Јас лани му направив за дома, го сликав дома со моливче, плус направив банер со моливчиња. И маичка имаше за дома. Моливчињата од политанки се правени во чоколадо мрцкани торта немавме. Таму никој не носеше.
не смее да ги пушта порано или да ги задржи без претходно известување. Ние сме во мал град ама ако има плус настава или да треба уште малку да се остане наставничката/учителката најавува во вибер група. Учениците до 3то одд не излегуваат надвор додека учителката не види дека некој родител е дојден да го земе. Тие во целодневна се друга прича. Не даваат на секого да земе дете. Едно дете има фора да запише 3ца полнолетни кои ќе го земаат. И проверуваат. А тоа со саатите или телефоните мислам дека е тотално непотребно. Во времето од село во град оделе деца пешки сами без присуство на возрасен. Како што кажаа погоре самите родители ги носиме и земаме така да нема потреба од дополнителни апликации за следење
Јас и направив на ќерката, планирам да и го дадам дома кога ќе дојдеме после првиот школски ден. Ако мислиш на училиште дали се носат, зошто би го носела до таму само да го држам во рака и после дома да си го донесам? Дома ќе си направам украси од балони, нарачана е торта, ќе дојдат братучеди и баби на гости да се одбележи денот. Лани за внук и за кумашинчиња исто им правев моливи од хамер и им ги однесов на први септември попладнето дома.
Никогаш не ни боеле со водени бои кај нас. Од 1во се со темперни, немало никаков проблем, не видов некое дете прв пат да се среќава со такви бои. Каква е таа "нормална цена"? Водените генерално сите едвај "фаќаат боја" на четка. Јас не би зела тие од 100че, тврди се многу, има едни околу 300/350денари во Офис, имал мојов, па колку толку може да се види дека бои нешто. Веројатно треба да бараш малку пигментирани. Темперни на Примо зимам, во пластична кутија, подобро е за збирање, ако се во картонска одма тоа ќе скине, намокри. Имал и од оние во тубичка, ама се жалеше дека немал лила боја, па сменивме @bella12 каква неодговорност! Е во овој случај не за саат и за телефон не смеат да ви зуцнат!
Знам какви се водените од 100, земам стално. Тврди се, со вода ке омекнат и после 3 боења ги снемува. До кај 300 звучи ок, ама по кажаново, ке почекам да видам дали водени или темперни ке треба.
Па ок, тоа е едно полугодие. Во просек еднаш во месецот бојат со темперни. Мојов со едни темперни минува цела година, евентуално некоја боја да дополниме.
Здраво, ве молам за помош, од каде купувате кутии за храна и колкава да биди одприлика за што да собери внатре?
Зависи дали ќе носе два оброка или еден. Јас купив од продавница каде што продаваат све и свашта. Имаш и по книжарите. Имам повеќе кутии. Една има само со една голема преграда, другата е во два дела еден цел дел, а другиот е поделен на 3 прегради. Зависи што и пуштам за јадење. Ако е само сендвич во кутиите што се со една преграда, ако има и овошје или сендвич со палачинка пуштам во кутијата со повеќе прегради.
Мојов не се расфрла, не баш дели, па сеедно, не иде фира ни така, ни вака, што сам ќе потроши тоа е. Гледајќи од дома во чашка дефинитивно, попедантен е така, ама па со иста четка знае да збрца од боја у боја, па на следно се лути. Со тубички сипува првин во онакво пластично, па меша, ама знае од Х боја да испостиска без осет.. И да не се заборави, нема лила боја во чашка, а таа е ептен битна, треба и да е светла пребарав лани, вистина немаше во ниеден комплет.
Тоа колку ќе потроши си зависи и од детето. Мојов не е одговорен ниту штедач и раздава па секој месец му праќав по нешто ново, де темперни немал, де фломастери му фалеле. На почеток по список ни бараа по еден пар во ранец и плус уште еден за да им стои таму во кутија по потреба ако снемаат. На крај на година видов на некои деца и вториот пар им го вратија, не потрошиле јас веќе од ноември почнав да купувам од се по нешто. Моливи и гуми незнам колку купив, секој ден се враќаше без нив. Еве сега за почеток купив 100 моливи додека има акции по маркетиве
Кај нас се знае, може да ги земеме од 14:40 до 16:30. Влегување во холот е забрането, пред врата ќе го побараш детето и чекаш наставничката да го испрати. Затоа саат во никој случај не сум му дала (иако ги имаат од пред некоја година (чисто да звонат по баби, тетки...)). Инаку мојот многу беше одговорен, ја изгуби маицата по физичко и еден молив. На друго се внимаваше (иако на почеток знаеше и туѓо да собере ама брзо реагирав). За боење користеа и водени и темперни. Јас му имав купено такво "тањирче" за темперните ама наставничката им кажала да ставаат во капачињата. (Веројатно многу малку ги користеле, годинава може истите да ги носи )
Добро што ми е? Превозбудена сум. Блуза прваче сум јас за сликање по дома, торта со моливчиња, утре баби, дедовци, вујко, братучеди ќе дојдат. Мене ми е се bittersweet. Од завршната приредба во градинка ми е. Ми порасна детето. Умница моја е. Љубовина. Школарче со обврски веќе.
Уште некоја мајка што не спие од возбуда? Детето ми порасна!!! Имам рамка, нешто како таблет, врти слики од син ми бебе, рандом моменти. Слики кои имаат непроценлива вредност, а се сликани без местење, без сценографии, со насмевки и лутина. Измешани емоции. Ден од работа зедов, аутфитот спремен, балон, торта, букет, се е под конец. Има трема, си го знам детето. Имаме и ние како родители. Зошто така брзо растат?