Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првата цигара?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од 2468, 4 јуни 2010.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Во втора година мојата другарка купи цигари и ајде сега ќе се правиме нешто што не сме.... јас не сакав да тргнам навнатре и пафкав само :x :x :x :x катастрофа, потоа пробав уште неколку пати(пафкање)кога бев во депресија ама многу кашлав и од тогаш немам контакт со цигари :x
     
  2. MysteriousG

    MysteriousG Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    28
    Прв пат пробав цигаре на 16 години сега сум 18 и не пушам :D а пробав ? па незнам баш која беше причината љубопитност најверојатно :lol: :lol: :lol:
     
  3. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    Имам пробано мн мала 7одд братучетка ми која беше 2ра год ме натера и јас ајде да пробам.
    Само еден дим пробав и веднаш кашлање ...од тогаш па наваму не сум пробала,не ни планирам да пробам.
    Не ги поднесувам цигарите!!
    И не ни планирам да пропушувам ...тоа гомно во уста не го ставам :puke:
     
  4. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: :clap: :up:
     
  5. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Јас мојата прва цигара ја пробав ваљда у 4,или 5 тоо хахаха татко ми ме тераше коа ќе снема цигари иди докај дедо ти и нека ти ја запали и ја радознала паф паф по пат па да не му згасне случајно хахах..иначе почнав да пушам во осмо...
     
  6. Egypt

    Egypt Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    19
    Мојата беше минатово лето, не дека се каам али ај.. Инат терав малце према некои другарки, забележав дека пушење и пиење практикуваат чисто колку да се влегло во фазон Ејј види ме возрасна сум и бесна, праам што сакам. Како и да е.. еднаш и веќе никогаш.
     
  7. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    хахахахах лелее, беше тоа одамнаа мислам дека бев 2 или 3 одделение. Во куќата на дедо ми, останавме дома јас, братучед ми и братучедка ми. Ама братучед ми веке активен пушач од раните тинејџерски години. И си седиме само во соба, и тој си запали цигара и и понуди на братучедка ми, ама и јас побарав. И ми даде и само кога вовлеков тоа димот, кога почнав да се гушам едно трчање до кујна ко струја хахахах пиев вода и едвај дојдов при себе. хахахахахах дечурлана.
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Првата цигара ја пробав на 14 години.Но тоа всушност и не беше пушење туку повеќе глупирање.Ниту ја вовлекував,туку само онака :) .Но и покрај тоа што во неколку наврати имам пушено,никогаш тоа не ми станува навика.Едноставно не ми е никаква страст,ниту пак гледам нешто убаво во пушењето.Може чат-пат да запалам но тоа само во одредени прилики.
     
  9. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Бев голем противник на пушењето... првата цигара ја запалив дури на 18години и незнам како зошто итн. и почнав да пушам... па пред 3 год. пак ги баталив година ипол не запалив ич, и после пак почнав, до пред 5ипол месец. Сега пак сум непушач а и не ме влечи ништо за да запалам цигара.
     
  10. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    Штетни се тоа сите го знаеме,али кога ке се присетам си поминуваав супер тие денови со првата цигара,тоа беше на 18 години ,на надворешните школски скали,со моите најдобри другарки и сестрамми ,купивне најевтини цигари,заради џепарацот што ни беше мал тој ден, и знам беше априлска ноќ,смеа ,убави моменти,на тоа ме потсети првата цигара,палев некоја година и пол и потоа ги откажав,онака во еден ден,и сега е супер без цигари,веке 6 години не палам цигара,здравјето е најважно :!:
     
  11. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Оваа Нова Година. Голем противник сум на цигарите, но реков дека се ќе пробам во животов (that's quite a statement), и во таква полупијана состојба не беше тешко да ме убедат. Не е некоја голема философија и не ми прави некое големо задоволство, а испушив уште неколку за време на колоквиумска (повеќе како изговор за пауза отколку за задоволство/од навика :D).
     
  12. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Првата цигара ја запалив во прва година средно, али пола ја фрлив така да којзнае колку била прва :) Инаку сега не пушам, не сум ни пушела многу никогаш, сега па ги мразам многу цигарите и не би прошушела повторно :)
     
  13. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    До сега ни трага ни глас од неа, се надеваме така ќе продолжам. :)
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Wild.Woman

    Wild.Woman Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Мала сум сеуште, но јас ќе си го кажам моето мислење.
    Дефинитивно ги мразам цигарите, а посебно кога некој пуши во затворена просторија и целиот дим морам да го вдишувам. Јас во иднина воопшто несакам да допрам цигара, а камоли да пушам. Навистина ми се отвратни.
     
    На MaCa-J му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.305
    Пол:
    Женски
    многу одамна беше тоа :D
    7-8 одделение бев, со една другарка решивме да пробаме и многу бевме смешни по една испушена цигара, изнастававме парфем на себе и одма мастика во уста, како којзнае што да сме направиле ахах
    и сега чат-пат знам да запалам, онака според расположение..
     
  16. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Исто така и јас :) Немам запалено цигара.. а и ми пречи ако некој во близина пуши бедјќи веднаш очите ми се насолзуваат :D навистина е непријатно кога сум излезена некаде во кафиќ и сите пушат а мене очите ми солзаат хехех :) И да сум гооолем противник на цигарите, мислам дека тоа е труење на организмот по сопствена желба. Тие што сакаат да се откажат од цигарите имаат огромна подршка од мене. Поздрав
     
  17. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    4та на факултет rofl Среќа што љубовта кратко ни траеше, па ги баталив за година две :D
     
  18. Strawberry.6

    Strawberry.6 Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    10
    8мо одд. пробав ради љубопитност, 3-4 пати и сфатив дека немам никаква потреба од нив.
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.003
    Допаѓања:
    51.851
    Пол:
    Женски
    На 15 или 16 години. Бев љубопитна.
     
  20. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Јас не сум пушач ама сум пробала цигара.Се сеќавам братучед ми кога дојде кај нас на гости на мене и на сестра ми ни даваше дим да пробаме(имавме по 7/8 години),незнам како беше не се сеќавам..Сестра ми вика дека мама ни давала цигари да пушиме/пробаме кога сме биле мали за да не сме зимале од другите :o ама јас не се сеќавам на тоа.Незнам колку е добра оваа воспитна мерка,јас некако не би се осмелила на свое дете поготово малечко да давам цигара.И сега мајка ми ми дава цигари ама јас ја одбивам.Не ме тера со сила,повеќе сваќам дека ако пропушам дека ич не би ми замерила.Ама јас несакам јасно сум се искажала.Ни јас,ни брат ми ни сестра ми не пушиме!А во околината во која се наоѓам,луѓето што не пушат можат да се избројат на прсти.Ама сум си зацртала јас нема да пушам и крај.Затоа и ми е страв да пробам сега зошто знам дека многу тешко ќе се откажам.А многу пати ми имаат понудено цигара ама одбивам.Сум рекла не и не!