Немаат ѓеврек таму. Крем, павлака намаз, маргарин којбајаги путер, чаеви разредени, супи исто...тоа е вистината, лажат, сушат, заработуваат на деца заради тоа што нема кој да ни ги чува и прави јадење, срамота Башка на големо се купува по набавна цена
Епа еве ти идеа за бизнис, штом можеш дневно да тераш со 1000ка, ти наплаќај 2.000dден и ќе имаш по 1.000 денари од дете чисти. 30 деца по 1.000ден - 30.000 ден месечно заработка. Леле колку е лесна математиката за туѓа заработка
Хаха ми тeкнало не дека не, ама ептен не ми е струка тоа. Еве идеја за кој сака. Ама и oпштината што ги избрала си лапка пари оф корс. Мафија бе. Не деца заработуваат. Во Хрватска, мои роднини плаќаат 30 еур месечно за истото. На Корчула! На остров со елитни гоcти, јахти, скупоќа невидена. Скапотија, како да не ..Ние ептен сме биле значи богати...
Гледам дека си револтирана, ама не си во право живееме во сиромаштија, тоа е, ама баш ова не е една од тие прескапи рабпти за кои би се бунеле, уште преска во првиот пост ти пишав како иде пресметката, сигурна сум дека ме разбра, ама од револтот што ти врие, го рипаш тој дел за дебатирање. Како и да е, не е ништо задолжително. Што би рекле: ако не ви чини, не идвајте
Знаеш колку луѓе не работат по струка? Ехе. Еве јас на прво место. Патем, дома за ужинки и јадење давам мноогу повеќе пари од тие за дневен престој. За многу поголеми работи треба да се буниш, дневен престој е најмала капка во морето. Почни од скапа струја, нереални даноци за имот, плаќање регистрација плус патарини, споменици, автопати, ју нејм ит.
Плаче твоето? Учителката што вели? Кај некои деца "пали" да има некој пред училница. Син ми не плаче, ама има трема. Апетит нема, се туфка... Најголема мака му е дали ке го земеме од училиште, да не го заборавиме. Се опушти малку на активностите што одеше, и на логопед. Инаку очекував плачки. Не дека нема шанси допрва да му текне.
Se e toa točno. Ama na deca najvekje derat, a toa e najgolemiot sram spored mene. Kola ako imaš toa ti e, ne moraš da ja voziš neli, struja ako sakaš štedi kolku znaeš i umeeš, ama ova ne ne..ne smee..mislam ništo ne smee da e kako što e, ama ova epten
Се јавува уште еден плачко. Очекувано додуша…е совет за жал не можам да ти дадам освен да те утешам дека u are not alone. Како правиме за адаптација, седам на игли дур го земам…. Ако имаш друг совет кажувај. Еве неколку од изговорите зошто му дошло да плаче: Ми светеше сонцето во очи Не знаев кај да седнам Не знам заборавив зошто плачев …to be continued
Да, плаче. Урла. Иако беше најредовен во градинка, оди сам на спорт од 3г, одел без проблем секаде и седел сам, не не барал никогаш. Кажува сеа нема да ме земете.. Иако никогаш нити сме закасниле, нити сме го оставиле некаде.. Моево плаче како од инат. Повторува не сакам, не сакам. Вчера 1 саат не сакаше ни да влезе (физички е голем, не можам ни да го ставам само во училна), на крај некако отиде со проф по физичко. Излегува сосема ок од школо, расположен, кажува дека убаво му било, наставничката ми кажува дека учествува во активности... На нивна сугестија, денес отиде со татко му до врата од двор, учителката го преземала од надвор. Бил подобар, само со кенкање влегол. Не знам, пробајте така ако не сака воопшто да оди. Јас му кажав сабајле по 100 пати дека апсолутно ништо не мора да прави, само школо е задолжително да оди. Не мора да учи, само да оди. Многу е тешко стварно.
Од каде им е воопшто идејата? Моево ист муабет тера. Не плаче, ама е насекиран, има трема, апетит нема. Вчера учеле песничка, од трема не ни запомнил за што е. Боеле, само три облачиња и сонце избоил. Не одеше во градинка, ама на спорт и шах оди без проблем подолго време. Никогаш никаде не сме задоцниле да го земеме. Патем, има некоја слика од книгите? Ке им стојат во училиште, па ке мора дома да имам материјал да доработува. Математика и македонски ги најдов.
Сите книги ги имаш на интернет, само побарај. Кај нас во петок им ги даваа книгите. Може да им кажете да ви ги даваат дома да повтарате. Сметам дека треба да повтараат децата дома и да имаат домашни зошто 3г се опуштаат премногу и мора да речам во 4то им е толку тешко, еве нема ни 1 недела поминато од школо веќе се плаче се кука. Децата се во школо, мора да научат дека во школо се учи, не се одмара, не се оди за играње и слично. Има едно детенце кое вика Немавме време да се изнаиграме... И проблем е голем во четврто. Ајде прво полугодие во прво одделение, ама понатака, скроз грешка.
Мајки на првачиња и школски дечиња, здраво Ќерка ми следна година трга во школо, па гледам деновиве има доста попусти на школски ранци па се мислам дали да ѝ купам. Освен Офис плус и Просветно дело каде можам да гледам на друго место? И каков ранец треба? Не сум баш упатена, ама оние како со сунѓери подебели што се позади, анатомски или ергономски, што е разликата меѓу тие 2 или исто е? И дали обичен ранец од поефтините што не е анатомски би завршил работа? Во школото кај што ќе оди нема оставање книги таму, ќе треба да си носи сѐ во ранецот и претпоставувам дека ќе е многу тежок, а мојава е многу ситна. Школото ни е во близина и гледам родителите бидејќи нели мора да ги носат и земаат децата, тие им ги носат ранците. Синсеј мислам имам видено
www.ucebnici.mk ова е официјалната страница. Сите учебници таму ги има. Инаку не ви требаат учебници преку недела. Ако треба нешто да доработи ќе ви пратат и ќе дојде детето дома со соодветни материјали. Може да купите Вежбанки или од Литература или од Тримакс за плус вежбање дома или може да симнувате од интернет материјали (има прилично).
Вежбанките ги купив веќе, фала на предлози. Инаку и материјали симнувам, ама сакам да имам увид што и како работат. Особено математика, сакам да си стекне навика уште од сега, се што треба да научи. Сметам дека само во училиште не е доволно и треба работа и дома.