Со првото дете кога се породив не ми го дадоа веднаш да го видам го однесоа во другата просторија да го средат и маж ми така да кажам беше првиот кој што остварил контакт и го држел.Но сепак бев преплавена од емоции и чувства целата радосна и разнежнета од она малечко битие што до пред некое време ме клоцаше и удираше внатре.Со второто беше поинаку,веднаш откако се роди значи не му беше пресечана ни папочната врска ми го ставија на гради јас го гушнав и го бакнав и исто и тој си заспа и спиеше се до вечерта кога се разбуди и беше буден цело време.Инаку се разбира дека тоа е најубавиот момент за секоја мајка кога ќе си го земе во раце своето чедо.
Cредба која ќе ја паметам цел зивот само сто излезе моето крофниЧе ми го ставија на гради,ме обли едно Чувство кое никогас го немав дозивеано и кое не се описува со зборови,плаЧесе моето злато плаЧев и јас со него едноставно немозев да престанам ,а да и тато писуствувасе па и тој пусти некоја солза потоа ми го зедоа да го измерат,облеЧат не каЧија во соба и од тогас не се разделуваме
Koga izleze od mene taka zbrckana,odma ja odnesoa vo druga soba da ja iscistat da ne goltne plodova voda (mi bese zelena) i odma i go slusnavme glasceto kako zaplaka,za dve minuti ja donesoa peperutkata moja bela kako sneg plavo kosice i naprceno muce so siroko otvoreni ocicki kopija na tatko i.mi ja stavija na gradi i riknavme so mm.mojot zivot,mojata pricina za zivot veke ja imav vo racete.i posakavme dobredojde.neopisliv i nezaboraven moment za cel zivot,srekata e neizmerna.nema merilo na ovoj svet sto bi ja izmerila ljubovta sprema kerka mi
Ејјј...кај ја најдов темата сега се потсетив како беше и некако се разнежнив . Што да правам, емитивка сум ептен . Се породив со царски рез, така да сопругот прв ја виде. Јас сеуште не бев целосно освестена од анестезијата кога ми ја донесоа.Очите не можев да ги отворам,знаете она чувство на поспаност и не можев да ја видам, само акушерката ми ја стави на лицето и почав да плачам. Одвај си ги подотворив очите и знам дека беше ептен бела (и сега е плавуша ). Кога убаво се свестив побарав пак да јавидам, беше толку малечко, невино,слатко,мило...во моите очи совршено и се роди токму такво какво што го замислував.
Мојата кога се роди имаше кружно мало главче.Ми беше убедливо најубава хаха и постојано и ги гушкав во болница дебелите обравчиња.Колку само мило ме гледаше душичка..
Нема поубава средба кога мајката за прв пат ќе си го види своете најубаво бебенце Најубавата средба во животот на секоја мајка
Многу ми е низ магла прв пат кога ја видов, поточно кога ми ја ставија на гради зошто траеше само неколку секунди. Се сеќавам само дека приметив дека има доста косичка што не очекував, и погледнав дали ги има сите прсти на број После 3-4 саати кога ми ја донесоа во соба завиткана како лепче, си помислив лелееее овој индијанец ли е мој? Со коси очиња и црна косичка, ептен беше индијанец! И беше многу мирна, се гледавме пет минути и си заспа
Дали се должи на тоа дека пред породување немав јадено 31 час и немав испиено ни капка вода(примав провокација), но јас не се сеќавам на првиот плач. Знам дека ми ја покажаа но и тоа ми е матно. Одкако се породив прво што прашав беше “смеам ли да јадам“. Потоа ми ставија анестезија за да ме сошијат. Па кога се разбудив уште по гладна бев. Повторно барав храна. Во 22.10 вечерта се породив а малата ми ја донесоа во 9 часот сабајле. како што лежев сестрата само ми ја стави на града и јас останав без зборови се се случи на брзина, само лежев и ја гледав “ no comment“. Криво ми е многу што штом се породив не ми ја ставија на гради
Па и мене не ми ја ставија на гради бидејки мораше да се исчисти,стопли и среди бебушот.Само краток допир тело со тело и ја однесоја одма.
Кога се породив чув само: „Нее, неее„ (така плаче и сега). Го ставија на мене, ме помочка и престана да плаче. Кога пробаа да го тргнат пак почна да плаче. Докторите се изнасмеаја оти имаше едно такво видео на интернет. После три дена глас не му се слушна во болница. Цел персонал подзастануваше да го ѕирне оти беше мнооогу бело и без косичка (уште е таков). Три дена во болница не спиев, само го гледав и си плачев од среќа и не можев да поверувам дека е мое и дека кога ќе си одам дома ќе си го земам со себе
Нај нај нај емотивниот миг од цел пораѓај ми е, во момент се заборавам и целата сто посто се насочувам на тоа мало злато, набрзина шарам со очите и гледам дали се е во ред, се трудам да го/ја запамтам цел/а, нормално инстиктивно и одма ги бацувам на главчето За второто одма почнав и да прашувам дали е се во ред, мала лие/голема, уста не затворив. А за првото збунка, го гледав, гледав, бацував, солзи радосници....
Кога ми го донесоа не ми се веруваше дека е мој,дека јас го донесов на свет цел завиткан како сардина со образи најубави буцкасти и очи јапонски на тато,знаев дека е наш не го смешале сигурно го земав едно 10 мин.го гледав само и после го бакнав на чело и му кажав ти си моето НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО љубов за која не верував дека постои се додека не те видов...уууууфф и некоја солза си пуштив
Не се заборава чувството на олеснување кога ќе излезе бебето. Од што бев преплавена со тоа чувство дури и не му го слушнав плачот на моето синче но веднаш ја кренав главата и видов како му ја сечат папочната врвца, а потоа бабицата ми го подаде и ми рече: ‚Еве ти го бебето‘ а јас само го погалив по главчето и го однесоа. Следната средба ни беше по точно 24 часа, и од тогаш три дена освен МИЛО МОЕ не му кажував ништо друго. Незаборавно и прекрасно чувство, денот кога го родив мојот ангел беше најубавиот ден во мојот живот.
Првиот пат одма се наведнав за да го видам. Преташе и не пушти ни глас. Му ја пресекоа папочната врвца, па го однесоа да го средат. После тоа го донесоа и цело време го слушав како гуга. Вториот пат беше исто како и првиот пат, само што бебето цело време плачеше. И првиот и вториот пат бебињата ми ги донесоа наредниот ден.
Прво да кажам дека кога за првпат останав бремена, имав симнато и гледав еден документарец од Дискавери каде се следи бременоста на повеќе жени, и завршува со нивните породувања. Кога го гледав моментот на породување ми беше толку емотивно, тие плачеа, плачев и јас, и мислев дека кога ќе се породам и ќе си го видам детето ќе рикам ко магарица Со првото дете имав болки 11 саати, на крај мислев дека телото ми се цепи на пола, бев скроз отворена ама ме тераа да се шетам по ходник зошто не беше спуштено.. Цело време се молев што поскоро да заврши оваа агонија, и кога ме качија на бокс бев пресреќна. На бокс се беше брзо, со неколку напнувања си го родив синот, и кога излезе само се подигнав да видам дали мрда, видов дека се е ОК и легнав и си реков во себе - фала ти боже што се заврши. Ми рекоа честито син, јас фала и толку - не беше воопшто како што си замислував дека ќе биде тој момент. Во соба ме однесоа по 2 саати и тогаш за првпат ми го донесоа, така замотан како кифла. Кога му го видов лиценцето, маж ми во мини верзија едно убаво бебе со бело, чисто лице, без веѓи, без трепки и само мовче на главата. Да не му беа отечени капаците воопшто неможеше да се познае дека само што се родило.. Тој ден некако и не бев свесна што се случи, дојде сопругот да ме посети, па мајка ми, па на сопругот родителите, ми помина денот набрзина.. Следниот ден сабајлето кога дојде првата визита, не разбудија и го прегледаа бебето и ми рекоа - мајка малку ладно му било, ладни му се рацете, стави го до тебе да се стопли. Го легнаа до мене, го фатив за рачињата, а тоа малку ги подотвори отечените капаци и погледна накај мене, и во тој момент сфатив дека станав мајка, дека ова бебе е мое и дека зависи од мене.. Кога почнав да плачам од среќа, и цел ден кога ќе го погледнев си плачев, среќа што бев сама во соба Со второто дете, пошто веќе со искуство воопшто не се замарав за породувањето.. Ми пукна водењакот имав многу слаби болки, ми ставија провокација и за 2 саати веќе почнав да добивам напони за породување, ме качија на бокс, таму некако се утепав од напнување, и докторов ми стискаше на стомакот ама бебево не беше баш убаво наместено, а и излезе со папочната врца еднаш околу врат.. Кога го родив повторно ми дојде нагон да се подигнам да го видам дали мрда ама ми рекоа само - лежи ќе ти го покажеме.. Го слушнав како плаче, го средија го избришаа, ме прашаа дали сакам да го ставам на града, го ставија на мене ама тоа плачеше не сакаше да ја фати градата, па го однесоа.. И повторно вистинската прва средба беше по 2 саати кога ми го донесоа во соба цело замотано, и првата реакција кога го видов беше - Аууу какво си грдо Целото беше уште модро/црвено, на челото и на брадата имаше мнооогу модри подливи, испукани капилари, на лицето имаше неколку акни, капаците на очите отечени и црвени како воспалени, на косата лушпи.. И некако многу слабо беше иако се роди 3,400 како коски и кожа беше.. Со сопругот кога се чув на телефон, ме прашува тој на кого личи, му викам којзнае, ова грдо излезе И ми беше многу чудно зошто првото дете ми беше ептен убаво уште веднаш по породувањето.. Ама факт е дека сите бебиња не се раѓаат убави, иако на нас мајките ни се најубави де нели затоа моево грдо пајче бргу се исчисти, и сега имам едно многу симпатично маженце.. Туку со мене во соба беше една мајка која се породила претходниот ден, и таа по неколку пати се слушаше со сопругот и цело време му повторуваше - знаеш ли колку е убаво, знаеш ли.. И неможев тогаш да не си помислам - ех што ти е мајка
Najprvo koga se rodi mi go stavija odma do liceto da go osetam, bese toplo i meko.od toj moment pa narednite 2 nedeli go nemav videno, ja izgubiv i prvicnata slika kako izgleda, pa na narednata sredba veke tolku placev sto niz solzite pak edvaj mu go vidov likot, no koga pominaa tie momenti samo mu se voshituvav
Ах, каков момент. Еве после 3 и пол месеци, уште се топам на сеќавањето. Искрено, тој момент ми е најмагичниот момент во целиот мој живот. Јас бев една страшно многу саркастична трудница, дури и така крута да речам... Ама од камен да си, тој момент го доживуваш најемотивно од се. Да, бев трудна 9 месеци. Дете мрдаше. Го гледавме на ехо (никогаш на 4д), и знаев дека сум трудна, ама ич не знаев што значи тоа. Кога дојде моментот на породувањето, бев пресреќна. После ден и пол со провокации, спиналната ми дојде како олеснување... И си реков - "еве. Тоа е тоа. Цело време бев паника од моментот на породување, особено со надминат термин, ама еве го. Нема бегање. Одиме со сечење. Хммм. Јас на операција. Јас, што најстрашно нешто што ми се случило е поправање на кариес на заб. Јас седам и ми го распаруваат мевот. Е ајде де. Не сум прва. Боже колку сум храбра. Како учениче сум послушно. Тоа е тоа. Да не се лигавиме, мора да помине. Леле! Стварно ли ќе видам дете што ми е во стомак...? Лелееее... Имам бебе во стомакот бе!!! Ах... И да видам баш што дете ќе е. Како ли ќе изгледа. Дали ќе е се во ред... Каков лик ли ќе има... Каков глас... Ќе заплаче ли? Чии прстиња ќе ги има... Дали долги како на сопругот, или ќебапи како моите... Ајде дете. Дојде денот. Јас збунета. Ти збунето. Ќе се сретнеме. Па ќе видиме што понатаму... ќе го видиш и татко ти. Ќе не видиш двајцата! Лелееее... Ќе имаме дете!" Дојде време кога сестрата ми соопшти дека ќе осетам како влечење и да се спремам бидејќи ќе се сретнам со бебето за 1 мин... Кога рекоа "ете ја"... Се пресеков. Заплака, ама повеќе како ќенкање некое... Ах, чекав и чекав. Ја ставија во креветчето и ја прегледуваа... се свртев со погледот одма! Бебе! Видов легнато бебе! Лелеее.. Стварно ене ми го бебето! Што ли му е со ушите.... Лелееее боже колку грозно увце... немаме ние такви уши! Ај ќе ја видам после. Мајка ми е ушен лекар, ќе се најде чаре. Седев и ми течеа солзи... после две минути ми ја донесоа на лице. Не плачеше, ама имаше некоја жална фаца. Замижани очи. Како да знаеше дека треба да верува на допир и мириси... Јас безшумно рикав. Како секое емотивно но примерно учениче. Само дишев длабоко додека ми течеа солзи од страна на очите. Не сликаа. Ми ја стави раката на окото. Си помислив "причекај мама, причекај да ми го спојат мевот, да ми ги одврзат рацете, па ќе те изгушкам. Сега сме на час. Мора да ги слушаме докторите. А нежностите ќе си ги резервираме кога ќе сме сами". Ја однесоа. Додека ме средуваа, саат и кусур, лежев, длабоко дишев, и ми течеа солзи. Си мислев дали сум добра мајка што одма заборавив како изгледа... Си мислев како изреагирал сопругот кога ја видел... Си мислев како поминаа сите прегледи, како се заврши целата оваа приказна. Си реков кога ли помина... Како и да е, си реков детето ми е тука, кај и да е ќе се гушкаме. После операцијата бев саат и пол на интензивна, каде што цело време дишев длабоко и бликав од среќа. На крај, попладнето ја донесоа во собата. Видов дека ушите и се супер (после од слики видов дека имала од плодовата вода како парченца во увото). Се гушкавме тројцата. Јас бев во екстаза. Можеби и од терапијата, ама сепак бев пресреќна! Од тогаш сум друг човек. Толку мек, што ми е срам да се отворам пред блиските... Не знам дали се хормони, или детево ми отвори нови емотивни хоризонти кои сум била неспособна да ги восприемам. Не знам дали на сите им е така. Ако да, на сите им ја посакувам оваа шарена радост во животот!!!
Vekje stignata 42ra nedela i sekoj den nerviranje sto e rabotava bebevo nesaka da iskaca, na 12ti April za veligden mu tekna Posle 9h macenje, konecno na gradite mi stavija malo debelo bebe od 4400, a site procenuvaa deka kje bide 3500... Dali e adrenalin, vozbuda ama teloto mi se otsece od mene mislam vo toj moment, kako da ne bese moe, bolka ne osekjav... i pocnav da placam i jas zaedno so nego hihi Doktorot me prasa dali moze da go zeme, abe ne mi se davase uste odma