Првата цигара - копиљ, патуљак, не знаев сама ни да се бањам. Околу 6-7 години. И не беше цигара, димчиња беа. Со братучед ми ги украдовме цигарите на мајка ми, се затворивме во кујна и правевме сиви меурчиња, со bubble maker ама оние помалите, приступачни за тука во деведесетите, македонско име и не ми текнува баш, а и не сум запознаена ако постои. На него му текна, тој 6 години постар од мене си ги имаше идеите, а јас се радував ко Америка да ми ја открил. И таква си шмукав од цигарчето си дував во тоа таквото и искачаа сиви меурчиња, живи радости, па ги стававме на маса и ги пукавме. Не ни ја вдишав цигарата, не ни знаев како се прави тоа, само после ми беше гадно во устата па си лапнав едно пакетче хуба буба. Ехх хуба буба Сакам пак Инаку јас и цигарите не се сакаме многу, иако ме фаќа страшна желба и ми се допаѓа некогаш одвратниот мирис коа моиве ко Турци чурат по дома, си имам проблем со здравјето и треба да сум тотален идиот да пушам и да се дозаебам.
Jaс првата цигара ја запалив со другарка ми кај мене на тараса во 6 за 7.(Сан-Слимс). Од тогаш другарка м и пуши. По дознавањето дека јас пушам сите останати другарки ми цркаа зошто сум пушела вака нака.. по 2 години не пушње. Другарките почнаа да пушат во 8/1ва година. А јас почнав повторно во 1ва за 2 ра од тогаш редовно си пушам Сан Слимс. ПС Моментално си запалив цигара со Кафенце нес.
Ха ха ха нема појако,јас памтам дека бев негде 8мо мислам и украдив неколку цигари на мајка ми и демек со тогашниот да не речам дечко запаливме ама тој пушеше редовно ама јас не продолжив,почнав да пушам прва за втора кога бев на одмор со другарките,не дека тогаш пушев ги пафкав ама јако мии беше ха ха ха
Прв пат пробав цигара во 5то одд. една само и не ни ја пушев како шо треба онака ја пафкав само, со мојот комшија и воедно брат другар којшто ми е близок како брат, и после до 1ва средно не пушев ич, и 4 години после 1ва 2ра 3та и 4та средно пучев нонстоп секој ден по кутија и пол дневно, и сега сум за 2ра факс, од пред 1 година ги откажав и нема шанси пак да пушам, ме нервира самиот мирис и на нерви ми одат, сега дури се чудам како сум пушела некогаш толку долго и толку многу
првата цигара ја запалив осмо оделение на крајот од школската година седам така дома и се досадувам во мегувреме мисе јавува другарками и ми вика мајками отиде втора сменана работа,сестрами испадна досадно е ај дојди и отидов купив цигари бос братми пушеше такви па да не бидам сумлива и кај неа ја запалив првата цигара и тоа него сметам за пушење ги пафкав само после кога се запишав средно сите пушеа така и јас почнав денеска со кафе,утре со кафе и ми станаа навика.
На 8 години ! Крадев од баба ми кога ќе дојдеше кај нас на гости и се криев зад креветот и пушев! “Никој не ме гледаше, кришум пушев!“ А првата онака со вдушување цигара ја запалив на 15 години! И оттогаш до денес, не ја згаснав!
во прва средно ќе да беше... и тоа за атер од еден другар и онака пафкаф.... од тогаш навака немам запалено цигара, а фала Богу неам ни потреба, нити па ми стана навика
првата цигара...хмм денот кога наполнив 18 години...причина..хмм, пијано лудило тоа беа цигари сан слимс, до тогаш немав ниту димче земено, и вечерта на 18 роденден, отидов и си купив цела кутија...и кажав, ЈАС ОД ДЕНЕС ПУШАМ!!!!! (како божем кој знае што правам) и од тогаш, па се до денес (3 години) без ниту еден ден пауза пушам ко турчинка ххиихихиихих...а морам да напоменам дека пред тоа бев НАЈГОЛЕМИОТ МОЖЕН ПОБОРНИК ПРОТИВ ЦИГАРИТЕ...уште какви не постери лепев по дома...НЕ ПУШИ ОТИ МЕ ГУШИШ хииххихииххи
Никогаш во животот немам пробано ни дим!Строг противник сум на пушењето не дека сум некој спортист ама ете.
Добија моите кутија странски цигари на поклон и дека никој не пушеше седеа со денови во витрина без никој да ги пипне. Имав 5 години и почнав секој ден да крадам по една, да ја ставам незапалена во уста и пред огледало да се правам фраер. Нормално не ми падна на памет да ја запалам. Само ме тераше радозналост какво е чувството и еден ден надвор пред зграда му се пофалив на најдоброто другарче дека имам цигари и дали сака да пробаме. Сакаше ама му реков ај прво ти па после јас. Запали другаров и почна да кашла како луд. Го прашав убаво ли е и овој едвај низ солзи ми рече одвратно е. Тоа ми беше прва и последна (не)запалена цигара во живот .
Мојата прва цигара никогаш нема да биде пробана...мислам ќе се угушам од такво го*но, додека го мирисам од некој во моја близина, а не да го внесувам во мене, уф.. Многу ме иритираат цигарите и пушачите, без навреди, не дискриминирам никој!
Мојата прва цигара,беше летово,сега сум 7 за 8,ја запалив кога бев на одмор со сестрами и другарките,ми беше глупо ништо да не правам,бидејќи сите или пушат или пијат,или ги прават и двете работи а јас не пијам бидејќи ми се гади од алкохолот и решив да запалам цигара,се гребев од една другарка и потоа си купив кутија и првите неколку дена ги пафкав но последните почнав да ги вовлекувам и убаво ми беше,онака интересно ми дојде,но сестрами бидејќи е поголема ми кажа дека кога ќе се вратиме несмееам да пушам бидејќи сепак ќе ме приметат и моите и ми е страв,многу ми се пуши но се воздржувам некако,па ќе си чекам да си потпораснаm за да почнам да пушам
1 година средно некаде при крајот и тоа само поради друштвото со кое бев.значи поголем дел од нив веќе пушеја а јас пробав само од радозналост, па еве сега сум редовен пушач,иако подобро би било кога не би била
Првата цигара ја запалив лани, при крај на август. Си реков ајде ради забава ама за жал, а и за моја штета, пушач се сторив.
Не сум пробала цигара и мислам дека тоа нема никогаш да се случи. Но како се вели: Никогаш не вели никогаш. И мајка ми го викала ова, па кога тргнала на работа подлегнала под влијанието на колешките и на 3тата смена, па до ден денес си пуши.
Прва беше и последна остана. Бевме на село кај братучед од мајка ми и таму со братучеда ми најдовме кутија цигари и запаливме една. Тргнав еден дим и се закашлав и на тоа остана. Оттогаш ни сум запалила ни сум помислила да запалам. Имав отприлика 8-9 години xD