Првата цигара ја запалив на 15 на нова година Не пушам редовно, само кога ќе ми се јави желба, а тоа е обично кога сум под јак стрес. :/
Првпат запалив со братучет ми позади куќа, да не не види никој. А, од прва средно нон-стоп пушам и си купувам цигари.
Првата цигара. Па добро мене не ми беше прва цигара баш, само земав дим од другар ми, и се удавив Ми се утепаа од смеење, ама сакам да пробам убаво да испушам една Иначе тоа беше пред 2 месеци, на мои 15 год
Првата цигара ми беше на 15 години. Не ми беше воопшто интересно,ниту пак ме привлекуваше нешто посебно.Затоа не ни сум пушач,ниту ќе бидам.
Во прва средно ја запалив првата цигара. После стагнација. Ама кога појдев на факс,знаете студентски маки и така ја започнав мојата пушачка кариера веќе 3год,со неколку паузи.
ја испушив првата цигара кога имав 13 години и од тогаш редовно пушам особено тоа беше изразено во средно кога одев
на 14 години,со другарка. не беше ништо посебно ама продолживме да пушиме и понатака. мада тоа неможеше да се нарече пушење, во месец 4 цигари. мене ни ме привлекуваше ни ми беше убаво, незнам зошто продолжив да пушам.. сега не сум пушач, престанав на 15 год. аа да, и не фатија од дома еднаш и тогаш подразмислив зошто би продолжила да пушам кога не ми е убаво и не ме привлекуваат после тоа мислам запаливме уште 1-2 пати и толку беше.
На 16 ја украдов од мама, хихи и после тоа на ден скоро месец и крадев по 1-2 ама никогаш не почнав онака да пушам за да се каже ете пушач сум инаку воопшто не ми се допаѓаше али го сакав тој имиџ на бед грл!
ХАХА..беше тоа летото после 1ва година..со другарка ми зад една зграда...уф ,првиот пат беше проследен со кашлање...ама продолживме,и си купувавме по 1 заедничка кутија и се криевме од сите..но откако заврши летото престанавме.и од тогаш цигара у уста не сум ставила,а не ни планирам.Многу сум против цигарите,и најмногу сум ГОРДА на тоа што не сум пушач!(особено што постојано сум во друштво на пушачи невидени)
па на едно 10 12 годишна возраст до сега ги пушам 18 години нон стоп и кој знае малце паничам од серија болести и слично што е тоа е тука се произведува тука се троват децата ... строго треба тутунот да се забрани со најстроги казни
Во 8-мо одд, на голем одмор другарките скоро повеќето пушеа па ај и јс да пробам.Пуста желба мислев фраерка сум со цигарата во рака се испозадавив ..
Леле кога ке се сетам на мојата прва и последна цигара бруки.... (Да се разбереме не пушам цигари) Значи на 13 години ја пробав тогаш со откаченото друштвото си пафкаа повекјето и ајде јас да пробам фраерката а претходно знаев дека премногу ми сметаше димот од цигари и не го поднесував а јас пак и ја пробав леле луѓе кога почнав да кашлам ама мислев ке се загушам го молев бога да престанам оти ако стигнам до клиника моите таму ке ми го одземат животот .... па ајде реагираа ме чукаат, со вода ме пнат охх тхат мини харт атак
Прва цигара ... во Прва година Средно,крај на прво полугодие. Ја запалив чисто од љубопитност,да видам што е и како е. Не било ништо посебно и затоа воопшто не ни започнав да пушам.
Паа,прва цигара .. сеа пред 5-6 месеци.Втора година сум иначе,17 години имам.Чисто онака од љубопитност,со друштво на одмори.Сите пушат и ја сеа ајде срамота е демек, хаха и ете си се излажав и така секој ден по една и сеа пакла у џеб си носам -.- иначе не пушам многу, по 2-3 на ден )
Бев (а и сум) најмногу против цигарите, најголем антипушач, ама љубопитноста и моментите прават чуда. Првата цигара (поточно кажано само еден-два дима), секако земена само од љубопитност, ми беше летово на одмор, тоа значи распустот помеѓу втора и трета година. Пробав, видов како е, ми помина љубопитноста и толку беше. Никогаш повеќе со цигара во рака