Првата цигара ја запалив, на 14 години со една другарка бевме сами кај мене дома и многу ми се вртеше бидејки веднаш го повлеков, димот до крај но после тоа немав гајле пушам веке 2,5 години.
Првата цигара ми беше на почетокот од 1ва год, под влијание на другарка,уште првиот дим го вдишав и незнаев кј терам од кашлање..и после то не пробав зошто неможев да си го поднесам здивот и миризбата на алиштата само од еден дим,а од повеќе да не правам муабет
Првата цигара ја запалив крајот на прва година средно, јас побарав од еден другар да тргнам....после си купив пакета "само" за викендот, па после само до среда....и така си продолжив интензивно да пушам.
Уште како дете, на некои 12 год. и тоа од чиста љубопитност. Јас брат ми и уште една другарка, собравме пари и трк во продавница по цигари, и потоа правец во паркот во населба позади грмушки...ни беше интересно што има тооолку посебно во цигарите што големите пушат а нас ни викаат немој да сте пробале опашка ќе ви порасне. После ни се вртеше на сите ги фрливме цигарите и изџвакавме едно пакетче мастики за да не не намирисаат дома
Сеуште ја немам пробано првата цигара. А не ни планирам. Ќе речете- никогаш не вели никогаш. Но јас сум сигурна дека не сакам да пробам.
7мо/8мо одделение,со 2ца другари,на минус четернаес на кеј на Вардар,прстите не ги осеќав и групно се утепуевме од кашлање. Добри времиња.
Ќе ти кажам кај мене и татко ми и мајка ми пушеа сега направија две или три од кога не ги пушат.занеш како? кога ќе им се препушеше цигара TIC-TAC бонбонче од ментол и така
Иако веќе се изјаснив во една тема за цигарите дека не сум пушач сепак и јас си го имав моментот на првата цигара.. Се случи кога бев шесто одделение (Верувале или не, хихихих ).. Имавме час по физичко и друштвото што се дружев во основно беше кој од кој полудак даде предлог да одиме во недоградената сала веднаш до училиштето, да земеме цигари и да пушиме... Речено-сторено.. Отидовме, се наместивме во круг и испозапаливме цигарите ко да сме пушачи со години... Влечи, тегни, вдушувај, не вдишувај, поткашни малку, едвај ги допушивме... Радостии беа... хехехе ... деца бе
Првата цигара беше на мои 13-14 год. Со другарка ми како криминалци ноќно време се напикавме во една недоградена куќа-да не не' види некој, а со нас еден куп мастики и дезодоранс... После извршениот 'криминал' излеговме од куќата со став на опасни типки чиниш во мафија сме влегле... И одма поинаку се понашаш утредента, мислам сега си пушач, badass, и ништо не е како порано
Имам 15 години а многу сакам да пушам но сакам да почнам на 18,19 години бидејки ако мајка ми дознае кје ми сокрши
14, речиси 15 години. 8мо одделение, бубачките во глава, сакав светот да го променам, и ете земав една цигара, мислев од тоа се почнува, но наредниот ден сфатив дека се останало исто. Но љубовта сеуште трае.
Па неодамна за да направам една фотографија, и не беше цигара не можев да најдам во тој момент цигара и некоја пура од која ми се слоши енормно многу. Со другарка ми се видовме преку скајп и ми викаше што си толку жолта, ги викна и другите во соба да ми се смејат на мојот тен и крвави очи.
Осмо одделение, полуматура.Сите школски собрани во една соба и што ѓавол ме натера на тој саат да ти пробам, а до тогаш бев најголемиот противник за цигарите. Сега неможам без нив, моментално градите ни оџачар нема да може да ми ги исчисти
2ра средно,16 години.Со друштво као сите пушат ај и јас да пробам И не ми направи којзнае колкав мерак,не ме влечат ич.