Прва средно, другарките пушеа па ајде и јас...будало дете. Среќа што никогаш не сум била страстен пушач.
Кога завршив осмо од љубопитност, после имаше уште неколку обиди во средно, ама не станав пушач, од тогаш немам запалено.
На 16год..чисто од радозналост..после тоа краток период пушев, но не станав зависна и ги прекинав Од темава добив желба за цигарче
Првата цигара ми беше многу гадна, горчлива, никаква, но после се навлеков, почнавме со другарките инкогнито да купуваме и криеме цигари, палевме кога ќе имавме прилика, ама за среќа ги откажав.
Верувале или не,првата цигара ми беше кога завршив трета година,заедно со другарките кои претходно имаа пробано па ајде и јас
На 13-14 год. со другарките од љубопитност пробавме заедно.После од време на време знаев пак со другарки да запалам зашто нели во филм си бевме влезени. Ама никогаш не станав пушач, сега сум од цигари подалеку.
Првата цигара што ја ставив во уста беше кога бев многу мала и низ магла се сеќавам на ова. Ама не го испушив целото цигаре (воопшто не пушев). Мислам дека беше цигарата на моите или на дедо ми. Цигарето оставено на маса запалено и јас го ставам во уста и како што завлеков мислев дека крајот ми дојде Инаку никогаш не сум пушела, освен фраерка што сум изигравала со изгасена цигара во уста
Прва цигара пробав во основно не се сеќавам кога точо, но мајка ми имаше заборавено цигара дома и јас чисто од љубопитност запалив и пробав. Не сум пушач инаку.
Имам пушено цигари во две-три прилики во средно и не ми се допадна ниту еднаш и не станав пушач. Првиот пат ми се кашлашшеее многу ама се воздржував, само малку поткашлав... Сега не би пробувала ни под разно, освен ако не снимам промотивен материјал или филм хахах