првата цигара ја запалив кога завршив 8мо одд. зошто сите пушеа па ајде и јас... незнаев да ги вдишувам -нормално, па после на почеток на прва се научив и се фолирав нешто до 3та средно па после една крична вечер од премногу алкохол и цигари престанав да пушам. после во текот на 4та средно знаев да запалам по некоја цигара на прослава ама тоа беше одвратно чувство доволно да ме натера повеќе да не запалам и ете сеа сум горд непушач
На 13 год Од чиста радозналост Си отидоа гости откај нас,и сотавија кутија цигари Се качив на другиот кат од куќата да испробам скришно Потоа си почнав само со кафенце,за да сега со мама заедно си пушиме цигарче со кафенце и муабет...
Хахаха...3-то одделение..татко ми ми даде..јас му побарав едно димче и тој ми даде..и после земав едно цигаре, пошо беше на одмор во хотел, и немав каде и реков кидам до продавница, и се сокрив во едни грмушки..
Прилично мала бев, всушност не паметам точно кога, штета. Но сакав да си ја ставам зад уво пред да ја ставам во уста, бидејќи ми изгледаше интересно да правам што и другите, ама на крај си ја џвакав ок ја вртев од една страна на друга дур да го снема тој благиот вкус ццц А, иначе оние што димат-димат ама вистински димат, никогаш до сега.
Бев седмо одд. седевме во парк сите собрани цело маало и тие така поголмеките запалија цигаре и јас од тука кентре некое и јас сака да пробам и залета се првио дим го зема и после кашлање како незнам што да сам пробала после тоа не пушеше се до 1 год гимназија излавање, сите пушеа од друштвово, кафе , мафе, и така...уште пушам ама само у МК на големо оти се ефтини цигарите а у Германија со една пакла 5 дена 5евра пакла Да можам да го откажам ама те нешто тешко иде.....Ај можеби ке биде коа ке сам трудна , така си се тешам
Денес,поточно пред малку. Бев малку љубопитна и мама спиеше а цигарите ги оставила на маса во дневна и јас зедов едно.Незнам да вдишувам правилно,ај лајк ит на некој начин
На 18 години. Не фураше некој филм мене и другарка ми и си купивме една кутија цигари ама не ме влечи многу многу. Немам вишок пари за нив Инаку купивме Сан Слимс
Првата цигара - на гости во Велес, во еден кафиќ со братучетките, две од нив пушеа и ајде и другиве да пробаме, чисто од радозналост. Јас најмала, прва се заџапав за цигарата, ама пуста јас нит‘ знам како се држи цигара нит‘ знам да вовлечам дим. И така ја држам цигарата в уста, вовлекувам дим и мислам дека отиде пола цигарта уште и ќута, димот да не излезе и по три секунди кога почнав да кашлав, кој резил беше цел кафиќ да зјапа во мене, а мене ми излегуваш чад дури од ушите . Тоа беше првиот дим. А цела цигара сега во осмо, ама веќе бев по ‘искусна‘.
првата цигара ја испушив во осмо одделение, после цела година не пушев.Одкога се запишав во средно запалив пак ко на шала со другарките со кафе и од тогаш не престанав,а очајно сакам да се откажам
ехх колку посакувам да не се случеше тоа ама јбг.. првата цигара со друштво нормално и шознам ми беше интересно и така на своја глава си навлеков 100 проблеми бидејќи неможам да го откажам
Првата цигара ја запалив на 13 години.. Мајка ми и татко ми не сакаа да ме земат на гости со нив и си ги заборавија цигарите дома. И БинГоооо!! хаха ..!! ) Веднаш им се фрилв.. потоа продолжив да пушам.. односно да ги пафкам.. до 8одд првото полугодие.. потоа престнав и тоа траеше до септември минатата година.. ) Тргнавме на училиште друштвото ми се погодии. Сите пушачи.. и почнав и јас пак.. ) 9 месеци сум пушач.. но ми се гади веќе.. пушам само од навика .. ://
Првата цигара ја запалив на 15 години и чуството беше никакво .. после тоа имало уште неколку пати но,не пушам и нема ни да пушам!
Никогаш не сум пробала, не ни планирав да пробам.. Ама летово можда ќе повлечам некое димче. Онака од радозналост
со мајка ми на тераса бев само 13години (моите ништо не ми забрануваа имам кул родители) а денес не пушам цигари...беше тоа само еднаш и толку
Првата цигара, поточно првиот дим ми беше на 14 години. Онака имав желба да побам што како е, па сама си земав една цигара од кај татко ми си се бутнав у подрум и си пробав Ама од тогаш не сум земала цигара во рака пошто ич не ми се свиѓаше, а и сеуште си стојам на тоа дека во нив нема ама баш ништо привлечно.
Многу, многу мала. Не бев ни во училиште тргната. Не знаев што се цигарите, а гледав дека татко ми цело време го прави тоа и ми изгледаше интересно па начекав момент кога мајка ми е во спална и пегла, татко ми нешто работеше на компјутер исто, сестра ми не беше дома, а цигарата беше запалена и оставена во пепелник. Пријдов ја пикнав во уста и одма ја извадив. Багабонт! Не е тоа пушење, ама си го рачунам како првиот контакт со цигара, кога не е пасивно.