Јас првата цигара ја запалив во 8мо заедно со една другарка. Бевме на роденден кај еден наш соученик и ај еднаш да тргниме да видиме како е ... еднаш, еднаш и ден денеска пушам
последниве мислења што ги прочитав сите од првата цигара па до ден денес пушат... има некој што запалил ама не продолжил ?
Прв пат запалив цигара на 14 години , онака на шала со другарка да видиме како што е, и воопшто не ми се допадна . Не пушам, мислам не сум активен пушач, ама онака еднаш до двапати во месецот знае да ми текне да си запалам по една
Немам пробано, а и не планирам. Татко ми пуши, и тоа по 2 кутии на 3 дена. Ич не ги поднесувам цигарите, и секогаш го терам татко ми да пуши на тераса. Ама, па и не одам многу често во дневна па и не ги чуствувам многу. Ептен ретко. Ми сметаат, и кашлам само од мирисот а не па да пробам. Гадно.
Во седмо одделение на 13 и нешто години со другарками во школски ( колку што памтам. ) пробав што пробав, многу подобро од алкохол бар според мене, сега не пушам а иначе сакав само да пробам како е
еве јас после тоа може пушев уште месец - два ама не активно туку коа сум можела и кога сум сакала, значи по една или две цигари во еден месец. поздрав
Леле блу, мало си ти за цигари. Јас, цигара, никогаш не сум помислила да ставам во уста. А и знам дека нема да помислам. Антипушач, голем сум. И во близина на цигари, се гушам, избезумувам. Мразам цигари.
Ех, знам ама еве кад-тад сите пробале цигара овој период негде, некој дури од трето одделение бе е тоа е стварно више одвратно и незнам, уште незнаат газ да си бришат ке ми пушеле. а има едно дете сеа е 6то уште од 5то пушеше а такво мало ниско, и баш слатко дете. штета голема за него.
Лани летото, на 13 години. Чисто од радозналост. Се утепав од кашлање, ми влегуваше дим во очи, излегуваше низ нос, низ уста, низ уши... Од тогаш веќе не. Гадно ми е и самиот дим ми смета.
Првиот цигар го запалив некаде 7или 8 одд и беше онака фраерси да пушиш па ај и ја да пробам со друштвото и така какао си почнав па до ден денеска не сум запрела да пушам. Мпожам да кажам дека се случува и по две кутии на ден да испушам
Не сум пробала, а и не ме интересира. Татко ми пуши, но на тераса и цело време му викам да престане да пуши. Знам само еднаш имам држено цигара на една братучетка и се угушив од димот, а не па да пробам.
prvata cigara bese na 18 godini znaci koga pocnav 4ta godina sredno pred toa bev najgolem protivnik na cigarite , si vikav nikogas nema da pusam cigari , no nikogas ne veli nikogas Pusev edna godina potoa prestanav. Sega sum trudna ne pusam a pred si palev samo so kafeto [mod-kirilica:1dut8ksm][/mod-kirilica:1dut8ksm]
Првата цигара ја запалив во 2 година средно некаде на околу 16 години,пушев 4 години години и потоа престанав.И еве веке 2 години како немам ставено цигара во уста,едноставно сега ми сметаат.
И татко ми пушеше порано, ама го боцкам јас за парите дека ги троши само на цигари, и сега ќе чувал човекот, сака пак да се врати у 20-тите кога возел мотор, за мотор чува пари.
Јас во 5 одделение. Бевме собрани големо друштво и бевме на излет во мојот град на едно место близу градот. И некој купил цигари, па запалија една цигара и почнаа да се редат сите еден по еден да пробаат . Ми дојде и мене редот, но јас не сакав да пробам. И кога почнаа сите да викат: Mygirl, Mygirl, Mygirl... ја зедов цигарата и оптегнав еден дим А најинтересно е тоа што, некои од нив што беа најзапалени да пробаат цигара, денес не пушат, а јас, умната, што едвај ме натераа, сега пушам како турчин Инаку во втора година средно започнав да пушам цигари.
Mислам дека беше во 6 одд.заедно со сестра ми,а таа беше 4одд Mислам беа некои германски цигари чичко ми му ги донесе на тато,а тато за успомен ги чуваше и ние да ги испробаме се пикнавме дома во тоалет и си пуфкавме и мама ни рече:што правите двете внатре?и ние се смрзнавме од страв и јас и реков заедно се мочаме,јас и прам друштво на сестра ми и после замина надвор,па шампони туравме во вц,па пуштај вода :geek: па освежувачи и така.оттогаш не сум пробала,можеби во друштв,не се секавам добро п.с тато мислеше дека мама ги отворила и имаше војна
Па прв пат во 5одд. од мајка ми украдов ама не ја испушив цела. Во седмо онака почнавме со другарки демек фраерки али ни здосади (пошто никој не вовлекуваше) и престанавме... летото за 2 год средно почнав активно и сеуште трае иако секој 1 во месецот ги откажувам демек.
Првата цигара ми беше кога тргнав на факултет.Дури бев тинејџерка,ништо не направив,ама ете кога пораснав,отворив на глупости Оттогаш палам најчесто кога сум со другарките,бидејќи сите пушат,па јас да не гледам Со кафе,а посебно ми идат со алкохол ..а овака кога не сум излезена,по дома не ме фаќа посебна желба за цигара и не палам.