Штом дојдат сабајле имаат доручек, и кај 11 имаат ручек кога се прва во дневен, а од 12 на часови...има мени и кажува скоро секој ден е добар ручек дали е манџа, мусака,оривче имало и макарони/шпагети но од 11 до 17 да е само на банана...тоа некако не ми иде
@Aleks.mar е за навко претворање на училишна кујна во продавница првпат слушам. Кај вас е тогаш алчност и корумпираност на се живо и диво што дозволило такво нешто.
Не знам дали има тема, ама може да се направи да споделуваме слики / идеи што им праќаме за јадење. Исто и јас пуштам лепче ( коцките за тост леб) мачкано со маргарин и сувомесно, со еурокрем, тост, пржено лепче. Макарони со сиренце, вафли, палачинки, лепче потпечено со јајце и краставица, пица лепче. Од лани почна ѓеврек да сака да јаде. Инаку не јаде бели пецива. Ова со лепчето и го правам како сендвич и нема како да се извалка. И го мотам во стреч фолија или алуминиумска ( ако е нешто топло), или во салфетка. Не и се исушува лепчето бидејќи во 7 ипол е правено а во 9ипол имаат голем одмор. За ужинка нешто банана, јабулка, или Паланка, вафла пуштам. Тоа го јаде на некое од малечките одмори
Најдолго смеат да отсуствуваат до една третина од вкупниот број на часови, доколку отуствуваат повеќе се оди на одделенски испит. Пропишано со Закон за основно образование,за сите училишта е исто правилото.
па во право си ама ако не е пренамената ќе треба да ја затворат. Кујната си постои како место каде децата си се хранат ама произведува само пецива друго се "глупости" како од продавница
Здраво. Сакам да споделам искуство и можеби да ми дадете совет. Син ми тргна во прво одделение оваа година, иако уште нема 6 години (ќе наполни во Декември). Од сите врсници во одделението тој е најмал, сите се веќе над 6. Минатата недела учителката ме повика на разговор. Прво што ми рече дека не е самостоен. Не си ги вадел учебниците, боички, тетратки од ранец, на крај на час не си раскревал. Ок, дома почнав да работам на тоа, си играме училиште и го учам што треба да направи. Второ што ми посочи е дека постојано станувал од столче. Во одделението имаат 3 деца со атипичен развој, и ако тие почнат да шетаат и тој станувал. Разговарам и за тоа, дека треба да се седи на столче без разлика кој станува, и да се слуша учителката. Тоа изгледа потешко му оди. Трето, се додека не дојде учителката до него заедно да ги изработат вежбите, тој не работи. Кога ќе застане таа до него, со нејзина помош работи. Дома работиме домашни, тоа што треба да се сработи за време на час и потоа ако има нешто за дома. Посетен е невролог пред една година (поврзано со видот, се роди со нистагмус), но тој повеќе се фокусираше на моториката и физичката спремност, отколку на однесувањето, и потврди дека нема никакви проблеми. Можеби треба да направиме преглед повторно. Според тоа што го најдов на интернет однесувањето не е типично на АДХД. Нема тантруми, не е во движење постојано, ако работиме заедно седи и работи, нема напади на агресија, си ги препознава чувствата и ги искажува со зборови. Но работи концентрирано само со тоа што го интересира, не на дадена задача од училиште. Сега искрено размислувам дека можеби направивме грешка што го запишавме толку мал и дека требаше да чекаме уште една година. Секој совет е добредојден. Ви благодарам.
Ова што го опишуваш не е невообичаено однесување за прваче. Нормално е на помалку од месец дена по почеток на нешто ново детето сеуште да се прилагодува. Син ми стануваше, си ги ставаше нозете под себе и се клатеше на столче скоро до крај на второ одделение. Наставничката рече дека тоа е во ред. Сеуште се прилагодувале. До трето му се случуваше да не допише и слично затоа што некој нешто дофрлил, викнал и слично. Не е тоа ништо страшно. Во прво си го оставил кесето со моливи на школо. Кога влегов во изгубено/најдено да барам не знам што се не видов. Дуксери, јакни, шишиња за вода, прибори и слично од најмали до најголеми (јакни ко за мене од 8/9 одделение). Значи сите забораваат и не раскреваат. Се случува. На детето му треба време да се прилагоди. На наставничката веројатно и е проблем зашто има премногу работи на кои што треба да внимава. Затоа бара од децата кои се со „типичен“ развој да созреат многу брзо. Кај моето во одделение имаше време за прилагодување бидејќи детето со атипичен развој (тоа што имаше дијагноза) имаше асистент па имаше простор наставничката за маневар со другите деца. Она што треба е таа да си најде начин како детето да се заинтересира за работа додека е на час. Можеби му треба да седне до некој што ќе го мотивира, можеби треба да му даде некаков знак, да биде помошник (на пример да завршува па да помага во бришење табла и слично). Дома мора да му зборувате дека на час мора да внимава и дека мора да си остава чисто после себе. Дома може да вежбате раскревање, местење ранец и слично. И многу љубов. Не се секирај за тоа кога пошол на училиште. Најнеприлагоден (сеуште во 5-то одделение) кај син ми во школо е тој што им е најстар по возраст. Дај му простор на детето, особено ако не одело во градинак пред поаѓање на училиште.
Да и јас се согласувам дека му треба време да се навикне. И секое дете не е исто, некои покасно созреваат. Сепак тешко ми падна, зошто учителката (барем така ми се чини) очекува многу повеќе од него. Во секој случај ти благодарам на одговорот и се разбира работиме и ќе работиме со него. Инаку одеше на градинка и таму имаа друг однос со учителките. Последно што ми рече денес учителката дури го оставив во училиште е дека станувал и ја гушкал. Тоа му е од градинка, во градинка постојано се гушкаше со учителките. Му треба време да научи што значи училиште.
@Vanessa9li ако во класот имаат 3 деца со атипичен развој без ниеден асистент, очекувано е да има наставничката потешкотии со водење на класот. Ама тоа не значи дека треба да се очекува премногу од твоето или другите деца. Ќе работите и зборувате со детето дома, ама мислам дека ова не е воопшто сериозен проблем. Со тек на време ќе научи како треба во училиште, сепак не е исто како градинка и нормално е да му треба време да се навикне и адаптира.
Таман е со созревањето детето. Не знам што очекува учителката. Пишав совети како вие да помогнете ама ова не ми личи на несозреано дете. Ако не се буни за домашна, ако оди во школо без плачење, ако не се тепа, ако не е многу повлечен во школо таман си е. Не може сите деца да седат без да мрдаат на таа возраст или да се како војници кога ќе добијат наредба одма да ја послушаат.
@Vanessa9li малку претерана реакција од учителката. На децата им треба време да се прилагодат. Проблем е ако сеуште плаче. Тоа што ти го опиша ке се стабилизира со тек на време. Плус ти работиш со него и ке има ефект. За еден ден, не можеш да построиш дете од 5-6 години. Ако децата со атипичен развој немаат образовен асистент, тогаш верувам учетелката очекува другите деца да се целосно самостојни. Што не е фер, ни за децата, ни за тебе како родител што те повикала. Плус, немаш избор, децата родени во декември се запишуваат со своја генерација. Само јануарски деца имааѕ опција да бираат.
@Vanessa9li и моето е 1во. И ќе се сложам со сите коментари кои претходно ти се пишани. Значи децава се многу мали за на 6 години да стартуваат 1во. Порано со 6 години се одеше во забавиште. Тоа е она што сега е 1во. Се забавуваат и почнуваат постепено да се навикнуваат на новите правила во 1во. Кај нас директорот организираше досега 2 состаноци со родителите од првачињата и 2 родителски од учителката. Исто така часовите им траат само 2 сати. Веќе од оваа недела наголемија на 3 сати. Кога големиот беше 1во одд (сега е 7мо) верувај дека некој да ги гледаше од страна ќе речеше колку се загреота. Значи скрос изгубени уплашени никако да се вклопат и социјализираат. Па учителката си најде начин да ги организира да ги опушти и да почнат да фаќаат ред
Ви благодарам за споделените мислења и совети. За секој случај закажав средба со дефектолог утре, па ќе видиме што ќе ме советува. Денес повторно добив реферат од учителката, дека не работел и дека станувал и одел да седи кај едно од децата со аутизам. Направив и муабет со детски невролог, за однесувањето кажа дека син ми е голем емпат и во моменталната ситуација каде се му е непознато и ново и тој си бара блискост, затоа сака да се гушка со учителката и избира да е блиску до детето со аутизам. Но, не треба да се преувеличува тоа како негативна работа, туку да се има разбирање и да се работи со него. п.с. искрено денес цел ден ме прашуваше зошто тоа „братче“ можело да станува, а тој не, и искрено не знаев како да му одговорам (не сакав да се служам со зборови Тоа братче не е добар, па му реков Не може да седи долго, не знам ни тоа дали е соодветно)
@Vanessa9li наставничката очигледно не знае да се справи. Супер е што твоето дете успеало да се поврзе со дете со аутизам. Тоа баш покажува дека има емпатија. Ние за аутистичното дете како одделение одлучивме да им кажеме на децата дека мозочето малку различно му работи па затоа нему ќе му бидат дозволени работи што ним нема да им бидат. Затоа тоа дете ќе смее да станува, вика и слично, а тие не. Со тек на време сфатија, ама мислам дека учителката прави преголем притисок. Само никој не му е братче во школо другари му се. Не користете нешто што не е точно го збунувате.
Се согласувам со тебе, и ќе го искористам твојот совет за како да му објаснам зошто некои работи на тоа детенце му се дозволени. А за братче, тој сам така си ги вика сите дечиња од одделението. Ќе почнам да го учам да ги вика по име.
Син ми не јаде манџи (само мусака и спањак ја ко шо ги праам),.па не ми паднало на памет да се бунам. Си седи гладен. Ќе касне леб, салата, десерт, сабајле дома доручкува секако и тоа му е. И во градинка не јадеше, па никад нити сум носела, нити сум се бунела. Јадеше по 10 јаболки таму го држеа до 3 саат
Син ми има страшна сепарациска анксиозност ради склоп на околности од летово. Има проблем да се одвои од мене и/или татко му на училиште. Кога ќе се одвои е супер, соработува, пишува, учествува.. Муабетот ми е дека ради тој сплет на околности поминуваме по 1 училишен час внатре. Од 30 деца, ни 10 не се by the book да следат се, да се активни, да не се закчаат... Идат во вц по 10 пати, стануваат, трчаат, дел се тепаат, дел дремат (буквално легнати дремат). Се повторува по 5 пати да одат да ск земат тетратки, се повторуваат прашања и задачи... Затоа и седат по 4 деца, затоа и програмата е полабава. Мали се. Мислам дека детето ти е сосема во ред
Само са споделам, овој го земавме последно од Сетек, точна локација покажува https://setec.mk/products/power-box-k9h-blue