Фала, поздрав и до тебе... хехехехе. Јас никогаш немам пробано, уште од самиот мирис ми се гади и не можам да поднесам кога некој ми пуши во близина. Се живо ке избркам од собата
Јас незнам на колку само знам дека ми се згади толку многу што повратив и од тогаш никако цигари не трпам
Првата цигара ми беше осмо накај прва, летото! На одмор со една постара братучетка, она пушеше па и ја како да видам што е тоа! Ко демек бев изнервирана па тоа ке ме смирело И ич не ми се свиѓаше, ваљда цигарите беа премногу јаки. Абе дете !
Летото седмо спрема осмо. Пуста љубопитност што ти прави, ама не дека беше она вистинското пушење да го внесеш димот во себе, туку само повлеков и пуштив.
хмм прва цигара многу мала бев имав 5 годинки и баба ми даде ама не вовлеков , онака си пафкав после во седмо со другарка сме пробувале онака , незнаевме да вовлекуваме прва година кога бев заедно со еден другар се научив и еве веќе цела година пушам West Silver Со нив се научив , неможам други .
Јас сум изгледа ,,најпаметната,, пропушив во четврта година средно.На почетокот ми се вртеше многу и ми беше лошо ама се навикнав. Не сум некој страствен пушач, можам и без него, имам правено долги паузи - ама сакам да си пушам, кога веќе сум културна Пушам Marlboro light и не би го менувала за ништо
леле сеуште не сум пробала цигара но деновиве ке одам кај вујко ми ке ми откраднам некоја за да пробам зошто дома никој не пуши а ми е срам да купам само се чудам на тоа вовлекувањето на димот како се прави тоа хахах
јас имам пробано цигара,некаде трета средно бев мислам дека беше родео ама ете не се навикнав на нив,не ми станаа зависност и баш ми е мило
хех си пафкав едно време редовно, во 2ра, 3та средно, ама прекинав и сеа не ни помислувам да запалам. Инаку запалив прв пат во 8 мо и ке се угушев Инаку, да мислам дека секој треба да проба. Да види како е ако ништо друго
Првата.. Па на 1ви мај, претходната година Леле кога ќе се потсетам,земав дим и се угушив одма,и се закашлав. Иначе од оваа година, негде Март,април, почнав онака повеќе да пушам цигари.Не сум некој зависник,но кога имам пари си купувам.Кога немам, не паѓам во депресии за цигари.
Првата цигара ми беше во 6 одд начи кога имав 12 години .. Седев со две другарки и еден другар . Другаорв беше пушач и слободно пред нас си пушеше . Едната другарка зема една цига си запали и .. а јас бев толку љунопитна па земав и јас една и дур се наканив да ја запалам се “стемни“ .. И да ви признаам убаво ми беше .. После тоа јас и другарка ми се скиривме во подрум од една зграда и си запаливме цигара повлековме неколку димчиња и ја изгасивме .. И еве до ден денес немам ставено цигара во уста .. а за понатаму ке видиме
На мои 13 година ја запалив првата цигара и тоа од на мајка ми Лорд се викаа, веќе ги нема. Да знаев тогаш дека до сега ќе пушам немаше да ја запалам
Прв пат во 7мо одд. ... Пуста љубопитност, беше тоа лудување некои 4-5дена и толку бидна Низ годините ми се случувало да запалам една цигара годишно, меѓутоа сега веќе неможам да го поднесам чадот од цигарите, а не пак да пушам.
Прв пат во прва средно, и знам дека ми беа доста одвратни цигарите тогаш. Затоа и не се навлеков, и не пушев цело средно ниту на факс. После втор пат запалив во втора на факс....и од тогаш па навака со прекини пушам ама умерено да кажам, со пијачка или кафе. Нормално за викенди малку повеќе, зависи од количината на пијачките
8мо одделение за полуматура во Охрид ...Беа собрани сите девојчиња од 3те класа и јас влегов што ке видам се изненадив леле сите цигари пушат .. Me запнаа мене да пробам прво одбив после сама си побарав и до ден денес терам не сум пробала да ги откажам а и не сакам