Vo sekoja opstina se slicni mislam. Najeftinite od Prosvetno kaj nas bea, ako najdam slika ke stavam. Ne se kvalitetni, onakvi golemi, ubavi ranci kako na Gabol na primer. Obicno rance. A do treto cetvrto nosat mnogu materijali taka da ne veruvam ni deka ke sobere nesto mnogu. Nie za na ekskurzii koga odi go koristime za gricki i sokce. Edit: vakvi. Ova zboram za druga opsitina ne Centar, ama veruvam deka sekade e isto.
Во Кисела Вода беа од Просветно дело на Scool. Не се лоши, иако мојов имаше уште еден и повеќе го носеше другиот. Помалиот лани уз брат му бараше и он ранец, прибор, тетратки... и му купуваа и него. Сега не сака да разговара на таа тема, за се вика јас си имам
Такви беа само за нашата генерација, сега се малце поубави. Исто се од просветно дело. Плус има и прибор внатре.
Лани во Кисела вода не беа вакви. Женските беа со еднорог, машките со нешто друго (диносаурус, кола, некоја машка тема не се сеќавам), ама мене убави ми се видоа. И големи мислам, сосема доволно за сите книги. Внукот почна лани прваче, кај него го видов, не знам детали дека не сме збореле како издржал ранецот годинава, ама мој прв впечаток беше дека беше убав ранец. Ќерката годинава е прваче, неделава кажаа дека пак ќе даваат ранци од општина и немам намера да и купам, мислам дека тој што ќе и го дадат ќе биде добар.
Ubavo cim se opravile malku Jas od merak sve i svasta iznakupuvav togas uste vo avgust. Ranec biravme dve nedeli eve sega cetvrto ke bide pa pocnavme da kupuvame
Се собравме генерацијата тука со првачињата. Пораснаа децата. Можеби имате пишувано но наназад не сретнав. Што е потребно за прваче во смисла прибор и опрема. Ранец поголем зедовме, кутија за оброк, шише, чанте за моливи и боици. Што ни треба од прибор?
Очигледно во сите училишта различно. Негде тетратки голем формат негде мали... Јас го чекав списокот лани и купивме по него демек да имаме се што треба. Беше генерално скромен за разлика од некои списоци што кружеа на фб и за кои се крена фама, ама затоа следните десетина дена секое попладне трчавме да докупуваме. Таман ќе си дојдевме дома ете порака од наставничката "за утре со патики, црни тренерки и бела маица за физичко", "за утре тет. голем формат без линии за англиски"... Оваа година планирам да ги купам основните работи (што памтам од лани) па отпосле само да докупиме тоа што ќе побараат. Тетратки без линии, коцки, почетно пишување, блок бр 2, колаж, дебели листови во боја, боици, фломастери, водени, темперни, пластелин, глинамол, линијар, ножици, моливи, стик лепак.. Папка за наставни листови, куферче за приборот по ликовно. Патики, црни тренерки, бела маица
Јас како што слушам од мајки на првачиња, во прво се цело време со учителките. И на одмор и на ручек.
Цело време се учителките со нив. Нашиве многу внимаваат и јас сум задоволна. Плус секој ден ги вадат надвор минимум по 1 час. Е сега имаше лани мал инцидент, додека биле надвор пуштиле 3 дечиња по потреба (во тоалет). Деца ко деца се закошкале и едното скрши рака па по ова уште построго ги држеа. Моево сега во второ беше и на камп со нив.
Децата ни пораснаа И мојата мала ќерка од септември прваче. Ќе ја однесам да си избере ташна, со тркалца би сакала да ми препорачате шише метално за вода квалитетно. ама да не е прескапо. Пред некој ден ми излезе шише со Биби и Боби со цевче е горниот дел ама шишево 1600 денари Друго не би купувала, ќе чекам да ни кажат во школо што ќе треба
Ви ја разбирам возбудата мајки, кога децата поаѓаат во прво одделение стануваме свесни дека пораснале и дека дошле до време во кое ќе учат, развиваат одговорност, ќе запознаваат нови личности... И кај нас започнаа подготовките околу новата учебна година. Ранецот од минатата година е скорз нов и здрав, си го сака и со него ќе оди. Нов прибор за пишување ќе земеме, шише и кутија за храна, веќе купивме фломастери, боички и друга опрема за која знам дека секако ќе треба. За тетратките и се останато ќе почекам список од учителката и значи септември тоа ќе купуваме. Воглавном едвај чекаме да започне училиштето. Прочитани сите лектири уште од јуни, си вежбаме пишување и решавање задачки... преодговорна е , сама бараше често да работиме и за време на распуст. Прво одд. мене како родител ми беше напорно, не пак на децата. Стално диктати, пречесто тестови, секојдневно читање текстови и нови информации... Ама работевме многу и дома и во училиште , затоа и се постигна што беше предвидено за прво одд. Сега во второ ... очекувам дека ќе е исто Пак работа дома, пак тестови, ракописни букви Со среќа на сите првачиња, нека имаат успешен почеток и брза адаптација. Со среќа и на сите други ученичиња, нека и оваа учебна година се стекнат со многу знаења и успеси. Со среќа и на родителите, наоружете се со трпение и нерви ќе ви биде потребно.
Каде има боички Big? Второ, дали за првачињава е попрактично во еден комплет голем да имаат се (фломастери, дрвени, гума, молив) или се посебно ќе зимате а прибор мал само со гума молив острилка. Трето прашање, торбички за физичко од оние платнените со врвка ли? Во офис ги видов. Шише Стенли да му купам или ќе го изгуби. Air tag ќе ставате или само ја сум откачена? Се гледа по постов колку ми е хаос главата. И за крај, идат ли сами у веце за број 2? Мојов не. Научен е дека после тоа треба да се мие нејќе да помисли да научи Хелп… Ако има некоја мајка на втораче да сподели список од лани да видиме одприлика што има во тие списоци зашто сме нетрпеливи малку. @Sofi.ja ќе ја тагнам може да знае, или некоја мајка на втораче нека даде совет. @emkaemka мислам има втораче исто. Ах , градинко прекрасна…
@The Unicorn Погоре го напишав списокот од лани за првачиња. Јас оваа година имам и втораче и прваче. Инаку шишиња само саглам му давав лани на првачето, не изгуби ништо освен два моливи. Прибор најпрактичен ми беше тој со три патенти, му менував боички, моливи, гуми... ама најпрактичен беше (со оглед на тоа што постојано имаше желби и пробуваше и други). Торбичка за физичко таква имаше, пробавме ранче ама не собираше а и понеделнички имаше три ранци така. Забегана сум и јас ама Air tag не ми паднало на памет. Во училиште не смеат да влегуваат родителите, значи само оние се внатре. За одмор генерално ги држеа во училница а попладне ако ги носеа надвор беа со наставничките. Значи сами не ги пуштаа нигде. На @emkaemka мислам трето ќе е Списокот: Тетратки без линии, коцки, почетно пишување, блок бр 2, колаж, дебели листови во боја, боици, фломастери, водени, темперни, пластелин, глинамол, линијар, ножици, моливи, стик лепак.. Папка за наставни листови, куферче за приборот по ликовно. Патики, црни тренерки, бела маица
@Minnie 99 Значи за целодневна му требаат два ранци? Еден на тркалца за понеделник и петок и еден мал за секој ден. Во овој малиов ранец за секој ден вода и нешто за ужинка? Му ставаше нешто маичка плус во ранче за ако се измокри или нешо? Нешто од приборот/тетратките носат секој ден дома? Целодневна како што знам имаат појадок и ручек, за ужинка не сум сигурна. Дома со нив вежбање само за викенд? Сори, те нападнав со прашања
Друга имаш цитирано ама небитно . Еден голем ранец за книгите што го носат во понеделник и враќаат во петок. Со тркалца или без е твој избор, )секако ги носиме до пред врата, а често и наставничките им помагаат внатре), јас оставив он да избере. Неколку пати се премисли и на крај одлучи да е без тркалца, не бил мал Друго ранче, помало, носеше секој ден. Вода, ужинка (овошје), паломи, влажни, тефтерче да си запише ако нешто треба за наредниот ден и сл. Кај нас на почеток не дозволуваа ужинка ама откако се буневме дозволија. Ја јадеа на голем одмор и евентуално после завршување на часовите, после 14:30. Маичка резерва не сум ставала, ама секако можеш ако сметаш дека треба. Дома не носеа ништо во текот на неделата, немаа домашна ни за викенд. Освен препорака да си вежбаат. Од другите одделенија гледав дека им даваа тетратки за дома (дали на сите деца или само тие што не постигнале не знам).