И јас сум праќала ајварче (ретко ама во денови кога сум немала идеја веќе), мачкано не премногу, со сиренце и залепени лепчињата како сендвич.. вака е помала шансата за да се нашлакаат
Всушност може да смета. Секогаш на некое дете може да му се пријаде, а да нема во моментот. Сигурно не мачкаш еден леб, за ако на некое другарче му се пријаде ајвар. Ниту имаат кујна, ниту услови за трпези како што сте напишале. Не само ти, изгледа добар дел така прават. Но, ако мислите дека е така ок, терајте. Нема што да ве секира мојот одговор.
Јас стварно не ве разбирам како имате потреба на секоја тема да се докажувате и расправате,прифатете дека сите сме различни.Жената само побара идеи и ги доби,ако сака ќе прифати ако не толку. Кој што си сака и има тоа ќе му праќа на детето,на крајот на краиштата секое дете па и различно јаде. И еве јас исто ставам за на школо сендвич,тост, палачинки ако сме имале направени,тортиља со нешто намaз со варено јајце или крставица, кифли ,нешто овошје,и леб сум пржела од сабајле топол во фолија супер е,овесна каша ,чиа пудинг спакувани во тие пластични што се таа намена ,банана леб,сендвич со путер од кикирики и банана.Ова откако не е во целодневна ,инаку претходно само од тоа што им даваа во кујна,ама па и таму имаа пржен леб,мачканици и слично. Мене пак ми нема логика да јаде секој ден сува кифла или кроасан.Плус во целодневна имаат кујна,јадат манџа и од таа може се направат лом, ако гледаме така не треба ништо да јадат. А за тоа ако побара некое детенце може па да си поделат,ќерка ми знаеше да си седнат на одмор на една клупа позади со другарчиња и да се распостелат и си делеа кој што носи како на пикник,ама ова поголеми зборам 4-5 одделение. Инаку кај нас има деца што си носат од дома и цезар салата,рукола едно девојче на пр.многу јаде,една месо кофтенца знае да си донесе...затоа викам секој е различен и во храната .
Не се сушат, јас во кеси ги ставам лепчињата, иначе свиткани на средина треба да се лепчињата, ако не се свиткани не ги јади кесите од Кам ги земам оние како ролна што се, потоа во кутија му ставам. Моево тие работи ги јади, тоа му праќам, нз што носат другите, ама тој секогаш се си јади, до 12 и пол е на школо. Е сега ако имам проја праено и тоа ќе му пратам, мекици, лепче со јајца пржено...ајвар ако се разјади и тоа ќе биди на мени
Леле луѓе вие направивте дека јас кавијар и бифтек праќам у школо Тоа што пишав, буквално се е секојдневие на нашите мениа. Што од тоа неможе да си дозволи било кое дете? Ајвар, буквално секој мк фрижидер има тегла ајвар. И секој маркет има тостови и парче пица се продаваат во трафика пред школо, ова јаде 90% од децата во школо. Мачканици мачкам и затварам лепче едно врз друго, нема лом, нема намачкани клупи. Плус си носат крпички секако. А за тоа дали ќе го фати стрв друго дете е секако опција за било што. И мојот често ќе побара за следен ден нешто шти видел друго дете да јаде. Тоа неможе да го избегнеме. Не е градинка ова. Што и да е, нема 25 деца исто да носат секако. Може јас не мачкам цел леб за сите, ама и ти не праќаш 25 ќифли за сите за ако на некој што нема му се пријаде. Какби трпези, какви бакрачи, јадење што го собира во кутиичка од 20цм
Не, не ми е претерано. Земам од американските лепчиња го правам како сендвич и го сечам дијагонално. Вкусно е, некогаш и после училиште си го дојадува. Не ставам премногу ајвар или кремсир и тоа не е некоја филозофија. Ако му се пријаде на некое дете, а моето не е многу гладно делат. Пошто живеам во странство мене ми е ова сосема нормално. Сите деца одат со кутиички со доручек. Тука не е практика да одат децата до пекара и да купуваат кифли. Немам ни пекара блиску до мене кога ќе размислам. Реве ми е на пола саат од мене ама секое сабајле да одам до таму немам никаква намера. На кој како му одговара нека си прави. Ова се само некои идеи.
Исто и јас вака ги спремам мачканиците. Како клуб сендвичиња му доаѓа. И баш е педантно и една од најлесните варијанти ми е. Ајварот со сиреце, преклопувам и сечам дијагонално, хумусот со кашкавалче, крем сир со нешто сувомеснато, крем, мармалад само така затварам. Со хумус и крем сир може и краставичка или шери да му ставам. Мора да вртиме комбинации, не е ден два И друго ми текна, од кам има едни готови вафли, ги зимам тие ги имам во фрижидер, и тие се добра брзинска опција. Некогаш ги мачкам со нешто и преткопувам една врз друга, или некогаш само така суви (секако се благи они) со овошје
Не знам зошто би било претерување да склопиш сендвиче?! Впрочем, секој си знае за себе што сака да јаде, па исто и за децата, сите си знаеме што ни сакаат децата. Што е толку тешко еден сендвич да направиш? Јас спремав и поише, пошто беше целодневна знаев и да му спремам дури и од ручекот што сме имале. За појадок знаеше и овес со јогурт да има, со овошје, за ручек ако имам нешто суво му ставав плус краставички. Зошто да е проблем не разбирам. Зар оние кроасани се подобра опција? Шеќер, палмина маст и којзнае што се внатре. Сум му мачкала путер од кикирики, сум му мачкала крем, сум му мачкала крем сир, сум правела тортиља со јајце, кашите од овес, млеко во шишенце да го стави во корнфлекс... До 3 е во школо, што да му правам, на кроасан само ли да го оставам.
Имаат во целодневна, ама има деца пребирливи. Член сум на Совет на Родители на секој совет е истата приказна (моето дете не јаде грашок песната). Дополнително е што само во некои училишта во Скопје има целодневна. Најголем дел од децата одат во класична настава и голем дел од училиштата немаат услови за кујни/трпезарии.
Кај нас нема целодневна, "предноста" да живејш во мал град 12 и пол дома се, снаоѓај се како знајш и умејш нема втора смена оти нема толку деца и така....
Кај нас во целодневна лани имаа готвени јадења пр. Пире и плескавица, макарони со сирење, ориз и пилешки стек, пастрмајлија, компир со свинско. И сега читам во тоа групата родители пишуваат дека тоа не било соодветно мени за нив, не било детско мени и бараат храна од типот парче пица, пирошка, кифла. Не ми се верува што читам.
Да има такви родители. Се бунат дека децата манџи им јадат нивните деца манџи не јаделе менито требало да се прилагоди на новите генерации. Да се чудиш.
во поголем дел од училиштата имаат кујна. Добар дел од кујната е затворена поради тоа "моето дете не јаде грашок не јаде грав".. училиштето кај моето дете има кујна и во моментов може да си купиш што сакаш пошто е претворена во продавница. Има и бели пецива. Истата таа кујна јас додека учев даваше оброк на 90% од учениците. Си плаќавме месечно хранарина и си јадевме готвено. Дневен престој тогаш немаше. Ова сега е ... не знам како да кажам. Како друг век да сме а поминале само 20 години
Кај нас има дневен престој и одат во две смени, попладне е до 16.30 кога е на предавања рекоа само овошје да праќаме, јас му ставав и по некоја кифличка празна или со сиренце, но без јогурт(за пиење само вода да биде, така ни кажаа)..некогаш по малку ќе каснел или ќе го поделел со најдоброто другарче....кажува дека претежно носат само овошје... моето не е некој голем јадач на количина но не е пребирлив, ама сепак премногу саати се за да седи само со една банана...
А немаат топол оброк кога се во дневен престој? Тоа би требало да го држи ако јаде. Моево кога е втора смена, оди само со овошје, ама до одење во школо има појадок, ужинка и ручек (не е во дневен престој, дома јаде). И најчесто овошјето му е доволно. А кога е прва смена, освен овошје, му ставам и нешто друго, дали кифли, вафли, мафини, сендвичи, тостови, тортиљи, што ќе посака, само си купува јогурт да не му е суво. Ама па не знам кај нас дали имаат топол оброк, претпоставувам имаат оти има понуди секогаш на почетокот на школската година. Ако детето одбива да јаде, тогаш е друго, ќе мора да му праќаш нешто.
Во нашево школо е многу лошо што и во дневен престој тој еден оброк е во 12. Небитно дали е прва или втора смена, оброкот е тогаш (значи ќе му дојде пред/после школо). Така да сите праќаат плус оброк за децата. Ја запишав мојата и ја отпишав. Страшно неорганизирано, околу 50 деца во една училница, таа наставничката не се замара, ниту домашна не пишуваат, а не па друго нешто (а бараа материјали за работа буквално 2 страни испишани) Во поглед на носење ужинка од дома, нема шанси да пратам дете со кроасан секој ден, или теста од бурекџилница. Носи сендивичиња (многу сака потпечен бриош) со кашкавал, краставица, кремсир, лепчиња и правам од јатки, путер, јајце, тортиљи со зеленчук и јајце, мафини и најчесто плус едно јогуртче. Два пати до сега со крем ми побара сендвич, па и тоа носи. Плус во мало пластично и малку овошје. Мачно ми е секој ден да мислам, ама знам дека тој еден оброк ќе и биде квалитетен, а по скоро 5 саати се во школо. Купивме 3 кутии како што сакаше, мини маус, сирени, некои животни и сите се на различен принцип со прегради, па ротираме интересно и е. Па крпчиња за постилање на маса, па пакува сама во ранец. Гледам се си јаде, ретко залак некој да врати.