопам, не ми се верува дека ќе си имам мое бебе :angel:
     
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Првата средба ни беше уште додека бев на интензивна. Дали дека сеуште не бев доволно свесна, некако не се осетив нешто посебно. Но, затоа пак втората средба, наспана, свесна , во соба кога ми ја донесоа, срцето ќе ми излезеше. По возбудена, по среќна, збунета, ма милион чувства имаше во мене во тој момент.
    Обожавав да ја допирам и бацувам по главчето, и до ден денес е така.
     
  9. gorda

    gorda Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    76
    И двајцата ги видов кога се родија... За ќерка ми бев возбудена, нстрплива... Ја гушкав 6 саати по пораѓајот на интензивна и не можев да не пуштам солза, а срцето ќе ми излеташе од гради...
    За синот, знаев што ме чека, од радост и нетрпение плачев цело време на операциона маса, а асално се расплакав кога го извадија и кога го видов... Дури 25 часа по пораѓајот ми го донесоа и тогаш видов дека е ОК, немав никаков абер пред тоа, ама после ми го оставија на цело време, оти нели си знам што треба :^) Како и да е, немаше и нема посреќна од мене
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Штом излезе, веднаш се подкренав да го видам, насмевка од 6ка до 6ка...кога ми го дадоа ми потекоа солзи, зборови немав, само го бакнав.
    Потоа додека лежев на бокс очи не тргнав од него,...потоа за жал од кога ме однесоа во соба во наредните 24часа не бевме заедно и бев премногу тажна, многу е лошо чувството кога сите бебиња пристигаат а само моето го нема.
    Но од кога ми го донесоа вториот ден, едвај чекав да биде буден да го гала и бакнувам....и секако се расплакав кога прв пат ги отвори очињата и погледна во мене.
    Дефинитивно нема зборови со кои може да се опишат чувствата.
     
    На Едно Чупе, SimonaTino, ilipili и 5 други им се допаѓа ова.
  11. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.858
    Штом се роди веднаш го видов и ми го ставија на гради и го бакнав на главчето, после кога ми го донесоа во соба очите ми беа полни со солзи радосници и тогаш не престанав да го гушкам и бакнувам.
     
  12. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    Не можам ни да замислам каква ќе биде првата средба....Веќе во утробата го чувствувам како да е до мене и едвај ја чекам и замислувам првата средба која ќе биде преслатка сигурно 8) Поздрав до сите сегашни и сите новопечени мамички :*
     
    На Novaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    :inlove: :inlove: уфф најубавата средба .. со мојата мала душа.. јас зашеметена од анестезијата го слушнав најубавиот глас на светот и тогаш др маргарита камбовска ми го донесе матеј да го бацам .. меко и бело како памук.. незаборавен момент ке го паметам цел живот :l: :l:
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    ахххх...најубавите,единствени средби на светот,на кој се потсетувам секој ден од почетокот на мојот живот,да од почетокот, тој ден и почна мојот живот заедно со нивниот :inlove:
    Првото бебе беше бело како ангел и кога го извадија од стомакот спокојно спиеше го подразбудија да ме види и пак заспа ,му го бакнав рачето каки памукче
    За второто заспав пред да го извадат,плачот ми даде сила да ги отворам очите и да го видам,беше исплашено. го бакнав во челото, му реков сонце мамино и се смири
    Така беше ...
    Следната средба зборење,бакнување си ги земав во прегратка,цицање и спиење
     
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Кога ја родив во моментот само неколку сек ја видов :inlove: ,потоа ја однесоа и ми ја донесоа во кебенце завиткано со рие очиња мали гледаше зачудено :inlove: ја бакнав и мораа да ја однесат.
    Кога ја бакнав и реков добро дојде чедо мое,господ здравие да ри даде и убавини.
    Додека ме шиеа цело време очињата ми беа пред мене,сакав да ја гушкам и гушка м и гушкам :inlove: за зал во тие моменти мораше да биде така.
    Така да за наша среќа сега ке надополниме за се.
     
  16. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Аххх тоа не се опушува, после тешкиот порагај од три дена, мало ситно девојче, кога ми го даде докторката и го стави на мојте гради мислев дека цел свет е мој, нај големата радост во животот :) :inlove:
     
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.480
    Првото го видов убаво,го слушнав и го држев во прегртка,а за второто ме рабудиjа да го видам,беше поспано,и после си го гушкав.
     
  18. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Најубавиот момент во мојот живот. Кога му го слушнав плачот на син ми заборавив и на болката што ја имав заради него само пред неколку секунди. Бидејќи беше многу ладно не ми го ставија на гради туку само ми го покажаа и го фатив за рачето, а тој ми го стегна прстот. :inlove:
    Утрото кога ми го донесоа в соба неможев погледот да го тргнам од него дури и не сакав на посета да излезам :D
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    372
    Пол:
    Женски
    Мене не ми го дадоа непосредно по раѓањето само го дигнаа да ми го покажат, а на маж ми ми го однеле да го види и да го слика. Цело семејство го видело пред јас да го видам убаво. :^) ( Нема везе тоа :lol: ). Бидејќи ме шиеја со целосна анестезија, од неа ме разбуди еден плач. Плачот на синот мој, плачот кој предизвика солзи на моите очи. Зашеметена од анестезијата само му велев не плачи сине многу брзо ќе се гушкаме и веднаш престануваше да плаче. Вистинската прва средба беше кога вечерта ми го донесоа во соба. Малите очиња кои гледаа, рачињата кои мрдаа, најнеописливото и најубавото нешто на светот. Му раскажував колку беше посакуван, како клоцаше во мама, како икаше, колку го сакаат мама и тато, колку вредела болката за време на пораѓајот. Уф дури и сега солзи ми навираат во очите. :$
     
    На Едно Чупе, Agrona и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  20. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Уште не беше пресечена папочната врвца кога ми го покажаа :) Многу малку поплака и си заспа. Пред да не однесат мене во соба, а него кај бебињата си побарав да ми го дадат. Си го гушнав, го бубнав на челчето и на рачето, а бебе мирно си спиеше. Спанко, цел на мама :D