Која цена се движат во Џамбо? Во Просветно празното беше 290ден со 3 прегради ,полно со една што се отвара дупло беше 500ден
Овој беше 1000ден лани (годинава не сум била сеуште во Џамбо). Ич не сакав од Џамбо да зимаме, посебно зашто и приборот внатре не ми се свиѓаше ама синко запна (на црвеното кругче ако стиснеш има сијаличка кај окото и свети) и попуштив, како и за останатите неколку . Ама како што кажав овој најкорисен испадна (дека се му собираше внатре). А за од просветно на овој мислев
Дајте ми предлог поклон за прваче да не е гардароба и ранец? За машко и женско ми треба. Гледав некои термоси и кутивчиња за храна ама не е доволно, блиски ни се.
Можеш еве од шишиања за вода што ги зборевме, поскапи се и квалитетни. Cool bottles Во литература.мк има интересни работи, додатоци, пример чаша за моливи, некои оргранизери за биро, глобуси... Во литература исто имаш едни картички за помагање при учење собирање и одземање. Ептен ни завршира на нас работа, цела година ги користевме. Сет едукативни сложувалки - Собирање и одземање побарај. На Тополино имаше една дрвена азбука - Мојата Прва Азбука на Македонски Јазик. Имаш на фб како пакети за првачиња, различни комбинации со персонализирани работи.
@The Unicorn сакаш airtag за детето да го следиш? Мојов ќе носи саат со локација и можност за повик. Мислам дека е доволно.
Само ли ќе оди детето во училиште? Обично на ученици од помалите одделенија не им се дозволува да носат скапи часовници(паметни) или мобилен телефон. Секако до 3то одд родителот е обврзан да го носи и зема од училиште
Што им се облекува надоле вообичаено (што носат униформа нагоре секако)? Немаме многу фармерки за менување, секако планирам некои помеки пантолони да му купам, ама одат ли пример со тренерки? Во градинка многу комотно го облекував, сега кој знае како ќе биде, тој ни за по родендени не сака класични фармерки или пантолони да носи..
Фармерки. Од тие меките од зара, многу се комотни. Имаат и хм такви. Некои помеки пантолони. Тренерки не. Не личи кај нас со горниот дел од униформата. А и мене некако не ми иде иде тренерка за школо
Моиве само тренерки носат, малиот некогаш знае фармерки да носи. Ама тоа ретко. Како им е удобно, така се облекуваат.
Јас имам ќерка прваче, воопшто не мислам дека ќе оди со фармерки секој ден. За женските е полесен изборот, ќе носи хеланки, ама здравје синот кога ќе дојде до прво одд јас би го праќала во тренерки.
И ние сме во план да земеме. Планирав myki ама го немаат ни А1 ни Тмобиле. Каков земавте? Анхоч гледам имаат, ама се мислам кој.
Синко цело прво одд го помина во тренерки, ама овде немаат униформа па си одеше комотен. Фармерки кога носи за родендени му сметаат, не пак секој ден на школо. Навикнат од градинка да е во тренерки, и сам бара сега исто да се облекува.
моите двете не сакаат фармерки на школо големиот еве сега 7мо одд и се само по тренерки е а горе униформа. Малово исто планирам по тренерки зашто ќе е во целодневна и да му е комотно. Па понатака сам ќе си каже инаку досега ептен ретко и фармерки носел посебно ако е на роденден
Истите тренерки од градинка си ги износи, тие што му чинеа, ок купивме и нови нема кај нас униформа, ама имаа 3 дена физичко и ни кажаа тие дена што имаат ФЗО да носат тренерки. Чат пат другите 2 дена носеше фармерки или пантолони колку за промена ама претежно во тренерки беше.
@Cherry333 јас бев многу против тренерки во школо. Се знае дрес код и за училиште јас никогаш во живот немав облечено тренерки Но денес децата седат буквално цел ден од 7.15 како го оставаме до 15-16.30 зависи кој кога ќе го земе. Гледам да му е удобно , му земам фраерски тренерчиња со џебови некои Три дена имаат физичко и ни наложија а и попаметно е тој ден да носат црни тренерки за да не се пресоблакаат само И нагоре униформа што мене лично ми се допаѓа премногу
2 пара од Reserved му порачав сега за на школо, тренерки се меки премеки, не личат на тренерки воопшто овие и тоа по 500 ден беа намалени. Исто и патиките 550 ден беа.