Водени бои да препорачате добри? До сега му земав некои до кај 100 денари, ама не се нешто вау. Има некои добри или сите се исти горе-долу? Гледам на Штедлер се скоро 300 денари.
Има ли некој задоволен од детскиве саати да ми препорача? Анхоч се спомна тука дека не биле точни со локацијата, па земавме од Техномаркет, Гарет некоја полска марка. Се супер саатот, дете прерадосно, ама локација за цели 3 км утка. Во спецификации вика 5 до 10 м може да утне, ај ќе толерирам и 50м, ама 3 км не. Буквално на точка на автопат ми ја даде, а детето до мене беше. Си викам па ова да се случеше додека е во школо јас ќе се шлогирав, ќе мислев ја грабнал некој. Myki одамна го нема, гармин гледав, ама тие не се со гпс, повеќе е како фитнес саат. Има во Нептун нешто на фуего мислам, ама ако сите се вакви не знам дали вреди. Таг мислев да и земам, ама тој па на блутут е, до 120 м.
Имам земено на мојата пред 3год од техномаркет, околу 2400ден беше. Локациски кога е надвор дава точна локација, кога е во затворен простор не дава точна локација ни приближно каде што се наоѓа. Повеќе го користиме за јавување. Овој модел е
Ова како што гледам не е тој Гарет. А не беше ни ефтин тој, скоро 5000. Значи не им е точна локацијата на саативе, барем да не се нервирам. Го вративме тој, ќе барам нешто друго.
Не овој е ldk d900. Гаред го бев гледала во анхоч и бев решена тој да го земам, но пред мене другарка го зеде на детето и многу тешко го поврза со телефонот, заради тоа се предомислив зедов поефтин. Разликата е тоа што тој саат има и видео повик а овој на лдк нема таква опција. И тој на герет кога е во затворен простор (LBS) не дава точна локација. Пример детето и е во училница а да ти покажува дека е во друг град. Кога е надвор на отворено под GPS дава точна локација ама на 1мин му се менува локацијата ако се движи, не е во реално време. Ако ме сваќаш што сакам да кажам. Најмногу го користиме за кога завршува со училиште да се јави, и кога е излезена со децата на парк да и се јавам да ја проверам или да ми се јави ако има потреба. Е бидејќи е на отворено тогаш знам да ја проверувам локациски. Исто имаш од апликацијата опција да направиш слика, т. Е саатот слика со камерата и ти стига на апликацијата сликата па и така може да видиш дали е во училница или не.
Јас сакав да го носи мојот на првата екскурзија (во школо не го носел). Среќа вечерта пробувавме дома и исто го вадеше со скроз друга локација. Пробавме и на друг (и помалиот има само друг бренд) тој вадеше малку поблиску ама пак немаше врска со реалната локација и баталив. Би пробала bella што вика на отворен простор дали се точни евентуално
Ви кажав јас дека се катастрофа детските саати. И тешко е поврзувањето со нашите мобилни (често не се ни вклучува апликацијата), не дава точни податоци, не држат батерија....
Искрено да не ме сфатите погрешно, не знам зошто би ви требале саати кога во помалите одделенија се на безбедно цело време со наставничките во школо и претпоставувам вие ќе ги носите и земате. Кај нас до трето одделение додека беа во целодневна никој немаше саат , и не знам дали дозволуваа. Е од четврто кога преминаа во класична почнаа да носат некои саати,некој телефон ама се жалеа исто вака на локација,ние тогаш и дадовме стар телефон од нас со апликација да ја гледаме и колку да ни се јаве и јавиме бидејќи сама си одеше и идеше од школо и по дома.
Кај нас, од школо до целодневниот престој има 3-4 мин одење пеш. Коа не е добро времето ги носат со кобме, ама претежно одат до таму. Не дека и тоа не е безбедно, пак се со учителката. Ама ете има деца што тргаат на школо на 5год, деца што не се толку одговорни, па наместо да замараш учителка дали стасале таму, дали е се океј, се јавуваш на дете Исто, имаше дечиња со потешка адаптација, што плачеа на час, па носеа саати ете демек може да ѕвоне на мама, така се осеќаа посигурно.
Не ме сфаќајте погрешно, ако мислите дека потребно е да го следите детето со локација или ако мислите дека детето треба да може да се јави на мама додека е на школо на 5-6-7 години, мое мислење дека не му правите услуга со тоа. Кога ќе почнат сами да одат накај училиште и дома, да, ама додека мора вие да го носите до врата и е со учителка цел ден, нема потреба од саати и телефони. Таму е да учи и да се дружи. Јас сум во план да и купам саат понатака, кога точно не знам. Во прво одделение, најверојатно и во второ, дефинитивно не.
Ќе кажам лично јас зошто купув. Во мало место сме и на почетокот јас ја носев и ја зимав, арно ама почна учителката да ја пушта порано, а не секогаш не известуваше или ќе ја задржат повеќе ( пр. 15-20-30мин), а јас чекам пред училиште. Заради тоа најмногу и го зедов. Кога ќе заврши да се јави па да одам по неа, сега веќе и сама и си иде со другарчиња ако е убаво времето. Па да знам дека завршиле со училиште и си иде дома. Бидејќи овде не секогаш се до 12 или 13-часот. Бидејќи како кога ќе им текне на наставници така ги пуштаат од 11ипоч до 13-часот најкасно. Некогаш си излезен од дома по обврски и едноставно мораше да и го земам. Почна да оди и со другарчиња да се дружи надвор, па го користам за да и се јавам или јави ако сака нешто. Не толку за локација колку што за ало ало. Во училиштето телефон не дозволуваат, но за саатот не прават проблем. И кога си игра по практично ми е со часовник него ли со телефонот да ја пуштам.
Ја не знам како не сте ја запалиле школата до сега. Ти и сите родители!!! Како тоа деца ке пуштаат порано од школо?!?
Кај нас секогаш учителката пишува доколку ги пушти порано.И чека со нив надвор се дур последното дете не замине .И тоа се раб за деца од 5 одд.Одговорност.
Колку пати учителката и пред децата е заминета од училиштето. А не да чека и последното дете да го земат. Ама ај не ми се зборува, само нервози добивам кога зборувам затоа што тој што треба ја да превземе работата на едно уво си спие.
Секаде. Прво локално кај директор, градоначалник, потоа си има минстерство и телевизии. Тие учителки земаат плата да државата, и не може да се дозволи деца од 1-2-3 одд да се без надзор.
Кај нас во прво ни кажуваше секогаш кога да ги земиме децата. Ако требаше порано пишуваше во групата. Нема шанса така да пуштат само дете, бар во прво одд, сега во второ одделение е во централното училиште и многу ни е блиску нас, па од прво со дедо му изгледа ќе се испраќаат, за една недела две се надевам сам ќе оди ќе се враќа
И кај нас прво полугодие пишуваа кога ќе ги пушти, најчесто 1-2мин пред пуштање. Пр пишува сега дека ги пушта. После тоа во второ полугодие престана да пишува. Тоа кога беше прво, за во второ кога беше не ни пишуваше.