1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.073
    Допаѓања:
    9.643
    Пол:
    Женски
    Tolku se plaka sekade, plus minus zavisi od koja ketering firma. Ne sporeduvaj so gradinka, pomali obroci se.
     
  2. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.073
    Допаѓања:
    9.643
    Пол:
    Женски
    Uzivaj ke ima i dogodina popusti (fingers)
     
  3. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    6.566
    Пол:
    Женски
    Кои водени бои се подобри/попигментирани и кој пластелин го зимате?
     
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.460
    Допаѓања:
    18.733
    Пластелин земав на junior а водени carioca. Ќе видиме како ќе се погодат
     
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    7.807
    Пол:
    Женски
    Кој им помага на првачињава целодневна со ранците кога ги носат во школо во понеделник? Може родител да влезе до училница? Имаат 5 книги, 5 големи тетратки и уште толку дополнителни книги, тетратки за почетно, па опрема физичко... Не дека мојов е 17 кила сосе патики, ама ова е премногу тешко за било кое дете. Не земав ранец на тркала, не ни ми спомнаа учителките нешто околу тоа, а јас не гледам начин тие деца сами на грб да ги носат сите можни книги за цела недела, колку кратка релација и да е од ходник до училница :(
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.038
    Допаѓања:
    14.931
    Пол:
    Женски
    Кај ќерката ние ги носиме до врата, па децата на грб до училница. Имаат посебен влез и до училница има мал ходник. 20м нека е максимум додека да си дојде до столчето. Родителите внатре не влегуваме.
    Видов дека некои од децата носат ранци на тркалца, ама повеќето ги носат ранците што им ги дадоа од општина и си ги носат на грб до училница. Тешки се, ама кратка релација е и мене не ми личи страшно.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    35.806
    Пол:
    Женски
    Вежбанките се по програма. Наставничката/наставничките би требало да ви кажат што ќе учат и по тоа од вербалните може дома да вежба или од учебник да видиш. Секако преку недела ќе читате и математика ќе работите за да стекне навика. Другото за викенд и тоа е тоа. Најбитно е логиката на броевите и собирање/одземање да сфати и да почне про крај на прво да чита и да знае да раскажува усно. Толку за прво.
    Јас така правев со моето дете. Преку недела само читање и математика. И пу,пу сега е 5-то и супер му оди.
     
    На Mother of 2boys, azelea и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  8. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.991
    Допаѓања:
    18.905
    Пол:
    Женски
    Да да, не известува учителката што правеле, ама и син ми дома кажува што работеле.
    Собирање и одземање знае, до 15 профи, до 20 знае да погреши, играме карти и тоа му помогна. Очекувам до крај да е профи целосно.
    Знае да раскажува приказни, настани и сл до најситен детал. Буквите ги знае, знае да напише рандом збор, а за читање не покажа интерес, ама знае буква по бувка да сконта.

    Некако мајкиве преувеличуваат изгледа, пренесоа дека децата се преморени, не можат да постигнат итн. Па ме фати паника дека ке има проблеми.
    Ги гледав книгите и не ми изгледаат особено тешки.
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    35.806
    Пол:
    Женски
    @MilaSs12 секој со своето искуство. На мојот не му беше тешко нит напорно во прво. Некои мајки се жалеа дека претешко било и пренапорно. Зависи од дете до дете и од очекувања на родителите.
     
    На Coco31, lackygirl, snegulkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Вежбанки нема по програма. Не се одобрени вежбанките од министерство за образование.
    Напротив, наставничката не смее да дава ништо дополнително за купување, ги користат само учебниците дадени од школо.
    Ако им дава печатени дополнителни материјали тоа е нејзино.
    Ама купување вежбанки од страна на родител, не смее.

    Има класови што работат во вежбанки, ама тоа е наводно желба на родителите кои сами си се договориле на совет и си ги купиле. Настваничката нема ништо со тоа. Еден родител да се пожали или да не купи, не смеат да користат
     
    На Sofi.ja, MilaSs12 и snegulkata им се допаѓа ова.
  11. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.880
    Допаѓања:
    28.607
    И од барањата на наставниците. Некои наставници имаат приоритет во прво одд. децата да научат да читаат, пишуваат, сметаат, да се адаптираат, да развијат чувство на одговорност, да стекнат работна навика... со помош или без, важно да имаат познавања. Се ова да го усовршат во наредните одделенија.

    Други наставници бараат децата самостојно да решаваат тестови буквално на секоја завршена тема, диктати кои ако имаат грешки завршуваат со порака до родителите ,,Вежбај " , па да се смета уште во прво одд. без прсти или друго сметачко помагало, имаа обиди и за драматизација...
    И не е фер да најдам замерка на наставник кој е многу креативен и секој час му е осмислен, ама реално ова беа многу захтеви за едно просечно дете. Не дека не се постигнуваше, ама дека беше прелесно, не беше...

    Јас сум од родителите кој ќе рече дека прво одд. за нас беше исцрпувачко за да се следи темпото по кое одеа во училиште. Македонски не беше страшно, во декември веќе читаше, лесно совлада и да пишува. Ама математика вежбавме секој ден, тестови правеа еднаш месечно обавезно, брзо го минеа материјалот и за многу дечиња беше претешко.
    Ќерка ми е трудољубиво дете и сакаше да учи, па не дозволив да изостанува со учењето ама на време сфатив дека не и е доволно само тоа од училиштето. Затоа дома се вежбаше секојдневно.
    Е резултати имаше, ама не можам да кажам дека лесно се постигнаа.
     
    На lackygirl, MilaSs12 и azelea им се допаѓа ова.
  12. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Исто друг фактор во "тежината" има улога и одењето во смени.
    Сметам дека првачињата кои одеа само прва смена, имаа предност во адаптација, ред, навики.

    Знаете втора смена како е исрпувачка?
    Сабајле од 8 во целодневна, од таму право во школо од 13:30 до 17:30. Ова е пренапорно за дете од 5-6 години.
     
    На lackygirl, MilaSs12, azelea и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.588
    Пол:
    Женски
    Никој, сами си ги носат од главна врата на училиште до училница.
    Целодневна пак е полесно, носи во понеделник, враќа во петок.
    Мојов е во дневен престој, секој ден носи и враќа. Сабајле ранецов претежок, кај книги, тетратки голем формат, па и шише вода, ужина, патики за физичко...вчера се жалеше дека му паѓа столчето кога го става ранецот позади...
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    35.806
    Пол:
    Женски
    @CooperD вежбанките се направени по програма. Си пишува на нив и ја следат програмата. Само што ниту една наставничка не бара вежбанки. Не смеат да бараат. Ама корисни се за тие деца што се во целодневна настава и што носат книги дома само во Петок за да работат нешто во текот на неделата, а пак да е прилагодено на тоа што го учат на училиште.

    @snegulkata и од наставникот зависи. Во прво одделение не треба да научат да читаат течно, туку е во ред и само буква по буква ако читаат. Во прво полугодие тек на крај треба букви да почнат да учат. Ако се напнат на старт да тешко ќе им биде. Првото полугодие треба да е стекнување навики за учење.
     
    На Mother of 2boys, duffi, MilaSs12 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    7.807
    Пол:
    Женски
    Ние вчера влеговме за прв пат зошто имаа и ликовно и некои други материјали да се остават, па не пушти наставничката ама од следна недела не верувам. Повеќето деца кај нас имаат ранци на тркалца, а ние веќе дадовме пари за без.. Ќе видам како ќе оди од следна недела, ако не, ќе му купам со тркала, што да му правам. Испаѓа најголем ранец за најмалите треба, како ги гледам поголемите деца, се помали ранци имаат.
     
  16. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    1.755
    Пол:
    Женски
    Да ја следат програмата, ама не се во програмата за образование.
    Таква вежбанка може било која издавачка куќа да си испечати. На наставниците не им е дозволено да ги бараат во школо.
    А за дома, нормално, може да си купиме што сакаме
     
    На Sofi.ja и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    35.806
    Пол:
    Женски
    Има да се купат и само тркалца за ранци (во Office Plus) ние купивме, ама моето дете никако не сакаше тркалца. Остана со обичен ранец. До трето му беше полесно зашто оставаше книги во Понеделник земаше во Петок. Лани (4-то) му беше проблем ама сам си сакаше да се килави. Годинава е веќе поголем па не е толку проблем.

    @CooperD мене советот од почеток ми беше за дома за вежбање. И направени се по програмата не значи дека се во програмата. Програмата како што е направена не е ни врзана со учебник, наставничките се слободни и плус материјали да даваат. Ама МОН им дава бесплатни учебници и затоа нема потреба од друго да имаат децата. Инаку самата програма од МОН не го ни пропишува учебникот (не ни смее да се врзе програмата со конкретен учебник). Тој е накнадно пропишан од МОН и издаден од МОН. Затоа не ни може учебник да с екупи во слободна продажба. А тоа што не може да се купи учебник е огромен проблем после 3-то одделение кога учат од дотраени, парталави, испишани учебници.
     
    На MilaSs12, azelea и Cherry333 им се допаѓа ова.
  18. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.588
    Пол:
    Женски
    Исто...сакав со тркалца да му земам, не знам кој ме премисли во последен момент, сега си чукам глава.
    Сега има два, еден и од општината што им дадоа ама џабе кога и двата се без тркалца.
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    1.588
    Пол:
    Женски
    Дали тие тркалца ќе одговараат на секој ранец? Овој го купивме од Просветно Дело, за жал меѓу најскапите. Проблем е и тоа што мислам дека нема рачка што би се извлекувала. Како и да е, супер што спомна, барем ќе видам дали е возможно пред да купувам трет ранец.
     
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    35.806
    Пол:
    Женски
    Прилично е универзално тоа што го имаме. Се става ранецот и се прицврстува со каишите за рамениците. Во Офис Плус не знаеја дали одговара или не, маж ми сам сфати дека ќе може да се прицврсти.Колички за ранциОфис Плус - Office Plus https://share.google/Bx2HV4gsxDf2vlTfn - во продавниците имаат повеќе избор.

    Само ние џабе дадовме пари за тркалца. Не сакаше да има ранец со тркала за бебиња бил така.