Во Симпо, завод за ментално здравје мислам се викаше. Зборам за острата граница, односно дека тие до 31 мораат, а тие од 1ви бираат, за тоа зборам. Нека е поголема границата за бирање. Другарка моја сакаше детето во фебруари родено да го запише во прво со претходната генерација и ја одбија, нека има некоја рамка од 3,4-6м да се бира, па да може да се направи поголема дистинкција.
Ангел имам ситно внуче што ќе оди прваче сега од септември 6 и пол години, 17кг е, ситен е, а моево 10.12. 2018 родено на 5 год и 9 месеци почна прваче, 4 месеци се разлика а 1 год генерациски, физички покрупен е мојов, ама и умствено си беше супер, имав грижи нормално, како ќе биди со овие од јануари, цела година поголеми од него, па испадна поубо од што очекував, од прв ден сакаше да оди на школо, што не беше случај во градинка (таму до крај не сакаше), читаше буква по буква пред нова година како и сите останати, никое не читало течно, на родителска кажуваше наставничката, еве го скоро месец има чита течно, за пишување знаеше и пред тоа, ама и диктати прават на школо, супер е. Значи подобар е од деца поголеми од него 10 месеци, така да нема врска годините. Ама се слагам дека овие декември родени треба да имаат можност да бираат, како што бираат тие во јануари.
Eпа рачунај и мојот е многу ситен, 2г и 5м уште малку, нема ни 12 кила, имаше па однема. Многу е ситен и плав. И рачунај ќе тргне во школо со деца што имааш 6+ години и нормални во градба, ќе се изгуби. Вака умствено е топ, одличен е, капира брзо и лесно, зборува веќе солидно, учи многу лесно, ама ќе видиме како ќе биде понатака.
Каква врска има килажата, еве не знам. На училиште не копаат, ниту пак крави молзат, за да овие крупниве се поспособни. На училиште развиваат мозок. Тоа дека родителот сакал, па овие од проценка дале потврда, ми е, кхм. Ако детето е со типичен развој, не гледам зошто би седело дома уште цеееела година. По воља на родител. Ако е детето напредно и има интерес, сум да оди порано во училиште.
Можда затоа што ни нозете нема да му допираат до земја, нема да може да отиде во тоалет сам на 5г и 9м или не знам... 8 саати е во училиште ипак.
Ке мора матичната да ја прашаш, лично немам искуство и не знам каде треба да се оди. Децата целосно спремни тргнале на училиште. Причината зошто се мачеле со читање не треба да се наоѓа во возраста. Или е до учителката, или родителите не работат дома (а факт е дека треба за да го совладаат материјалот). Или пак децата имале потешкотии и не им е пружена помош. Кога се бебиња, 2 месеци прават огромна разлика. А веќе на 5-6 месеци, таква мала разлика не менува ништо.
Ситно дете засекогаш ке е ситно. Колку може да порасне во цм за 1 година? Другарки имам, возрасни жени се високи 155-157. Целото нивно школување биле најниски, баш баш ниски. Столчето како предмет, никогаш не било пречка да се сега образовани личности, од кои едната магистар. Деца родени во декември не се повеќе или помалку развиени од тие во јануари, но граница мора да има.
Утре сме на офталмолошки преглед за прваче имаме и упат меѓутоа имаме проблем со осигурувањето,дали можам да си платам со тој упат како приватен преглед или морам да барам друг?
Ќерка ми е родена во јануари, со 6г и 8мес ќе тргне во прво одд годинава, па пак е малтене најмала од цела група. Џабе е најстара пак е најслаба и најниска. И лани била и догодина ќе биде најмала. Не мислам дека тоа е клучно. А психички колку е спремно детето е поголем фактор, ама како што има деца што се спремни и на 5ипол, ќе има и такви што не се спремни и на 6ипол години. Пак точната возраст не е толку битна, секое дете е своја приказна. Да била родена во декември, колку и да не ја сметам спремна, ако е здрава права со сила да ја правам уназадена со потврда ми е лудост.
Е тоа ми беше прашање, нели вадење потврда со сила да не речам, носи некакви последици, останува некаде запишано, со дијагноза ли е? Имам во соседството детенце што е декември родено ама по препорака на логопед прескокнува година затоа што има потешкотии во говор и сеуште фалат одредени букви да се исчистат. Ама за комплетно здраво дете е друго. @MilaSs12 , и на 2-3 години месеците прават разлика. Денес бевме во игротека со семејството на колега од работа. Моево дете родено јануари 2023та, неговото 30ти декември исто 2023та. Теоретски за неколку години ќе се израмнат и бидејќи сме во иста населба би учеле во иста генерација. Ама моментално моето со скоро 2,5 години и неговото со 1,5 година се небо и земја. Едно тек проодено, другото уште на лустер не е качено. Едното цели реченици кажува, другото тек сега оформува говор. Што би се рекло моево е развојно поблиску со детето на @AngelOfArh затоа што и се разлика од неполн месец по раѓање, а различна година. Отколку со ова од примерот со кое се во иста година родени ама за по 3-4 години ќе видиме кое до каде е. Живи, здрави. На мала возраст и недели менуваат, а не пак месеци.
Ама на 5ипол и 6ипол не е толкава разликата. Со причина во градинка до 2ипол се јасли, сите на купче, а после тоа по години се групирани. Ќерка ми има братучед 3 месеца постар, ама различна година. Завршува сега прво одделение, мојата сега ќе почне. До лани она, освен физички, во се беше пред него. Сега он чита и пишува, собира и одзема, она нормално не зошто во градинка тоа не учат. Така да секој со генерацијата ќе си влезе во шема.
Грешка во пишување, мислев на 5-6 години. Генерациски, како што напишала Спиди, ке влезат во шема. Некои деца ке останат детулести до кај 3 одделение, и апсолутно не може да ги чекаме децата да покажат интерес. И секогаш има деца кои се интелигентни и ке го совладаат материјалот веднаш и без мака, додека други ке имаат потешкотии. Ке има деца кои се крупни и оние ситните нема никогаш да се израмнат со нив. Ке има деца кои имаат афинитет кон спорт, а цртање ке им е тапа.
Не знам што ви е со муабетот крупни и ситни и разлики меѓу нив. Но,нема апсолутно никаква поврзаност помеѓу когнитивните способности и тежината или висината на децата.
Точно, истото го кажав. Ако одиш некое мислење погоре, кажав дека на училиште вежбаат мозок. Така да, висина и тежина се тотално небитни.
Ангел, јас бев твоето дете. Додуша ние покасно почнуваме нели, ама јас бев најситна и најплава. Во октомври сум родена, што значи сите скоро беа постари од мене,освен оние 94 што беа родени. Е јас читав во забавиште, поголеми имаше, што не читаа. Ама имаше и помали што беа како мене. Ќе видиш колку е дете спремно психички, физички, ќе се снајде.
Можеш да. Ке си одиш во установата кај симпо што е, мислам дека младост се викаше и ке објасниш како што е со зборењево, ке си побараш потврда да ти дадат дека неможе уште да зборува убаво, еве тоа што напиша ти и ке ти со таа потврда ке можеш да го одложиш школото за една година
@Soncka :) оди во Завод за Ментално Здравје во Скопје (кај бившо Симпо) или Логопедот ако работите со некого за да го средите изговорот ќе ви каже каде да одите за таква потврда. Неправилен изговор на букви не е пречка за поаѓање на школо ако детето веќе работите со логопед. Тоа се средува. Ако не работите тогаш почнувајте веднаш и направете проценка на развој. @AngelOfArh физичкиот развој не е мерка за поаќање во школо. Мојот е во Јануари и тргнат со претходна генерација. Има деца што се постари од него 6/7 месеци а се пониски од него. Годинава има девојчиња кои покрај него изгледаат како да му се мајки. Општо девојчињата сега веќе физички навистина се поголеми од момчињата, иако и таму има исклучоци на многу ситни девојчиња. Побитно е когнитивно и емоционално дали ќе биде зрел, ама ако оди во градинка ќе биде (поголем проблем се оние што се дома чувани и не знаат како со деца без возрасни, не знаат дека треба да се слушаат наредби од учителки). @Cherry333 за да биде спремен за школо не треба да знае да пишува. Треба да знае форми, препознавање на букви (дека се букви не мора да ги знае буквите), препознавање бројки, снаоѓање во простор, бои, животни, растенија, да знае да се изрази усно, да знае да седи на столче и да се заигрува едно 10 минути сам, да слуша наредби, да комуницира со деца и слично. @Miss_S сосема е во ред деца да совладаат течно читање дури во второ одделение. Во прво во второ полугодие почнуваат да учат букви. Не е за очекување одма да почнат течно да читаат.
Ги препознава буквите, само не го интересира да пишува се уште. Само првата буква од неговото име ја знае да ја напише и толку. На тестирање му рекоа да си го напише името, не го направи тоа. Инаку се што пиша погоре му е ок, убаво си нацрта, убав муабет направи со тие, бои препозна, песничка им изрецитира. Ама ми рекоа ако сакам да одложам од социјален и емоционален аспект, дека можело. Не знам што точно сакаа да кажат. Може дека е многу ситен, ама не верувам.. Ако може со одење во Симпо, не сакам да одложам, ок си е детето. Го запишавме, спремни сме да почне ама така неубав муабет ми направија.. Не е ништо помалку спремен од деца негова генерација, баш и поснаодлив е и почисто зборува од повеќето идни првачиња во околината. Само е многу поситен, тоа е.