Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    137.181
    Пол:
    Женски
    Исто, но ако имаа и 2цата родители лична карта на иста адреса тогаш не можеше да се оспори уписот.
     
  2. holly33

    holly33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    801
    Ви благодарам многу на одговорите девојки
     
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.875
    Допаѓања:
    18.743
    Пол:
    Женски
    Оваа година е доста затегнато за реонизација.
    Ако сакаш да си сигурна, извадете лични карти на адресата на твоите родители.

    Ако лична карта е на одредена адреса, не можат да оспорат упис.
    Без разлика кога е извадена. Лична карта издава државен орган, а училиштето нема што да мисли дали родителите купиле стан пред 2 месеци или отишле пред кирија.
    Ние извадивме карти кратко пред упис, никој не спомна ништо за датум кога е вадена.

    Зошто некој избегнува одредено улилиште? Од искуство знам дека никој не бега од убаво, па ако училиштето се бори за деца, има причина за тоа.
     
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.875
    Допаѓања:
    18.743
    Пол:
    Женски
    На увид е потребна 1 лична карта. Зошто би барале лична карта од 2 родители?
     
  5. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.145
    Допаѓања:
    137.181
    Пол:
    Женски
    По логика дека коа едниот мења би сменил фиктивно, ако се 2цата е поверодостојно. Најавија и инспекции од општината. Е сеа колку реално ќе се спроведе сето тоа и дали има правен основ не знам.
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.875
    Допаѓања:
    18.743
    Пол:
    Женски
    Разбирам, ама каде бараат 2 лични карти? Секаде стои дека треба лична карта од еден од родителите.
     
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.533
    Допаѓања:
    7.307
    Пол:
    Женски
    Не е од лично искуство моево и не се работи за во Ск.

    А да, од блиски кажано верувам дека не ме лажат, им ги проверуваат и по датум на вадење личните карти.
    Во помал град сме, општо е познато дека во широк радиус се избегнува конкретното училиште.
    Повеќе детали не би пишувала јавно.
     
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.875
    Допаѓања:
    18.743
    Пол:
    Женски
    Ти верувам јас се и не барам детали.

    Ама ако јас имам лична карта на одредена адреса, и ако моето дете реонски треба да оди таму, нема сила која ке ме спречи да го запишам таму.

    Прашале луѓето да им извадат закон каде стои дека со "тазе" лична карта немаат право да го запишат детето?

    По таа логика, со нова адреса, ни во несаканото училиште не можат да го запишат.
     
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.533
    Допаѓања:
    7.307
    Пол:
    Женски
    Е, па тука е случајот што луѓето од Х причини бегаат од реонското училиште и сакаат во други.

    Фактички сакаат да извадат лични карти на други адреси и вадат за реонското училиште да го избегнат.
     
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.875
    Допаѓања:
    18.743
    Пол:
    Женски
    Се ми е јасно, верувај.

    Прашањето ми е друго: ако МВР издало лична карта, дали училиштето има правен основ да каже дека со нова лична карта не може да се запише во училиштето каде припаѓа реонски?

    Од муабети е едно, ама како училиштето ке докаже дека јас не менувам лична карта затоа што сум сменила живеалиште?
     
  11. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.533
    Допаѓања:
    7.307
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам и во другите градови е исто. Кај нас според адресите на живеење стасува покана дома дека детето е на список во тоа и тоа училиште и треба да се запише таму.
    Е сега бидејќи родителите не сакаат таму, нели бараат исписници. Училиштето тоа реонското, не дава исписници за децата да се префрлат во друго училиште, зошто фактички ова првото останува без ученици или со многу мал број.
    Е тука настанува проблемот што после провлекува менување документи, па докажување кој зошто сменил итн.
     
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.875
    Допаѓања:
    18.743
    Пол:
    Женски
    Како ке докажат зошто сум сменила лична карта?

    МВР ми издава лична карта, како може училиште да ја спори легитимноста?
    И причината зошто сум ја сменила?

    Едно е да немам валиден документ и на жими мајка да кажам јас живеам таму и сакам детето да учи некаде.
    Ама ако имам документ, кој смее да ме распрашува? Одговор: НИКОЈ!