Нека им е со среќа на нашите првачиња. Само кога ќе се присетам овие наши првачиња беа бебиња во короната. Кога не знаевме што не снајде. Како само сум се тресела и сум се молела. Со маска сум го донела. Изолирани дома. Ни прв роденде.. Душички мили да ни се живи и здрави
Затоа и влегов на форумов да видам дали има некоја како мене, јас до сега си плачев. Моето е па 30 декември родено најмало ќе биде.
Не дека тоа што син ми со полни 6 ке тргне е некоја утеха. Знам дека сум, така, проврзана со син ми повеќе од просечно, удел има тоа што не се делиме, буквално; работам од дома и е постојано со мене. Откако е роден го израснавме со маж ми, и ми паѓа тешко, на нервна база.
зависи од школото. Кај нас имаше едно време хранарина,кој сака си плаќа месечно и си добива храна кој не си носи од дома
Beli maici se unisex edni se nema masko zensko. Ima vo sinsay, a pred malku vidov i vo jurateks kaj pazarot vo gjorce. Sorcevi neznam sigurno ima vo sinsay ili waikiki, mada nas ne ni pravat problem za bojata na sorcevite samo za maicite mora da se beli.
Со среќа и со лесно нека е на првачињата и мојата помала ќерка е прваче , но покасно почнуваат на 11ти Како поминуваат годините така брзо, пораснаа..
Ti blagodaram, ovie denovi ja trgaa letnata roba , a bas crni pantoloni kratki klot nemame imame vo site boi no crni ne, ai maickite ni se site so nekoja aplikacija
Да не претераа со цената за целодневна, односно за храната доручек, ручек и ужинка за 2690 ден? Па во градинка беше 1490, 1600 максимум, не дека сега бифтек ќе јадат, иста е храната мање више
Па на е иста распределбата од буџетот за намена градинки и основни школи. Нема врска со видот на храна. Тоа што плаќате за градинка 1.500 не значи дека е доволно да ги покриете трошоците за вашето дете. Само другиот дел ви го покрива државата. Сега во целоднева тој дел од државата е помал (мислам дека храната воопшто не се покрива, само платите на вработените) и затоа товарот кај родителот е поголем
А за 2500 денари ќе му направите на детето дома по 2 оброци на месечно ниво? Малце се претерува со ова бунење и ситничење, такви имаше и во градинка што се бунеа за 1500 дека се многу,сега и во училиште исто... па праќајте им од дома храна и готово
Кај нас нема во училиштето храна, колку би сакала да има ќе плаќам само да не му се чудам секој ден што да му ставам лани прваче, еурокрем, хумус, тост, маргарин со чајна се вртеше цела година, чат пат геврече ќе сакаше, еве пак од вчера почнавме со истото Ние од лани по 2000 плаќаме градинка за малото...
Реално да, може да му се направат на месечно ниво истите тие што они ги прават таму за 1000 помалку. Не би праќала во целодневна, ама немам друг избор, школото ни е такво тоа што ни е најблиску. Се разбира не би двоела дете сега оно да си носи од дома, ама мислам претераа, не дека они јадат таму како дома, ниту пак нешто месо ставаат. Мислам реално. .
Моја комшивка работи во кујна во друго училиште и вика дека на ниво на одделение доручек и ручек и ужинка ги фаќа во просек 1000 денари дневно (некој пат 800, некој пат 1100, ама еве просек 1000). Рачунајте за дваесет дена тоа е 20000. Поделете го тоа со 30 ученика, испаѓа накај 670 ден по ученик. Еве да додадеме уште толку за достава, ова, она...еве и 1000 да додадеме. Од каде бре 2600 ден месечно???? Него има овци за шишање....што да не, паметно...
За 1.000 денари доручек, ручек и ужина за 30 деца? Комшикава нека остане да си работи во кујна, да не фаќа работа со математика и пресметки. Една најопшта пресметка, најниско: ѓеврек со јогурт у најмала рака е 25ден. 30 ученика по 25ден, тоа е 750 ден за доручек само. И ова ти е доручекот, најефтината опција. А кај е ручекот, кај е ужинката.