Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првата цигара?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од 2468, 4 јуни 2010.

  1. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    цигара јас немам пробано никогаш во животот, ми се лоши од мирисот, уште од мала сум таква, и стално мама ја терав со цигарите да оди на тераса (лето-зима не ми беше битно), а не ни имам голема желба, знам личности на кои исто како мене му се лоши од мирисот на цигари, ама пак пушат, за да бидат фраери |( , ама тоа нивна работа, јас знам дека никогаш нема да пушам :)
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Првата цигара ја запалив кога се скарав со другарка ми , и ми се слоши од неа и си ветив дека нема веке никогаш да запалам уште една ! :@
     
  3. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    првата цигара ја запалив во 2-ра или 3-та година средно, бевме кај еден другар демек ке учиме она-она и тој пушеше, а јас и другарка ми не и му велиме дај да пробаме и му испушивме по 2-3 цигари од др ден почнав да си купвам цигари почетни :D ми беа сан слимс :D
     
  4. Guinevere

    Guinevere Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    25
    Хмм првата цигара ја запалив во средно 3-та година.Бевме на училиште и на големиот одмор со другарками појдовме во вц и мене ме викна и гледам пушачи внатре :lol: Таа запали една и мене ме понудија и јас реков ами ајде од една нема да ми се слоши :D И знам дека ја пуфкав
     
  5. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да заборавам, со другарка ми бевме осмо одделение, бевме кај неа и на излегување за да одиме кај мене нејзините двете кутии цигари ги оставиле на масата на терасата, двете ги загледавме и како со очи да зборувавме, таа зема 2 цигари и отидовме кај мене :D и кај мене се сокривме на тараса па ги запаливме цигарите ко демек не знам каков криминал правиме па се криеме :D :D :D Кога и да се сетам на ова се смееам :lol:
     
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Завршив осмо одд и мора да се пробат сите забранети работи :D , И со една другарка седевме во паркот и ми вели имам цигари сакаш и ајде запаливме по една беше родео тврдо мислам, и така почнав да пушам ама така по 1-2 бидејќи дома не ме знаеа( си купувавме цело друштво ) . После почнав да си купувам сама некаде 1 на крајот. После некое време не пушев 1 година ама никако не запалив цигара. Потоа го запознав маж ми и така продолжив да пушам :lol: , а сакам да ги оставам. Пушам сан слимс :smoke:
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Јас бев најголем противник на цигарите до 3та година средно, една другарка со плачење ја молев да престане да пуши... и не знам што и како испадна на екскурзија во 3та во Охрид, она престана да пуши, а јас почнав... имав 16 и пол години отприлика
     
  8. maleckaa

    maleckaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    17
    бев прва год средно...на роденден кај една другарка,и пушеше само едно девојче од сите што бевме таму,ја таква се сакам да пробам :lol: и викам дај ми и мене еден цигар,карелија беше,и викам изгасете ја ламбата никој да не ме гледа.... :lol: ....и така сите седиме во темница а јас тегнам ли тегнам хххх детска работа и од кога го "испафкав" ја запалиа ламбата...на почетокот пушев мн малку само од глупирање,а сега по кутија ипол на ден :wasntme: родео
     
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Ниту еден дим не сум повлекла во животот.Едноставно не ме привлекува,а исто така како спортист многу лошо би ми влијаело.Неможам ич да поднесам кога некој пуши во моја близина, и секогаш моите ги терам на тераса да пушат.Едноставно тешко го поднесувам мирисот.Не верувам дека некогаш ќе пробам, но никогаш не вели никогаш, не се знае што се не чека во животот.Сум била во ситуација да бидам дел од големо друштво каде единствено јас сум непушач.Многупати ме тераа само да пробам ама јас се изјаснив дека не ми пречи што се пушачи, но јас нема да пробам ниту еден дим.

    Моите најдобри другарки се непушачи.Не ми смета воопшто да се дружам и со пушачи, само избегнувам да ми иде димот во очи, ми се лоши не за друго.Секој за себе, ама јас дефинитивно неможам да се замислам како пушач.
     
    На QueenN му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    108
    Хм..првата цигара поточно првиот дим, на екскурзија во втора година со одлеан памет ммлади девојки се собравме и ќе пушиме,јас земав еден дим и цела ноќ не престанав да кашлам и имав нагон за повраќање,фала богу ! :lol: Оттогаш,па до сега немам пробано цигара а се надевам дека нема ни да пробам ! ;)
     
  11. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Луда глава, пробав уште во 6 то одд :fubar: Со другарка се потепавме цигара да сме запалеле, чисто од радозналост а и малце да се направиме како демек “фраерки“ оф кај ми бил паметот :lol: И пуфкавме така ради чалам.. А после од 1 ва година почнав официјално и еве до ден денес си ги тегнам ронхил лајт :P
     
  12. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Ееееееј од кога беше тоа....мислам дека беше летото за седмо одд кога бев.Собрани со другарките (претходно договорени дека ќе пробаме) во еден школски двор.Уствари само пафнавме некој дим и колку само бевме горди демек фраерки сме:)))) Абе дечишта :lol: :lol:

    Кога почнав средно во прва година почнав да пушам ама една кутија една недела ,башка се криев од дома....ама од 17 год можам да кажам дека пушам интензивно еве се до денес.

    Мојот избор беше и остана Родео тврдо.Сум пробувала и други ама некако највеќе ми одговараат тие,натаманени ми се скроз!! :D
     
  13. Unnaa

    Unnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    40
    Првата цигара :) .. Ја запалив во прва година средно.. Многу ми беше жал за мајка ми дека ја изневерив нејзината доверба ама колку бев фраерка пред симпатијата што пушам леле лелееее хахаха :D Па после правев пауза не пушев и накај трета година како почнав еве веќе некоја година крај ми нема :D
     
  14. Caramelle

    Caramelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28
    хуху одамна беше и мојата...прва година средно :) ...во мај ...за чудо-јас најголемиот противник на цигарите ја светнав запалката :worried: ... ај што не ми беше убав вкусот-не беше ама пусти чалам :D и така после на одморот во школо..па кога се собиравме на кафе другарките..па се криевме на излегување и така ..сеа онака за мерак ,за забава си запалувам ама фала Богу уште успешно се кријам од моите :) :$ :D (пу пу да не си подречам ) :D
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Уфф одамна беше тоа. Една другарка ме натера, сестра и пушеше а таа постара од нас неколку години. И другарка ми ајде та ајде да запалиме и ние по една. И така во 6 одд прв пат запалив цигара. Почнав да палам по една цигара неделно, потоа по 1 на три дена и така си ја зголемував дозата. Во средно веќе си терав една пакла два три дена. До пред извесно време пушев, но сега поради вонредната состојба ги оставив, не сакам бебуфчето да го гушам со цигарите, но сепак еднаш неделно си палам цигара, душичката ми сака :lol: А почнав со родео тврдо, па преминав на малборо :fubar: , откако ги покачија малборото многу, пак се вратив на родео, па едно време вест, потоа бос, и на крај пак родео долго време, Последниот месец кога пушев, си терав со Стајл лилјаковите, таман ми одговараа ...
     
  16. t.a.m.a.r.a

    t.a.m.a.r.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    5
    Исто така многу оддамна... 8мо према 1ва. Ми се лошеше ептен, али пуста желба па пропушив.. Сеа сум како турчин и немам у план да ги откажам.
     
  17. Lina89

    Lina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    36
    хахахах слична судбина само јас и другарками не ги најдовме во кафич ние видовме како едно дете ги крие во тревата за да не му ги видат дома и ние му ги земавме па викаме сите пушат ајде и ние да пробаме а бевме 2 за 3 одд. не дека знаевме да пушеме и ние како парни локомотиви хахаха потоа за 1 мај во 2 година кога бевме за прв пат си купивме цигари пушев некое време но немозам повеке да ги поднесам
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Првиот дим во шесто оделение, првта цигара во осмо, а веќе од 1 година почнав редовно да си купувам цигари, но не претерувам со пушење и можам да издржам подолг период без цигари.
     
  19. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Летоска.
     
  20. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    3та средно крај на учебна година, мај јуни месец негде, чисто од бес оти убо ми седела цигара на рака, ме личело. Немав памет. Се давев на почеток, ама битно на кафе со слимсојте бев. Поќе ја држев цигарата од шо тргав. Е зато денес во 5 сабајле бев по цигари да си купам, ко оџак од фабрика сум напраена. :@