Na odmor pred 3 4 godini ne mi teknuva sto cig bese mislam deka zemav 2 3 cigari toj odmor i tolku mislam imav 18 godini nakaj 19 :/
Прва цигара запалив во трето средно, мислам беше. И тоа од пуста "мака" оти сите мои другарки пушеја и ми здодеја на секој голем одмор да стојам со нив под едно дрво надвор, тие да пушат, јас муабет да им правам. Па испадна дај дим, два, ми се зашеметуваше во главата, ми се присвиѓа па почнав и јас со нив да пушам. Мојата пушачка кариера траеше до 23 години, со прекини. Преку ден на работа не пушев, ама затоа навечер кога бевме излезени се труев за се што пропуштав. И тоа. И пред да станам пушач и после тоа, се декларирам како мразач на цигари
Многу одамна не се сеќавам кога беше. Ретко палам во последните неколку месеци дали 5 цигари сум запалила, не сум пушач али некогаш со дечко ми знаеме да запалеме.
Пред 7 години Не знаев како да повлечам дим, и другарка ме учеше "Кажи ииии-и повлечи, кажи татоооо и испушти го димот" комедии бев
10-11 години имав, еден другар украде цела кутија од мајкаму и ајде да пробаме и ние потоа и ќотек добив од мајками. Сега не пушам, дури и ми смета да седам во просторија во која се пуши но понекогаш знам да се изглупирам и ми стекнува да запалам.
Седмо одделение, пролетно време... После часови. Хахах кога ќе ми текне солзи ми капат од смеење на она фамозното: "Кажиии Ииии го видов татоо"... И мојата реација потоа... Дур ја нон-шалантно си ја пушев цигарата, еден соученик ми вика: Фрли тоа цигараата, ќе умреш... Не си играј!! И мене толкуу ми требаше.. Почнав да плачам и да врескам: Не сакам да умраам!!! Неее!! Ја изгсив цигарата. Другарката ме погледнув и ми вика: И умре? Викам: Па, не... И на крај запалив друга.... Сега не пушам и раат сум
Првата цигара ја запалив во прва година од причина што бев многу љубопитна.Мислам дека беше во школо, ми даде една другарка.На почетокот како и сите не знаев да вдишам како што треба и само ги пафкав. Отпосле кога научив ми се згади,но друштво ми пуши така да си зимав цигара некад чат пат од нив.Не сум зависна од нив, палам цигара само на искачања ако ми се присака.
Мене првата цигара ми беше кога бев многу мал... Со братучедка ми, која е некои четири години постара од мене, ни беше досадно и ај ќе глумиме големи. Земавме на тетка ми цигарите и ќе пушиме. Не дека разбирав нешто тогаш. Фала Богу не ни знаев како се вдишува, само влечевме ко будали. А онака да ја вдишам мислам дека беше во прва.
На 18 години. Од тогаш сум пробала неколку пати и никогаш не се научив како да вдишам. Еднаш и реков на другарка, седи тука да ме научиш, но кога не бива не бива. Едноставно не се за мене.
Првата цигара ја запалив на 14 години, бев 8 одд. Прво запалија моите другарки баш на мојот роденден а јас несакав и бев против. После некој ден отидовме на гости кај една другарка и тие си запалија и ми нудеа. И јас љубопитна викам ај еден дим. Леле кога се се закашлав, мислам се угушив И од тогаш си пушев редовно, сега скоро ги оставив
Прв пат пробав цигара во 7 мо одделение, мало си бев ама љубопитноста беше голема, ме учеја како да тргнам на внатре паметот ми се сврти, среќа сега не пушам.
На 21 година незнам што ми текна толку касно,ме фати нервоза некоја отидов си купив и бев многу смешна додека научам да вовлекувам И од тогаш еве не сум ги откажала.
Прва година средно.Другарка ме научи на цигара.На почетокот јас нејзе и ги гасев а денес она ги остави цигарите мене две кутии ми идат на ден
Ко бев 15тина години сакав да бидам фацка и пол во школо пушев по 10тина цигари дневно (ретко цела кутија) 12 години .. ги откажав пред 4 месеци бидејќи сум бремена
Првата цигара ја пробав на осум години. Само онака едвај догорче беше, едно десет деца беме. Потоа имав запалено една на 13 години, две другарки една цигара ама не ја вдишував. И редовно почнав во втора година кога надвор седев со пушачите цело време. Да можам да се вратам во минатото би си влепила таков шамар што и во сегашноста ќе ме болеше.
Прв пат пробав на екскурзија во трета средно од љубопитност дека сите околу мене пушеа. После тоа знаев да се гребнам по една со алкохол. Мило ми е што не сум зависник знам да се исконтролирам и знам кога ми е доста. Сега палам онака за забава исто и како што почнав со гребење, само кога сме запиени
крај на 7мо.. сеуште ми е глупо кога пишувам. тогаш ја пувкав а прва средно другарка ми пред една забава ме учеше да увлекувам. за грев
Првата цигара ми беше на 14 години (а и сега сум уште 14). Беше за време на летниот распуст кога завршив 9то одделение. Бев со моите другарки излезена и тие решија да купат цигари, а тие и претходно имаа пробано, така да кога ги купија и јас сакав да пробам. Знам дека беа Лаки Страјк црни и знам дека несакајќи го голтнав цел дим па почнав многу да кашчам. Потоа пушев на секое излевање, и еве сега почнав да купувам и кутии