Наставни листови кај моите даваат и во прво. Кај поголемиот сега во второ почнаа тест да го викаат, ама мислам не е лошо, повторување на знаењето е. Ако пак детето има проблем треба повеќе работа. А и зборувајте да не се нервира, не може на секое дете секој предмет да му оди.
Леле мојов ама е опуштен, не знај дека то е тест уствари, воопшто нема трема и страв дека ќе прават тест, нема сватено уште и си велам поубо вака, си пиши си прави тест а незнај дека е тест. Второ одд е, засега е добар, правеа тестови ама немаме уште родителска да кажат како се, не му ги дават сега дома тестовите оти не ги враќале. Домашни немаат многу 2 пати неделата, пиши без проблем, најбитно сака да оди на школо.
Kaj moeto i poeni na testovite ima i vekje znaesh shto ocenka e. A shto pravea prirodni nauki test, jas ne bi se snashla, a ne dete od 8 godini. Mislam deka e preforsiranje sekoja vtora nedela test, pa I tolku domashni sekoj den, ama eve ko ti shto kazuvash, se e do nastavnikot.
И кај мојот често правеа тестови во трето и имаа поени само немаа оценки. Ова е за да се навикнат на тестови. Само што наставничката им ги претставуваше како наставни листови за да нема стрес.
Наставните листови , спремени од наставничката и дадени на крај од часот како најнормална активност за учениците, би значело проверка за наставникот - колку успешно тој наставник ја пренесол наставната содржина до учениците. И нема потреба од оценки, од критики и било какви смајлиња. А вака, најавувани на родителите , оценувани и од дома извежбани ми се стрес, притисок за децата... па и врз родителите. Позитивно е тоа што се јавува натпреварувачкиот дух кај децата ( секој сака пофалба и петка па ова е стимул да се потрудат ) , негативно е се она што стресот може да го предизвика кај децата . Има време за тестови, барем до трето нека биде опуштено и нека цел биде да се адаптираат и описменат секој со своето темпо. Знам наставнички кои од четврто започнуваат со писмени проверки сметајќи дека веќе се учениците позрели и постепено да ги внесуваат во поодговорниот и потешкиот дел од училиштето.
Природни науки тестот беше 80% како што јас му го направив од тетратката што наставничката им ја раскажува лекцијата. @Black girl не знам дали правиш тестови, ама на овој начин најдобро ќе се снајдат, нема да им е непознато што се бара. Различно формулирани прашања беа, кај наставничката и полесни, 20тина, јас и построга испаднав и 59 прашања склопив Тестовите се со бодови и нивоа, од-до прво, второ, трето ниво. @snegulkata не е дека не се согласувам со тебе, ама пак образованието ич нема да ги гали та 3години само да се шетаат до школо и назад. Школото не е рекреација и забава, па да чекаме да наполнат 9/10г за да дознаат што е тест, испрашување, бодување и оценување. Најавата за тест ми е ок, е како им е интерпретирана на децата е прашање, а поголемо прашање е кои се очекувањата од родителот и неговиот притисок да се биде најдобар. Смајли, бодови е добро да има за поттик, како ќе се потруди ако му е сеедно или не е пофален дека нешто знаел повеќе/подобро?! За тестовите на школарче јас сум под стрес, безпотребно си ги правам од моја непозната причина, него му е сеедно и му е обичен ден во училиште.
Не знам дали само зборот тест е проблем, ама ќерка ми е прваче и секоја недела носи наставно ливче. Мене ми е тоа исто како тест, со штиклирано и шкртнато со црвено пенкало, само нема бодови, има само Браво на крај. Како инаку би ги проверувале колку совладале од материјалот?
Син ми секој ден носи наставно ливче дома, но го решава дома. На час работат во книгите и пишуваат во тетратки. Јас и за дома ги најдов книгите, дел фотокопирав и работам плус. До сега се што имаат учено е прелесно, бројки к собирање до 5, црти коси, форми, сега почнуваат со букви. Природни науки исто е многу лесно и интересно. Мене лично новиот систем со описни оценки и наставни ливчиња ми е непотребен. Наставно ливче е друго име за тест. Описна оценка е по нивоа, па не гледам некоја поента. Треба децата да се спремни дека веќе не се мали, имаат обврски и треба да се следи како напредуваат.
@emkaemka Таман работа да очекуваме 3 години да се шеткаат до школо и назад... не мислам така... Секако има наставни содржини предвидени за тој период и таа возраст, да се описменат, основни математички поими, но пред се адаптацијата . За многу деца е стресно тоа поаѓање во училиште и приоритет е да се навикнат а не да имаат добри бодови на тестот. Ама како и воошто за се, така и за училиштето секој си кажува од своја страна како ги гледа работите. Ете твоето дете не се стресира и му е сеедно дека има тест, а ќерка ми има несоница и изреметена столоца од стрес секогаш пред тест. Пред секој тест е муабетот - ако се збунам, ако немам доволно бодови, ако добијам тажно смајли??? И секогаш супер минува на тестот , ама пред тест е друга приказна... Во училиште имаат две другарчиња кои не сакаат да влезат на час секогаш кога треба да ги тестираат. Мислам ова доволно објаснува зошто сметам дека тестови и бодови во првите одделенија предизвикуваат повеќе стрест врз децата. Колку постигнале и научиле може наставникот да контролира со наставни листови и проверки на часот.
Мене ме интересира кога почнало ова? Како воопшто е дојдено до тоа децата да имаат таков стрес? Реално децата сами не си го создале овој стрес, туку има причина и влијание од возрасните. Децата треба да ги учиме дека тестот не е ништо страшно, туку проверка дали учи доволно или треба повеќе да се труди. А не да се очекува од децата да ги освојат сите поени.
Децата треба да се научатѕ дека секоја оценка е за нив, нема погрешна оценка, да не се прави паника за оценка, а ако се задоволни со таа дека е ок, ако не да се потрудат ако сакаат повеќе. Родителите претеруваат со тоа петки та петки. А дека е стрес тест, мало сутра, не е стрес, само треба да се сфати како проверка на знаење а не крај на свет.
Види, секој родител сака детето да е описменето, паметно, успешно. И во ред е тоа. Од син ми, на негови 6 години, не очекувам да се засекира за 4ка. А од тоа што го гледа, нема да се засекира за брзо. Пример, треба да напише цела страна со буквата А а. Да не му кажам јас дека му е обврска тоа, и мора да ја напише, самиот не се стресира, ни дали ке добие минус, помала оценка итн. Оди и на натпревари, и воопшто не навлегува во тоа кое место ке е, битно ѓу е да учествува. Точно, тестот не е крај на свет. Генерално не сакам да зборам за наше време, ама тогаш тест беше тест, се знаеше дека се проверува колку знаеш. Нема што да мислиш, јер за недела две месец, пак ке имаш тест. Темата е за првачиња, и сметам дека секое дете може да научи се што е предвидено, и да има висока оценка.
Sakav da te prasam za iskustvo za saatov? Kako vi se pokaza? Tocna li e lokacijata? Dali brzo se trosi baterijata? I dali trosi kredit od simot sekoj den i bez da se vospostavi povik? Te prasuvam zosto sakam da zemam nov za sin mi, ovoj sto go ima ne pokazuva tocna lokacija, go polnam sekoj den i sekoj den mi stiga promena na smetka po minus 20-30 den a ne zvonel nikade
Дали сериозно мислеше дека лажам? Дали мислиш дека јас имам потреба да лажам на форум? Или дека би лажела за нешто што може лесно да се провери?