Првата цигара ја запалив во 7-мо одд. Пушев 6-7 год. Откако дојдов тука ги откажав ама уште имам кризи ..
првата цигара,ја запалив на екскурзија знам во италија бевме и на плажа седнавме со другаркиве цело друштво и не само првата туку и 10тина други во коминација со коњак.... вечерта ми беше лошо и кога се разбудив бев цела потечена,се ме чешаше и почнав да се гушам... ми кажаа дека сум алергична на цигари и тоа беше насреќниот миг во животов!!!
Никогаш не сум пробала,и не планирам Дури ми се чудат дали стварно од љубопитност немам пробано барем еднаш,но НЕ мислам дека после раката ќе ми мириса цела вечност на цигари
На првата цигара добро се сеќавам.. бев на ексурзија и уште на фришоп си купив цела штека Малборо со намера да станам пушач! .. И ништо од тој план тогаш, почна да ми се врти и лошо да ми станува од цигарите и ги подарив кутиите по клас. Пушач станав една година подоцна, на факс.. пред јунска сесија. Никој од другарките и колешките не пушеше ама ете јас почнав. После во втора ми се погоди цимерка што многу пуши и еве до денес јас останав со цигариве. Неколку пати ги откажував по 2-3 месеци ама така па се разболував, одма ме фаќаше грло. Иначе пушам една кутија 2 дена, Ронхил слимс.
првата цигара ја запалив на одмор со друштво и тоа на поголема возраст само за да видам какво е чувството денес многу ретко знам да запалам цигара ама кога тоа се случива многу ми е филмски да ја држиш цигарата онака баш дамски па уште слимс да се
првата цигара ја запалив во 1 година средно порано пушев по 2 кутии на ден а сега едвај една неколку дена ми трае со кафе најмногу ми оди.
Имам пробано многу одамна. Еден клошар ме натера и до ден денес си се чудам како дозволив да ме убеди! Тогаш памтам дека се утепав од кашлање и се заколнав никогаш повеќе
Првата цигара ми беше во средно, прва година, сите пушеапа ајде и јас да пробам какво е тоа чувство. Филмско ми беше, се нервираш и палиш цигара, дечиште. Ај што почнав почнав да пушам ама со West light бе почнав ! Па кој ми кажал дека има врска аккви цигари пушиш и дека треба со послаби да почнеш, битно влечи, дави се После тоа си почнав интензивно да си пушам, се до 3 година, во 4 помалку пушев, се одвикнував, ама пуста потреба, само 4-5 месеци успеав да ги намалам. Пред една година се откажав скроз, но по 6 месеци пак почнав пушев некој период од 5-6 месеци, ама по малку, пред 6-7 месеци пак ги откажав, запалив цигара и наеднаш ми се слоши, тоа беше најгрдата запалена цигара, иако беше од стандардот што си ги пушев. Од тогаш не сум пробала цигара ниту пак имам потреба, преку ноќ ги оставив (а кога ќе размислам и ноќ беше)
Јас не сум пушач активен но чак пат си палам по некоја... Пусти стрв како ги гледам цимерките како пушат... Иначе првата ја пробав во 6то одд. и тоа беше многу јака ама не ја увлекував пошто не знаев А потоа една другарка ме научи да ги увелкувам ама многу кашлав .. Ама сега ќе се деси чак пат по некоја да запалам
Во ноември месец минатата година на 13 години. Сеа сум 14. Значи пред 3 месеци. Бевме со друштво испаднати и една од моиве најдобри другарки пушеше и тоа редовно и ко демек и другиве да сме пробале. И првиот пат не се закашлав. И другиве се чудеа мислеа дека сум пушела предходно. Но утредента пак испаднавме и јас пак пробав и се закашлав, пак пробав па се закашлуам и неколку пати така и сеа не ни помислуам на нив
првата цигара ми беше пред 2 години на викендица кај еден другар .. пробав и не ми се допадна ...и со ова законов никако неможат некои да се одвикнат од цигарите и си седат на ладното да пушат , дури и жално ми е да ги гледам :/ со извинение на тие што пушат мислам дека можат да ги откажат ..сега си мислат : што знае оваа никогаш не била зависна од нив .. сепак мајка ми пушеше 10 години и кога виде колку штетни се ги откажа со таа електронската цигара ..може не одма ама со тек на време ..
^^ каква е таа електронска цигара, првпат слушам? Мене првата цигара ми беше во втора средно, интересно ми беше, иако на почеток нели ти се врти и тие работи, па мене и тоа и плус ми се гадеше. Но, го истуркав тоа некако и почнав да ги пушам така. Една кутија ја пушев на 2 дена и мислев дека не сум многу зависна од нив. Инаку, после 5 години пушење (2 од средно и 3 од факс) решив да ги оставам бидејќи многу ми го јадеа буџетот, си реков со тие пари нешто попаметно ќе си купам. И така, лесно ми беше да се откажам, шо знам. Скоро 1 година не пушев. Пак запалив пред некое време под стресни околности. Ама сега не ги пушам секојдневно како што правев порано, не ни купувам кутии, туку кога ми понуди некој си запалам
ми ту [/quote] ни ту пак јас! ) и не сакам да пробам затоа што не е здраво а иначе по природа сум многу љубопитнааа и сакам се да пробам и се сакам да знам xD
Јас прв пат запалив цигара од љубопитоност и тоа беше пред една година му ја земав цигарата на еден другар и ја допушив ми беше интересно... И искрено да кажам не ми се свиѓа, се случува да запалам цигара ради друштво да не се делам но не ме тера нешто да речам е сеа морам да запалам цигара.
Интересна сторија околу мене. Бев второ одделение, и мајка ми штотуку се врати од работа и во кујната пушеше цигара. Заѕвони телефонот, и таа ја остави цигарата во пепелник и отиде да се јави. А јас мал и љубопитен, да видам што е тоа што мама толку често го има со себе, ја зедов цигарата и ја ставив во уста. Ама како што мајка ми не го исчистила карминот, останал многу на цигарата, и кога ми дојде едно одвратно, горчливо, ја исплукав и почнав да кашлам. А нормално, не ни вовлеков, ниту нешто друго, затоа што на 8 години не ни знаев дека да пушиш значи да вовлекуваш. Како и да е, таа грозна арома и вкус од карминот толку ми навлегоа во устата, што и до денес не сум ги заборавил, и ми помогнале во тоа никогаш да немам желба да пропушам. =)
Јас првата цигара ја пробав крајот на 8 одд ,1 год од љубопитност заедно со другарките, се собравме купивме една кутија и сите запаливме по една,видовме интересно а ние не дека сме знаеле да пушиме како оџаци сме биле,после првата ајде и втора после неа уште три и сите по пет,ке стануваме да си одиме неможеме да станеме ни се врти во главата како пијани кокошки и секогаш кога ке ни текне на таа вечер секогаш си се смееме
На 12год. (хаххахха) тргнав од цигарата на татко ми. Не се закашлав, не ми беше лошо, ама не пропушив. И онака доволно вдишувам кога сум дома и од мајка ми и од татко ми. Другарите ми понудиле неколку пати, ама ги одбивам. Не гледам некое задоволство во тоа.
Оваа служи за откажување на цигарите.. Иста е како вистинските цигари свети и кога вовлекуваш дим се чувствува само што не е штетен туку изгледа како вистински дим.. И што е најважно не се троши Вкусот мислам дека е ист
првата цигара не знам точно кога ја вкусив ама тоа беше од радозналост и после имав палено но само така ги дуфкав без да ги вовлекувам...... а ги ,,научив,, цигарите во 2 год во интернатот сите цимерки пушеа и така почнав и јас