Што баш Биг боици? Лани со Битолско млеко даваа некои боици, појма немам име, ептен добри Чантичка со прегради, се што ќе собере, мојов има од Офис, со ранецот комплет, со редење е боица до боица, ич не е нежен, ама нема мрднато чантичето. Практично, боици, фломастери, молив, гума, острилка, мал лењир се собира. Лепак и ножички, поголема острилка со кантичка, молив резерва носи, во друго новчаниче. Инаку пишува со тенкоминец, со тоа острењето на моливи и секој ден по 1-2 нови моливи раскрстив, сега купувам мини и е далеку поекономично За физичко има да, такво со врвка. Шише за вода носи "скапо". Не изгубил мојов ни молив, не па шише да му снема. Таг не носи, сум помислила, ама ќе искочи дека ќе има нешто за фалење Нема ни потреба, седат строго цело време со наставничка, на одмор нема надвор. Од септември ќе смеат надвор, ама сепак не сметам дека ќе треба, ќе се види. По голема нужда нема шанси да иде во школо, па пар пати ме извикале да го земам. Среќа ако не јас, има кој да ускочи.. Ранец има на тркалца. Ептен практично. Во дневен престој оди, со тоа што може книгите да седат во училиште, ама он не ги дава, не дава ни наставните листови да седат во шкафче, па се си носиме Резервна маичка и блузичка кратки/долги обавезно носи, плус палома, влажна, лабело, клуч од дома. Се храни во училиштето, но обавезно му праќам и некоја грицка, бонбонче, колаче. Има кутија со прегради, па ја полнам. На мал одмор, ужина се тоа се јаде, дели, менува, долг е денот до 16ч седи. Обавезно му праќам и мало млекце или јогурт. И да, третаче ќе е Јас пред 1ви септември имав купено само ранец, чантичињата, шише за вода. Првиот школски ден ни дадоа список, заправо од Општината дадоа и комплет материјал, буквално ништо не требаше, сем тетратки. Ама муабетот ми е не купувај ништо, ем и ќе добие, па ќе докупиш, пар нешта што ги доби на поклон уште немаат намена, пример водени боици, никат не употребуваат тоа. Првите 2недели едвај и идеа во школо, речиси и ништо не пишуваа, ги адаптираа. Така да ќе имаш време за се. Со лесно
Другарки каде да најдеме тетратки со Stitch? Друго сè купивме, комплет, уште тетратки ни останаа. Мора да се со Stitch!
Офис нема? Имаше мојов лани од таму со Стич, неколку видови знам беа. Голем А4 формат, за мали не знам. Во потребни ствари заборавив да кажам да купиш крпи за јадење, носи и тоа, на тоа јадат, да постелаат првин. Јас имав купено мали кујнски крпи, некои носеа пешкирчиња тенки. Ранецот најдобро со повеќе прегради. Со три е на мојов, па во едната книгите, во другата храната, крпата, млекото, напред маицата и паломите. Има и чантичка за храна, ама уште тоа да макнам секое сабајле немам намера
Во Офис плус гледавме шишиња,мојот ова го бендиса 790ден беше,го сликнав да го запамтам и да го имаме во предвид. За список некој погоре праша, секое училиште прави свој список,од прилика е горе доле тоа што беше набројано во претходните мислења. Ако имате желба пред први септември да купите нешто, нека биде тоа несесер за прибор,моливи,гуми,острилки, фломастери ,дрвени боици, тетратка за почетно читање и пишување, шише за вода. Се останато ќе може да докупите откако ќе ви го дадат списокот и ќе биде прецизирано кој формат тетратки, каков тип на лепак, дали водени или темперни бои итн.
Не вредат овие за тие пари. Најдобронамерен совет оти се изнанадов пари за истити бирајќи по дизајн. Сите можни шишиња ги имаме од офис. На крај му нарачав од КулБотле. Супер е. Ја држи водата свежа и ладна. Го носи во школо, на тренинг, по улици со него. Или од Ватердроп имаме за нас. И тие се исто супер. Со детски немам искуство. Знам дека имаат. Ги гледав и Стенли ама ми личеа многу гломазни и големи. Сакам да ти кажам ако ти се дават пари за шише земи некое кое ќе ја држи водата топла/ладна и нема да се умириса за брзо.
Гледав да биде практично за одржување,да не биде со цефка, туку како за бебињата со клунче Фала на совет,ќе разгледаме
Па шознам дали вреди. По мене да. Оти над 4-5 шишиња имаме купено и од Офис и од некаде рандом што бендисал. Сите се или пластика или од металот кој по некое време замирисува и не ја држи водата ладна . Ова сеуште не мириса. Свежо е се што сум му ставила внатре. Нема вкус од самото шише. Не се крши. Челик е. Го има чукнато и гребнато ама се на се здраво е.
Фала оти ние секако ги даваме тие пари, ќе купиме 3-4 шишња по некоја 100ка ете ти 1400-500 ден. Вака бар едно земаш ама да биди вредно
Вреди, од коа го имаме тоа година ипол немам друго шише купено. Челик е и не се крши, не прима мирис, лесно се чисти (со него иде четкичка) и држи темп на вода. Може на прва личи скапо, ама коа ќе соберам пластични што се имам купено, ни на пола не е шишево. Ги имам двете големини, многу малку е разлика во цена. Ама помалото му е попрактично за на школо носење
Само онлајн ли ги има овие? Лани од бебе супермаркет му земав едно, тука негде беа со цената, мислев сега пак такви ама би ги пробала и овие.
@duffi @CooperD Cool bottles какво капаче имаат? Цевче или ? Гледам дека има и да се докупи посебно цевче или капаче ама како доаѓаат детските од 350мл не е објаснето. 350мл или 500мл имате за прваче?
Со две капачиња доаѓа. Обично и со цевче. Нашето е 260мл. По мене сосем доволно да им тежи дополнително во ранецот. Еве сликче. Спојлер: Слики
Купен ранецот,земавме од Просветно дело на Габол. Вистина се гледа многу квалитетен,па ќе видиме како ќе се покаже. Од кој тип ташнички за прибор сте задоволни? Имаше со еден,два и три патенти,полни,празни,со еден патент па уште два дела лево и десно што се отвораат ... Продавачката вика сите се ист квалитет,од картон направени(оние што изгледаат како тетратка). Земавме еден празен со три патенти по желба на првачето,но воопшто не ми личи дека ќе го користи долго,т.е. дека брзо ќе се расипе. Мене ми се допадна нешто вака,ама не видов ваков тип во Просветно дело.
Со 3 прегради имаше моето до декември се искина, цело од хартија, лепев со силикон Ова на сликата гледа ок ако најдиш некаде пиши.
Мојот има вакво од просветно ама не ми се виде практично зашто малку собира. Најискористен му беше тој со три прегради (купен од Џамбо полн ама го испразнив и полневме по потреба со gioto, maped...) инаку ме изненади квалитетот, би му купила нов за оваа година само затоа што како ги вадел/ставал боиците и моливите е исшкртан инаку е како нов.