Мене ми го дадоа само да го бакнам и го ставија зад мене за да го вагаат и исчистат и дури лежев 2 часа вратот го искршив да го гледам ама покриено беше и едно време успеа да ги извади рачињата и си играше со долгите прстиња .Потоа в соба кога ми го донесоа цела вечер око не склопив си го гледав кај шо спие и одвреме навреме ги отвараше очињата и се смешкаше како да разбира и некаде во зорите си го фатив за раче и заспав
Прво почувствував огромно олеснување кога излезе и почна да вришти...па бев некако шокирана. Не ми се веруваше што се случува Ми дадоа да ја бакнам па ја земаа за преглед ,следно ја видов наредниот ден 2 минути ,пред да ја испратат на детска клиника. Потоа 13 дена паника , неизвесност,слушање за нејзината состојба само по телефон И олеснување ,спремна е за дома ,утре дојдете да ја земете ,среќата неизмерна
Имав пишано во друга тема. Ми го покажаа, а јас се пуштив да го бакнам. Ми го земаа потоа, и ме однесоа во шок соба. Таму ме праша анестезиологот дали да ми даде нешто за спиење, не сакав, мислев бебе да видам. Зажалив. 5 часа таму лежев ништо не видов. Потоа во соба пак ме праша докторка дали да ми дадат нешто за спиење, пак одбив, чекав некој да ме посети и бебе да видам. Пак ништо, цела ноќ болки трпев наместо да спијам. Утредента ми го донесоа, и наместо да се радувам на бебе имав солзи, ми беше претешко..Ехх лошо.. Ај тоа ќе се заборави, мило ми е што е се зад мене.
Ух... Каков момент Прво нешто кое го запознав беше плачот додека ме шиеја, лепеа или што и да правеа. Добро е, си реков, плаче и се испорасплакав и јас. Откако тука го прегледаа и го завиткаа, го доближаа да го бакнам, а една од сестрите нè сликаше. Мислам дека нема ден, а да не си ги гледам тие слики и да си приплакувам кога ги вртам. Толку беше розев и малечок, со полно и прекрасно усте, замижан и прекрасен. Потоа ми го донесоа во соба, си поспа до мене во креветчето, а јас го гледав и не знаев како да станам и да го допрам. Ќе прави една година кај и да е, а мене не ми се верува дека помина толку време, како вчера да беше кога ми го доближаа да го бакнам најубавото бебе на цел свет, мојот сон и свет, моето јуначе за кое вредеше сè
Криво ми е што немав такво автоматско чувство на љубов и олеснување како сите вие. Јас прв пат го видов кога ме разбудија после царски, но тоа ми е ко низ магла. После кога ми го донесоа во соба бев чудна, збунета, ми беше и мило и чудно што јас и маж ми сме створиле нов живот, едно прекрасно суштество, му ја гледав секоја црта на лицето, но он постојано беше гладен и вриштеше, јас немав капка млеко и бев ужасно изморена. Се осеќав ужасно, како немајка, мислев дека не сум нормална. После си дојде се на место.
Последните пола саат до 15 минути од пораѓај не ги памтам баш најдобро, не бев целосно при свест. Ја извадија со вакум, поради преголемите болки осетив само ноџињата како млитаво излегоа. Од вадење ми ја ставија на долниот дел од абдоменот, не ја ни видов, од несвестица не можев да гледам. Но ја почуствував, не ми се веруваше дека ја држам. Беше лизгава, а јас немав воопшто сила, па реков: "земете ја, ќе ми падне". Некој од многуте луѓе таму дофрли "ти битно си заврши работа, а за неа ти е гајле". Нешто што многу ме погоди и до крај на живот ќе памтам. Уште тогаш не бев при свест, но отворив очи едно време и ја видов спроти мене на вага, покриена, мафташе со рачињата и ноџињата и плачеше. И' зборував во полусвест "Ланаааа, мама е тукааа". Потоа ја земаа, а јас си се вратив назад у несвест. Прв пат кога вистински ја видов од блиску беше во соба, ми ја донесоа наредниот ден. Цел ден кога ќе слушнев како некој влегува во соба, се надевав дека ја носат. Па конечно, еднаш ја донесоа, висеше како кифла речиси под мишката на сестрата. Додека да ја спушти во нејзиното креветче, сестрата ми рече дека само што ја нахраниле, по пат до собата се изнаповратила, па поради тоа нема да ја остави. Кога и' го видов конечно лиценцето прва помисла ми беше "леле колку е убава". Неописливо чувство. Ја погалив по главчето и рачето, си помислив колку е мека. И сестрата ја зема, буквално само 10 секунди имав прилика да ја видам. 10 секунди што засекогаш ќе ги памтам.
Порагајот беше брз и лесен па кога ја слушнав да плаче не ми се веруваше дека е готово и дека е тоа мојата мала принцеза. Бев комплетно свесна и дури и се подигнав кога го слушнав педијатарот прекрасно здраво бело како снег средно бебе.. само ја избришаа измерија и одма ми ја дадоа. Си лежевме заедно на боксот,им го подадов телефонот и им реков само сликајте ме...имам толку многу слики болничарот уживаше да слика изгледа. После кратко време ме прашаа да ја земеме ли? Реков не,нека ја тука не можев да и се изнагледам знам само дека повторував 'совршена е'. Не можев да верувам дека тоа е моето бебе кое до пред кратко време си мрдаше кај мене во меше а сега е во моите прегратки непроценливо чувство. После можеби пола саат истото прашање да ја земеме ли .. немојте ве молам им реков па ја оставија со мене. Еден момент се смеев и и зборував следниот плачев па се јавив и кај таткото да го известам дека на свет дојде нашето бебе. Совршена е му реков, знам дека го повторував само тоа.. ја земаа морале ми рекоа а мене за кратко ме симнаа во соба а таму веќе беше и маж ми, бебето ни го донесоа за кратко и тогаш целата слика беше комплетна не знам кој беше по срекен,по збунет и кој повеќе плачеше од нас двајца.. дојде оделенската сестра и рече ајде да цицаме сега и ми ја стави на града а ова влечеше со невидена сила ... Целиот живот ми доби смисла
Кога го извадија само ми го покажаа на секунда и го однесоа. Памтам само дека беше целиот повиткан во бело. Ми го донесоа дури наредниот ден. Ја го гледам збунето, тој ме гледа збунето и така се гледавме некое време. Уште не бев свесна шо сѐ нѐ чека.
Само што се слизна од мене, се исправив да ја видам. Микросекунда само ѕирнав.. не ни видов 'бебе' во тој сплет од месо и крв.. Ме легнаа докторите. Не смеело да се исправам. Ваљда да не искрварам, или така нешто... Ја забришаа, ми ја раскопчаа спавачата и ми ја ставија на гради. “Леле колку е мааалоооо“ - тоа ми беше првата реченица која ја изустив.
Моментот кога и го слушнав плачот ми потекоа солзи, ми ја ставија на гради, мм до мене ме држи за рака, на двајцата ни течат солзи, таа легната врз мене, нежна, мала, совршена наша, тој ме држи за глава и вели колку не сака, јас во тој момент само си повторував, Фала ти Господе за оваа чудо. Анестезиологот ме гледа и упорно прашува да не ме боли нешто дека не престанував да плачамНикогаш нема да го заборавам тој момент на најголемо совршенство! Најголема привилегија и чест на нас жените да ствараме свет! Горда бев со себе, со мајка ми, сестра ми а и со секоја една мајка!
Непроценливо чувство. Само што се породив заплака такво олеснување сум почувствувала и одма ми го ставија на стомак, го гушнав со рацете и кренав само глава да го видам сега ми е сликата пред очи. Потоа акушерката го зеде ми го покажа уште еднаш и го ставија за да го средат. Откако ме сошија ми го легнаа до мене на бокс се гушкавме може половина час. Во тој момент не можев да му се изнагледам а и толку бев горда што е жив и здрав.
Дефинитивно најубавиот момент! Момент во кој се осеќав гордо и привилегирано што сум жена! Прелесен и пребрз пораѓај имав. Не осетив кога излезе од мене пошто имав анестезија. Си туркам јас така и во еден момент акушерката вика ајдееее честото мајка. Ја у шок, што бе викам готово ли? и само слушам waaaaa waaaaaa . Ја кренаа да ја видам и коа реков се смеам и плачам во исто време. Прво нешто што кажав викам лелееее тоа моето бебе ли е?! и од тогаш почнав да зборам и уста не затворив . И викав мамичка леле колку си убава, мама тука е, абе ќе те изедам. И одма следеше ајде на тато да се јавиме, уште така на бокс, ни плацента извадена ни ништо одма на тато. Па на мајка ми и се јавив. Ама никогаш нема заборавам кога ја допреа до мене, па тоа едно вруќо обравче едно меко мммм . Ме испосликаа и не разделија, јас у соба она на прегледи. За брзо ми ја донесоа и само ја гледав и бацував Леле и сега се испорасплакав
Првата средба не ни беше баш добра, ама за кратко се среди се. Штом се роди не плачеше, одма го земаа педијатрите на другиот крај од собата и пробуваа да го вратат, да диши нормално. За некоја минута се расплачи. Тоа беа најдолгите минути во мојот живот, не бев свесна што се случува. Почна да плачи, ми го дадоа сосем кратко, малце на гради и го земаа. Ми кажаа дека ќе е под надзор 24 часа и го видов само еднаш сосем кратко, ама не смеев да го допирам. Наредно утро ми го донесоа во соба, се гушкавме. Толку многу плачев, секакви мисли ми поминаа низ главата. Толку беше нежен, минијатурен, како ме гледаше, душата ми се топеше Знаев дека тој е најдоброто нешто што ми се случило во животот
Леле мамички ме расплакавте, мене ми е уште рано тек здравје во Мај ама осеќам дека ќе бидат големи плачки, ме сѕм во глобала плачка, ама мислам дека тогаш нема да можат да ме смират, многу ме разнежнивте да ви се живи и здрави малите буцковци ❤❤❤