Целодневна е многу подобар избор. Ако немате опција види дали има приватен дневен (они ги земаат од училиште кога ќе завршат со часовите).
добро толку ли е лошо па да им е напорно? Има додуша мал број деца што им е убаво. Ама не прифаќаат децава,или сеуште не се навикнати. Разбирам дека се многу мали ама барем во дневен имаат активности. Внука од братучеда на мм на школо сосе дневен е од 8 до 4 саат. И брзо прифатила толку време дека треба да седи.
По ова што кажуваат мајките, цел ден седат на столчиња и им е напорно. Плус немаат многу активности, главно околу школо завршуваат што треба. Деца кои оделе во градинка, а сега во целодневна се жалат, значи има разлика.
Има некој информација за некоја физичка воншколска активност во Кисела Вода? Се надевав пливање во новиот базен во Дуња да има, ама изгледа не е пуштен во употреба. Барам гимнастика, некакво вежбање, нешто да се размрда дете. Можеби и танц, балет, ама тоа ми е втор избор.
Не е баш кисела вода, ама другаркиве од К.Вода ги носат во раде кончар на хип хоп. Одма се стига по новата улица. Друго, Виктор има часови во Круме Кепески за моторика..
Не знам дали е машко или женско детето, има баскет, одбојка, фудбал во школите во дуња, во кирил во партение. Моето оди на тенис на тениските кај игротеката пчеличка, океј е. Исто има балет во лебед во расадникот. Знам ги носат на карате, теквондо и сл во Кисела вода. Инаку исто ми спомнаа ги носеле на пливање во џевахир и биле задоволни родителите. Има различни активности сепак зависи од детето за што има желба.
Мојот е пребирлив од година па така лани цело прво одд носеше 4-5 работи а тоа се: еурокрем мачкан на леб, хумус од Кам мачкан на леб, тост, чат пат ѓеврек (значи така сув без јогурт оти не јади така), на крајот почна пештета аргета да јади (фала Богу па да имам поќе избор , маргарин со чајна. Толку. Еве сега 2ро одделение е продолжуваме исто од лани од пијачка само вода, ништо друго, со овошје скаран е....
Истите деца се, што на 4 месеци веќе јадат неблендирано, на 6 месеци ја кажуваат првата песничка и одат, и веќе до годинка течно читаат и одат сами во тоалет. Сосе бришење газ! Дали сум лоша мајка што ја моево ич не го фалам? А веруј, злато дете е , стикер за најумен и најпедантен у клас добил! Нек пукнат душманите
Како детето си наголемува тоа воопшто и нема да се приметува. И од твоја генерација сигурно имало дечиња во декември.
и јас пробувам да смислам нешто. @lackygirl браво за "мачканиците" (не знам како да ги наречам) моето ништо такво не сака. Вчера купивме lunch box си избрал сам и тоа многу интересен денеска го наполнивме со вафли од стокомак пошто наквкусни се и некое плазма бисквитче. Сок и вода обавезно и смоки стоби флип кидс (најмалите) и сега се стресирам дека уствари ништо нема да јаде ама ај што да му правам. Многу малку јаде исушено е ко неухрането. Дома ќе се изнајаде таму колку да не е без ич.
Мафини, американски палачинки со банана и крем, проја, тост, кифлички со зденка, сендвичиња, банана леб... Отприлика тоа носеше и лани и годинава додека немаа уште храна во школото. Сега веќе им даваат од таму банички, па не го мислам да му спремам.
Сендвич со кашкавал и салама, проја, пржено лепче, лепче намачкано со ајвар, кремсир или путер, геврек со путер, лепче и варено јајце, кајгана во сендвич. Плус сезонско овошје , зеленчук и шише вода.
Кај нас учителката кажа сите да се на кифла или кроасан. Плус овошје кој сака. И да носат исклучиво вода, не сок, леден чај и сл. Некои носат и тост. Не ви е малку претерано да мачкате ајвар, зденки, чуда на првооделенче? Едно што тоа се лади и впива во леб, друго што ке се измачка, трето што на некое ке му се пријаде?
А мачканиците инаку топли се? Како леб мачкан се лади и се впива? И јас праќам мачканици, ајвар, хумус, крем сир, крем, мармалад, проја, мафини солени и благи, тостови, сендвичиња, полнета тортиља, мини панцероти, крофни и кроасани со млеко, ѓевреци и лиснати со јогурт, пржени лепчиња, парче пица, овошје...
Мултитаскинг, сакав да пишам дека се суши. Дома кога јадам нешто, и ако таа кришка не ја изедеме веднаш, до после е камен. Тврда, сува, намазот (било што) се впива во леб... Едноставно не е вкусна. Менито ви е друга димензија на претерување. И алал да ви е ако децата не се шлакаат цели од состојките. Тортиља и пица јас не можам да изедам пристојно. А не дете кое на истата маса треба книги да стави потоа. Но, вие си знаете.
Marmalad, ajvar vo shkolo? Toa moze i doma da jade, nema da im izbega. Vo shkolo samo moze lom da napravi.
А зашто да не може и во школо? @MilaSs12 кутијата што ја имам за во школо убаво се затвара и стои и топло и не се суши. Јас дури и кроасаните му ги вадам од ќеса и пакувам во кутија, не се сушат и не се сплескуваат во ранец. А и не дека кој знае колку време стои тоа, после два часа е голем одмор за јадење. Побаравте идеи за јадење за во школо, кажав што праќам, а не да се правдам и докажувам А дали некој мисли дека е претерување, ма ич не ми е гајле, нека си праќа кифла. Мојот ајвар нема како да му смета
Pisav pogore, moze da napravi lom. Deca se. Drugo e da e vo kujna , sosem drugo na ucilishna klupa. Moe mislenje.