Првата цигара на 18 години, сите другарки пушеа само јас не пушев, и ме натераа пробај пробај и така си ги почнав. Си ги пушам 8 години, е сега од вчера божем ке ги откажувам, не запалив вчера и денес, до кога ке издржаааммм не знамммм
На 14 години,ме натераа другарки и бев прилично изнервирана.Една цигара,тогаш и никад више.Важно едно сфатив-немам никаво задоволство со тоа така да,збогум на цигарите.
хахах на 9-10 години... баба ми пушеше цигара и ми даде да пробам на шала ама јас со цел здив си тргнав од цигарата и почнав да кашлам неможев да престанам.. кул бабичка не пушам и нема ни да пушам во иднина
Мислам дека имам напишано дека мразам цигари и слично, но тоа беше пред неколку години. Откако се распуши братми и некои другарки, ми се јави желба да пробам. Првата цигара беше точно пред 3 дена хаха. Сама бев, најдов цигара во фиока и си ја запалив. Очекував кашлање и слично но мене ми беше многу убаво и си ми беше интересно кога чадот излегуваше од устата. Вчера повторно си запалив цигарче и уживав (незнам ни самата како можев) и после во 2 часот по полноќ пак ми се сопуши и зедов уште една и кога е запалив, почувстував грижа на совест.. не ја допушив цигарата ја фрлив и сфатив дека само си го нарушувам здравјето од пуста љубопитност Мајками долго време се мачеше да ги остави и ги остави, таткоми никогаш не пушел.. ми беше многу грдо и глупаво јас да пушам а тие не... значи имам само 2ипол цигари испушено и толку ! никогаш повеќе тоа не го правам ВЕТУВАМ! (бидејќи е штетно по здравјто)
Кон крај на 1ва год. средно, со една другарка. и си пафкав на почетокот не ги вдишував и еднаш дома вдишав, мислам дека се утепав од кашлање, добро е што бев сама да не се обрукав пред друштво хахаах иначе, веќе 3 недели немам запалено цигара, а пушев по пола кутија на ден
Пред 3 години мислам дека беше, еден дим земав само и кашлав како да имам рак на белите дробови. Од тогаш не сум пробала пак, ни пак сакам.
Уфф.... Никогаш не сум пушела и не планирам да пушам... искрено девојка со цигара в рака не ми делува женствено,уредно или пак чисто.... Се извинувам ако навредив некој ! несакав
Пробав лани, само еднаш повлеков и почна да ме гребе грлото и кашлав некое време после тоа. Инаку пробав заради тоа што бев во друштво на две другарки, и двете пушеа тогаш. Од чиста љубопитност го направив тоа и немам помислено за уште еднаш...
Немам пробено иако порано спаѓав и во друштво каде сите беа пушачи.Демек да сум пробала и јас,па да сум почнела со нив да пушам, сум делела од друштвото. Како па да не. Ниту ме интересира ниту пак сакам да пробам, дома татко ми што пуши цигари не можам да поднесам,се гушам и веднаш почнува да ме гребе грлото Кој доаѓа кај нас на гости јасно му давам до знаење дека не смее да се пуши, а ако не им чини надвор во дворот нека се симнат и таму нека си прават муабет и нека си палат цигари