Хммм...па во 3та средно и тоа по моја желба, едноставно сакав да знам како е чувството Заедно со другарка ми почнавме онака активно, а како за почеток пафкав пошо не знаев правилно како треба, па она ми кажа кога ќе земам дим да речам иииии тато и така се научив. Пушев едно 2 ипол години, прекинав кога почнав на факс Сепак не ми ни требаат повеќе цигарите пошо не чувствувам потреба од нив, не ми е зависен организмот и така тоа
Cigari-glupost izmislena od prostite indijanci,a prifatena od uste poglupavite evropejci.Eeeej,svesno davas pari za da si go zagrozis svoeto zdravje,demek si shizik ako pusis,pa posle koga ke crknat od kancerce na grloto cacko im e kriv.Pusaci,napravete samo ekonomska presmetka kolku godisno pari davate za cigari-koj kako,ama eden dobar odmor so ful pansion sigurno go gorite vo vasite gradi.Epa neka vi e na zdravje pusenjeto,bidete cool i moderni.
А мене уште не ми е јасно како не ви здосади да солите памет вакви теми. Темата гласи „Првата цигара?“, и ако не си ја запалила никогаш, потапшај си се по рамо и биди најгорда на цел свет (и треба да бидеш), ама не дели правда беспотребно. Точно е дека скоро без исклучок првата цигара се пали од љубопитност, ама ако со твои 36 години веруваш дека пушачите пушат „ради фраерлук“, можам слободно да кажам дека не си научила баш многу. Се сложувам дека е една од најгнасните навики, ама имате милион теми на кои плукате по пушачите, што и оправдувам. Ама иритира кога плукате кај стигнете! На темава: мојата прва цигара беше во осмо одделение. Пуста радозналост, тргнав дим и не ми се допадна. Не ставив цигара во уста наредните две години, и од трета средно ми влезе чивијата и почнав.
Првиот контакт со циграра имав кога бев 12 години 6 одд лето беше и со другарите до малата си купивме 3 пакети цигари за сите по една и пробавме јас се изнакашлав и од тогаш немам пробано а и не сакам ми смета поради синусите
Летово.Другарки мои од радозналост си купија цела кутија некои лоши ефтини цигари и јас земав еден дим и ќе се задавев хаха почнав да кашлам и ја баталив цигарата. После енколку дена пробав уште еден дим и толку ми беше , ич не ми се свиѓа.
Не сум запалила никогаш, ниту пак имам намера. Имам земено само дим од другрка на што се докажа дека сум непушач. Едноставно не можам да ги поднесам.
не пушам редовно ама си палам по некоја на излегување со кафе со другарки или со сестрами а првата цигара ја пробав некаде мислам ја 7 или 8 одд
Првата цигара у осмно ми беше запалена и тоа во школското вц хахаха.. Онака беше од зезанција.. незнам зашо како све спонтано излезе да видиме како е ау .. и така После само за викенди .. После почнавме редовно у школското вц па и во соблекувални хахаха... И после веке немаше крај .. си теравме гајле си немавме и уште си тераме и не ни мислам да ги оставам !
Одамна беше, осново 6-7 одделение отприлика. Запалив, вовлеков, се закашлав и ја џитнав преку ограда и толку беше од пушењето. Демонстративно бев против цигарите до прва средно, кога почна она ај димче, ај две, ај дај цигара... Прва и втора така на пафкање за викенди ги терав или уште поретко... Во трета почнавме да си купуваме заеднички кутии со другарките, тие продолжија и во четврта, а јас се откажав, т.е. повторно само рекреативно пушев. На факултет со колешки пак беше она, ај дим, ај две, ај цела...Несакав намерно да почнам да си купувам зошто толку е, и се гребев, па почна срам да ме фаќа и се здруживме со Петко. Тој ко Турчин, и низ газот ги чади па така почнав активно да пушам и да си купувам и тоа
Хммм првата, најпрвата со другарка ми кај мене на тераса. Партнер цигара крадена од татко и.... Ма ме посортучи таа, ама тогаш само ги пафкавме, детишта што сме разбирале. Првата вистински испушена цигара во мед.интернат во ск при крај на прво полугодие од прва година. Е од таа цигара па до ден денес немам прекинато со пушење, освен кога бев бремена и доев. Сепак примерна сум си ја, една кутија 5 дена. Ебате пушачо ко ке речам
До трето тромесечје на втора година бев страстен уништувач на пушачките соништа Душата му ја вадев на секој кој ќе го видев со цигара ,му се дерев ,му ја гаснев ,ма не знам ! Е после ,и мене ми дојде редот . Знам дека беше за Прочка ,јас од рани зори појдена кај една другарка да и објаснувам за тестот по англиски ,и сестрава можи 5 саати се тупеше со две помочани времиња ,никако не и влегуваа во главата! Ме изнервира до максимум ...и и побарав цигара ,онака ладно ,ко пушач со стаж Ми се изнасмеа в лице ,ми даде една и в уста ми се пулеше онака благо озабена ,ко да ме набљудување дали правам грешки некаде Тој ден смачкав цела кутија ,убаво ,навнатре ,од сам почеток , ама мене рефлексот за пушење ми бил природно развиен бреее После си купував на парче ,преку еден ден ,неколку месеци ,па во летото почнав кутии ...добро ,една ја пушев за 4 дена (ако не ги сметам изгребаните )...па постепено стигнав до цела кутија и држам на тоа ниво .
Првата цигара во 5 одд, само од радозналост Ја украдов од татко ми скришно. А потоа, цел ден на тоа мислев и ги миев забите. Бљак. Воопшто не ми се допадна, незнам зошто. Сега не сум ни пробала, но не сакам ни да пробам. Не сакам да станам зависник од цигари и сл.
Првата цигара, прва година гимназија, на распустот. Со една другарка, на -50 скриени зад еден магацин- пушиме ли,пушиме! Се отепав од кашлање,ама битно се научив. Со Родео тврдо почнав ееј, а сега неможам да ги смислам ....и така,одтогаш, 5 години по ред, пушач си сум,мака немам....
хаха темава ама ми се погоди... баш пред некој ден онка ми текна нешто и викам ај да пробам и јас шо чудо е ова, најдов дома една случајно незнам од каде залитала по шо дома никој не пуши. и ја палам си велам цела ке ја испушам нема да ја оставам да видам со ќе биде и ја испушив .... леле кога почна да ме боли стомак да ми се врти в глава да ми се гадии и си реков ,,НИКОГАШ ВЕЌЕ НИКОГАШ НЕ СТАВА ТАКВО С***Е В УСТА"
Мала бев, не ми текнува мислам 10 или 11 години. Мајка ми пушеше цигара на тераса ии заѕвони телефонот и стана да се јави она ко што збори по 5 саати се мислев дали да пробам и пробав се утепав од кашлање и си реков више никад. И сега имам 15 години со памет у глава и не планирам цирага у уста
Хехехе, мене слично како тебе ми се случи кога ја запалив првата цигара Ми се вртеше во глава и тоа повеќе пати, не само од првата цигара туку и од другите, пошо многу пати во школо на одмори ја пушевме на брзинка и затоа, таква се качувам по скали и шантрам како пијана