Првпат пробав цигара на 16 години. Бевме кај една другарка и почна таа да ми нуди. Не сакав, ама после викам -ајде еднаш да видам како е. Потоа, кога бев четврта средно почнав пак со едни другарки, ама онака или на кафе кога одевме или на излегување. Дома не сум пушела. Ама кратко беше и тоа, некои 2-3 месеци и престанав.
Втора година средно, на 15 год. Беше октомври некаде, 22 можеби? Важно одвратно беше. Кашлав, не знаев да повлечам и ме учеа на финтата ии тато иде. Тогаш си реков дека никад више нема да го ставам одврататното во уста, ама кога ги научив и не ми беше толку лошо. Оттогаш ретко палам, само последните 2-3 месеци ми се зачести, проблеми со другарки, осаменост и така.
Прва и последна на 20 години (т.е. пред еден месец), толку грдо и тешко ми беше во градите. Никогаш веќе нема да пробам.
Во 7мо на Нова година и ми остави впечаток на big shit после 5 години цигари никако ..се до годинава,кога за викенди почнав интезивно...
10 години,ама не беше намерно Мајка ми тогаш пушеше,и јас нели гледам,и еден ден сама дома,зимање кутијата и упаљач,и во соба ја запалив .Еднаш повлечов и ја фрлив,за малу и тепихот ќе го запалев,кашлав,плукав,3 пати ги измив забите,па со она за плакнење заби,па вода,вода пиев.Од тогаш,навака цигара да запалам?Нема шанси.
На 14год. вкафиќ другарки и тие пушеа..а јас се мора да пробам .. ама убаво што не ми стана навика, не пушам редовно..многу ретко. (а одсега планирам и ич да не пушам,што кје ми се такви глупости -.- )
Коај завршив прва година.После почнав да пушам редовно.Од завчера се одлучив да ги откажам,но вчера бидејќи беше мојот голем ден си дозволив малце Но од денеска више нема. Мој совет е да не пробувате никогаш,не дека од една цигара ќе ве тера да пушите ама така се почнува.
Првпат запалив во 4то, а активен пушач од 1ва средно... цело друштво пуши од клас ... се уште се држиме
Јас многу сум била напредна ilent: . Првата сум ја запалила на 8/9 години .Немам појма зошто сум го направила тоа . Бевме повеќе деца од улицата па ајде да пробаме Активо нема шанси да почнам .НИКОГАШ
Бев осмо одделение, некаде после нова година беше. Бев излезена. Седевме екипа во кафич. Од љубопитство од една познаничка земав цигара. Запалив, но не бев воодушевена. Кога си отидов дома, си реков да запалам уште една. И така некако се навикнав, иако ми беше необично. По неколку месеци љубопитноста прерасна во потреба. И решив да ги оставам. Година и половина не запалив ниту една цигара и во II година што ѓавол ме натера, пак почнав да пушам цигари. Со школските на одморите, на кафе со другарките, дома пред PC.. И више еве две години константно. Се трудам да ги намалам, но некако тешко ми оди. Со цврста волја се надевам дека ќе ги оставам.
prv pat zapaliv cizgara vo 6 odd. pusev do 19 god po 2 kutii na den koga gi otkazav se zdebeliv 25 kg
Јас сум многу љубопитно суштество и затоа пробав во 2 средно! Така се накашлав, а и мислам дека ќе повратев ! Не ми се допаѓаат цигарите и затоа сум против и сум среќна дека не пушам, бидејќи тоа е навистина лоша навика!
Летото прва година спрема втора. На одмор со друштво. Само тогаш пробав и не видов ништо фино во тоа, затоа и не пушам