Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.964
    Пол:
    Женски
    Ваква тема, заслужува да биде отворена на ваков ден :)
    Мајки кои имате првачиња дома прво им посакувам многу среќа и со лесно да им оди цела година на вашите мали сонциња.
    А темава нека послужи понатаму за коментари од следниот апект, уписте во 1 одд., сакам/не сакам во школо/ училишен прибор/ избор на ранец....проблем со домашните задачи и слично.


    Уште еднаш на среќа на соте првачиња!!!
    [​IMG]
     
    На ♡BuBaLe♡, Agrona и vinozito1 им се допаѓа ова.
  2. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    1.947
    Допаѓања:
    5.592
    Snow многу убава тема,иако немам прваче им посакувам многу среќа на сите првачиња :clap:
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. skenco

    skenco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    46
    јас дома имам едно прваче,многу возбуда како кај син ми така и кај мене,радост неизмерна кога се сретна со другарчињата од градинка,овие денови треба да купиме ранец и училишен прибор што ни фали бидејки веке претходно имаме купувано боички,моливи,фломастери
    им посакувам многу среќа и успех на сите првачиња :)
     
  4. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    412
    Ме интересира како оди уписот по основните училишта, дали мора децата да се запишат во најблиското училиште односно дали може да се запишат во училиште од друга општина?

    Им посакувам многу среќа на првачињата :)
     
  5. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    774
    Пол:
    Женски
    Ќе ја активирам темата со оглед дека е во тек уписот на првачињата во училиштата.
    Јас имам дома едно идно прваче кое треба деновиве да го запишам во школо но не добивме никаква покана ниту термин па ме интересира како оди постапката. Дали имаат ограничен број и дали е можо да се пополнат местата па да мора да одиме во подалечно училиште? Почнав да се грижам. Утре ќе одам да се распрашам во училиштето но секоја информација од вас ќе ми биде драгоцена.
     
  6. mami blue

    mami blue Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.962
    Пол:
    Женски
    И ние утре ќе се запишуваме
    Во врска со поканите- незнам дали во сите училишта тоа е пракса,пример кај што живеам има две основни училишта,во нашето пратија покани,во тоа другото не- значи родителиве си отидоа со детето и си се запишаа.мислам дека уписите имаат рок до 31,05
    најубаво е да си појдете и да си разговарате со педагогот каква е постапката
    треба потврда за примени вакцини,потврда од стоматолог и од матичен за здравствената состојба на детето
    ќерка ми баш е возбудена,сабајле ми се жалеше што ако не знаела нешто што ке ја прашаат:o
    Со среќа на сите првачиња:l:
     
    На TeddyGrey и Vertigo TJ им се допаѓа ова.
  7. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.941
    Пол:
    Женски
    И ние не бевме известени лично. Во влезот имаше залепено известување за упис од општина па по дарум отидовме да го запазиме терминот :!:( а терминов смешки го ставиле формално како и по обичај). Разгледавме две три училишта кои ни беа во план и еве претходнава недела собравме документација и ја запишавме. Од документи да не се повторувам пишала членката погоре. Ни рекоа ќе ни се јават дополнително за униформи во август.
    Со среќа на сите овогодинешни првачиња!
     
    На Vertigo TJ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    774
    Пол:
    Женски
    Фала ви мајки. Ние денес завршивме работа. Планирав само да се распрашам ама кога веќе бев излезена собрав документи, ја земав од градинка и се запишавме. Многу беше среќна. После тоа ја носев на ручек да прославиме. Нека им е со среќа на сите идни првачиња а и на нас, нивните родители :)
     
    На joy1 и mami blue им се допаѓа ова.
  9. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    412
    Во мај ќерка ми треба да ја запишам во училиште :) затоа драги феминки ајде кажете мислење што е најважно при избор на училиштето по ваше мислење? На нас ни е најблиску ОУ Љубен Лапе, но не сме одлучени со сигурност во кое училиште на Општина Аеродром ќе падне изборот. Уште неполни два месеци имам за размислување дајте совети...
     
  10. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    67.511
    Пол:
    Женски
    Stom ste vo aerodrom Ljuben Lape e orav izbor. A neli i treba da se decata spored mesto na ziveenje zapisani. Znam deka ima dosta sto gi zapisuvaat i vo ucilista sto im se podaleku od mesto na ziveenje megutoa orednost imaat tie sto spored adresa na ziveenje pripagaat vo toa skoli. Inaku minatata god koga go zapisuvavme sinko ni kazaa deka e Ljube Lape izbrano za najdobro skolo vo Skopje, nie sme za sega zadovolni
     
    На mamita83 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.030
    Допаѓања:
    20.226
    Пол:
    Женски
    По законот на реонизација мораш да го запишеш детето во најблиското училиште. А и најпаметно ти е така, на почеток ќе го носите, а после некоја година само ќе си оди ако школото му е блиску.
    Според мене попаметно е енергијата и врските (ако имаш и планираш да ги искористиш за да бираш училиште) да ги употребиш за да го ставиш детето кај солидна наставничка. Чабе ти е училиштето јако, ако се падне кај некоја тапа наставничка.
     
    На Jas!, mamita83, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    11.284
    Допаѓања:
    17.300
    Пол:
    Женски
    Јас треба во мај да го запишам поголемиот син во прво одделение. Брзо порасна детево. Уште сега кажува дека не сака да оди во школо. :D
     
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.308
    Допаѓања:
    92.604
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја активираме темава :)
    Најголемата ќе биде прваче годинава. Леле, ко вчера да ја држев за прв пат во прегратка...
    Кога почнуваат уписите, кои документи се потребни..??
    Некој е во тек?
     
    На Espadrila и Jas! им се допаѓа ова.
  14. M&M

    M&M Популарен член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    2.622
    Допаѓања:
    67.511
    Пол:
    Женски
    Ништо посебно лична карта не ми текнува дали од 1 или двата родители одиш во школо пополнуваш пријава и го прашуваат детето 2, 3 прашања му даваат нешто да нацрта и толку. Лани синко го запишувавме отидовме заедно со мм додека јас пополнував пријава синко нешто нацрта, не го прашуваа нешто многу а и добро тој како што се срами со клешта да му вадиш зворови. После некаде пред 1 септември објавија списоци за одделенијата и толку. Нас одма ни кажаа дека е примен бидејќи по адреса на живеење си припаѓа автоматски во тоа школо. Мислам дека си имаа списоци и досиеја и од градинка за тие што одат во градинка.
     
    На Jas! и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  15. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    412
    Уписите почнуваат од мај месец, потребни документи: извод од матична книга на родени, потврда за примени вакцини издадена од диспанзерот, потврда од стоматолог (во градинката на ќерка ми дојде стоматолог од Јане Сандански и секое дете доби потврда) и лична карта од едниот родител; во училиштето пополнувате пријава за упис.
     
    На Jas! и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  16. Mom 24

    Mom 24 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Би сакала некој да подели мислење- искуство за ОУ Кирил Пејчиновиќ или ОУ Невена Г. Дуња, учителки, настава. сл. препорака за упис на првачиња. Благодарам.
     
    Последна измена од модератор: 25 јули 2017
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.681
    Допаѓања:
    113.891
    Пол:
    Женски
    Денес го запишавме големиот во школо. Порасна, син мајкин, уф, ко вчера да беше кога се роди. Фино поминавме на разговорот, детето се покажа. Вака не знам што си мисли, ама од септември здравје ќе видиме како ќе биде.
     
    На Bozica1980, M&M, Espadrila и 5 други им се допаѓа ова.
  18. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    4.308
    Допаѓања:
    92.604
    Пол:
    Женски
    Со среќа и со лесно на сите:)
     
    На Bozica1980, SummerGirl, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    412
    Се запишавме во Љубен Лапе, од септември прваче маче ќе имаме по дома :D
    Сега имам прашање каде и какво ранче да барам за ќерка ми (да ни биде најпрактичен), и доколку некој знае што друго од опрема ќе ни треба?
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mami blue

    mami blue Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.962
    Пол:
    Женски
    Со среќа нека ви е, ние завршивме прво, стартуваме во второ:)
    Ранецот го користиме од градинка, имавме убаво , не многу големо ранче, и го искористовме и за прво одд, сега за во второ имаме поголем, ама ќе видиме дали ќе има потреба да го користиме
    Книги тамо ќе ви дадат, е сега друго нас што ни побараа беше топ хартија, водени и темперни боици, фломастери, колаж, блок бр.3, дрвени боички, тетратки по линии, и коцки, и нормално моливчиња , острилка , гумички- се она што треба во еден прибор
    Кај нас во школо немаме целодневна туку дневен престој има, тамо исто бараат бели листови, боички, фломастери., блокчиња
    Така да поубаво почекајте, запознајтесе со наставничката па таа че ви даде список што треба
     
    На mamita83 му/ѝ се допаѓа ова.