1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    18.967
    Пол:
    Женски
    Затоа што не одат децата у приватни училишта, ниту пак живееме во некаков Американски сон.

    Униформите се чиста синтетика, ги плаќаат родителите од свој џеб, и тоа папрено. Да не зборам дека се перат огромни пари со тендерите.

    Униформата се продава како "еднаквост" ама што правиме со фармерки и патики, ранци и јакни?
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.968
    Пол:
    Женски
    А зошто униформите да се поврзуваат со приватни училишта?
    Нашите униформи се памучни. Сите деца имаат бесплатна униформа. Ако сакаш да со докупиш е скроз ефтино (300 ден за маичка, зара маичка е 500-600 пример).

    За перење пари, перат кај стасат, друга тема е тоа.

    За еднаквоста, јас сметам дека се постигнува еднаквост. Фармерка, јакна не доаѓа до израз. А и сите деца си имаат ранец каков си одбрале. Вака така секој родител ќе му набави ранец на детето. Ама не секој родител ќе може да купи 15 дуксови и блузи со крокодилот на него.

    А и лично, зарем не сте раат со униформите?
    Ниту да мислам што ќе носи следен ден, ниту да купувам облека што нема да се износи и се трупа само
     
    На troublemaker94, Sofi.ja, snegulkata и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    15.141
    Пол:
    Женски
    Ефтини не се, 3 маици 1700 ден ги платив. Кај ќерка ми и ранци им дадоа, така да мене многу ми се свиѓа што се сите во класот исти.
    Ама ова чекањево на униформи ме утепа. Додека земам резервна, оваа што ни ја дадоа ќе биде партали од перење секој втор ден.
     
    На Sofi.ja, MilaSs12 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  4. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    1.968
    Пол:
    Женски
    Значи ова е најверојатно тендери по општини, не на ниво на држава.
    Кај нас се памучни. Ни дадоа бесплатно по 1 маичка и 1 дукс. Дополнителни маички се по 300 ден.
    Очекував вака ефтини дека ќе се секаде
     
  5. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    1.307
    Пол:
    Женски
    3 Поло маички и дукс 1650. Тоа за едното дете. За другово уште толку. Ама па ако не ги купам тие во годината ќе треба 4 пати по толку да дадам за тренерки за едното дете така да.... Ем еднаквост ем поисплатливо
     
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    15.141
    Пол:
    Женски
    2 маички на кратки и една на долги 1700 ден. И ги чекам 3 месеца да ги земам. Бесплатно ни дадоа 2 маици, кратки и долги, и еден дуксер. Не е проблем парите кога освен хеланки друго не морам да и купам, ама маицава на кратки е перена преку 50 пати веќе, зошто нема друга. Ќе се распадне од перење на секои 2 дена. Еден ден е флекана, другиот ден е испотена... ај сега залади па може да носи и по долги, ама топло им е во училна и пак сака само кратката да ја носи.
    Тие што ги продаваат не знам како земале тендер, направиле 10 илјади маици и сега "наеднаш" се изненадени што сите си нарачале уште 10 илјади за резерва и не можат да постасаат... :^) па уште ми викаат зашто не сум нарачала во мај резервни. Па не знам, на пример расте детето, не ви го знам кројот каков е, сепак треба цела година да ја носи. Во мај нарачав за 7 год, кога стигнаа во септември како за 10 години да се, па резервни нарачав за 6 години. И пак и се широки и предолги ракавите.
     
    На Aleks.mar и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.119
    Допаѓања:
    37.889
    Пол:
    Женски
    Парите се проблем и треба да бидат! Ако веќе децата МОРА да носат униформи, државата треба да им обезбеди соодветен број на истите, а не родителите од свој џеб да плаќаат дополнителни. Оти па и не се малку пари за дополнителни униформи. Еве кај ќерка ми дуксер е 750, маица 450, блуза 500. Реално во други продавници можеш поевтино да поминеш.
    Не сум против униформите, напротив, многу ми олеснуваат како родител од аспект на избор што да се носи на училиште, ама истите треба да бидат комплетно бесплатни, а не да се доплаќаат по не баш евтини цени.
     
    На azelea, snegulkata, MilaSs12 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    793
    Допаѓања:
    572


    Јас бев во истата ситуација, моето дете а родено во јануари, не контактираа во училиштето каде што сега учи и не прашаа дали сакаме да тргне една година порано или да си остане со нејзината генерација. Одбив да тргне таа година, ме повикаа само да потпишам дека ќе си тргне следната, со наведена причина дека си тргнува следната година со децата родени во таа година и никому ништо.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.082
    Допаѓања:
    204.167
    Пол:
    Женски
    Кај нас униформите се бесплатни, децата добиваат по две поло маички со кратки ракави, маичка со долги ракави и дуксер со патент и капуљача.
    Ако сакаш дополнителни парчиња ќе си доплатиш секако, ама овие им се доволни искрено.
    Иначе општината ги дава униформите, секоја година, веќе три години наназад. На крај на школска година прашуваат за бројчиња за следна година, и ги даваат униформите во септември.
     
  10. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.371
    Допаѓања:
    24.968
    Пол:
    Женски
    Кај нас нема униформи ама реално со 3 блузи поминува цела недела, можи и 2 ако не се извалка. По 2 дена си носи 1 блуза. Сега не е скапа облеката 200 ден блуза дебела од Синсеј порачав на пр. Најскапи се 500 ден таму што се вели, пак за 1500 ден ќе купиш 5 блузи/дуксери и ќе поминиш цела година :D
    А кога веќе училиштето дава униформи нека дава доволно за да имаат децата да менуваат.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.508
    Допаѓања:
    37.009
    Пол:
    Женски
    Како психолог и некој кој проучува цел живот образование не гледам никаква реална потреба од воведување на униформи. Нема ниту една научна студија која покажува некој бенефит реален од униформите во училиштата. Не влијаат на дисциплина, на постигнувања, на еднаквост. Единствено влијаат на чувство на припадност кон конкретното училиште. Е во некои ситуации тоа може да биде негативно зашто се јасен маркер кој на која група припаѓа.
    Исто така има и научни сознанија дека униформите ја намалуваат креативноста на децата бидејќи го намалуваат шаренилото во училниците. На некои креативни деца им е одземено правото за изразување/комбинирање на бои. Плус наметнуваат слепо почитување на авторитет.

    А и јасно е дека блузата не е веќе симбол на двоење меѓу децата. Не е ни ранецот. Сега се патиките од 200 евра и iPhone од 1000 евра.


    Од друга страна мене лично ми е огромно ментално оптоварување униформата. Ај налет што само две маички добиваат и мора да се докупат туку што морам да ги мислам дали се чисти и пеглани. Кога немаше униформа многу ми беше полесно. Било која маичка, дукс, блуза, блузон можеше да се облече.
    @Annath бесплатни се само две парчиња, тоа не е бесплатно тоа е уцена. Мора да докупуваш плус ос еден добавувач. Изборот ти е нула. @Aleks.mar јас добивав и користена гардероба и ја давав гардеробата од син ми на други. Вака цврц. Мора да се купи од само еден добавувач. Инаку на попуст во продавници има маички и за поевтино од оние што се купуваат од униформите. Ова со париве нешто грешна ти е математиката или нереална во однос на цени.
     
    На Aleks.mar, troublemaker94, TheSecret и 3 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.119
    Допаѓања:
    37.889
    Пол:
    Женски
    Нас не ни се доволни. Реално, по една маица, блуза и дускер не им е доволно, би требало барем по три комплета да имаат од се. Особено што, како што реков претходно, те условуваат да мора да се носат униформи, а цените па не им се така пристапни. Се што е задолжително, треба да е бесплатно.
     
    На JoyJoy, Liky и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.508
    Допаѓања:
    37.009
    Пол:
    Женски
    Ем не се доволни, ем се дуплираат. Детето не може да има само униформа. Му треба и гардероба за надвор од школо. Само глуп, непотребен трошок е.

    Ако се бепслатни дали се потребни. Не сакам моите пари да се трошат на нешто што нема ама баш никаква врска со квалитетно образование. Парите од униформите може да се користат за нагледни средства, кабинети, прозори, тоалети и слично. Вака ем општината си префрла пари на нивните фирми, ем родителите уценети да купуваат од тие фирми. Парички куп. Квалитет за парите ич (под квалитет не мислам квалитетот на материјалите туку исходот од носењето униформи).

    Сите што сте за читнете го барем написов: Училишни униформи - нешто бесплатно, нешто со доплата - Призма
     
    На zvecarka и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    18.967
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум ја гледала еднаквоста како нешто предобро, вау и супер дупер.
    Прво, реалноста е дека не сме сите еднакви.

    Ај во прво одделение можеби нема да обрнат внимание на пари, ама и те како се свесни дека има деца кои се повисоки/ пониски, послаби/подебели, има деца кои научиле подобро, деца на кои одлично им оди математика и така во недоглед.

    Треба да ги учиме децата дека не се сите исти.
    Јас како родител имам да дадам колку имам. Но, секогаш има родители кои немаат да одат на одмор. Ги има и оние кои имаат јахти. Наша обврска е да објасниме дека треба да се среќни. Да го ценат тоа што имаат, и да се добри личности. За повеќе ќе се потрудиме.

    Да се навратам на униформите. Прво, ни во мое време не беа со реални цени, а не се ни денес. Квалитетот е друга тема, ама е доста лош. Да не зборам ни дека е кјут да се сите исти, цеееела една година.
    Има и друга ситуација, каде дете може да добие донирана облека, а со униформата да треба да плати екстра.

    И да не се кажеме дека патики не паѓаат у очи. Или колите, со кои ги носиме децава и школо.
    Дома имаме две коли, мојава доста поевтина, и не му треба на детево некоја посебна едукација за да согледа дека не се исти двете коли.
     
    На Aleks.mar и JoyJoy им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    18.967
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, целосно го заборавив аспектот дека и бесплатни униформи, не се бесплатни, јер нема ништо за џабе.
    Само парите се од заеднички буџет, кој може да се искористи за нешто што е навистина корисно за образованието на децата.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.051
    Допаѓања:
    18.967
    Пол:
    Женски
    Јас маица за син ми немам купено по редовна цена. Во зара макс сум дала 250-300 денари. Во други проданици се многу поевтини.

    Фармерки, јакни, ранци, се доаѓа до израз.

    Баш во училиште се износуваат алиштата. А бидејќи збориме за деца од 1во нема некое специјално рамислување. На децата не им е битно расположение хормони дали е подуен стомакот итн. Ако има физичко се тренерки, ако не - фармерки.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    745
    Пол:
    Женски
    Моето дете не носи униформа токму заради причините кои ги посочи @JoyJoy и заради тоа што униформата која ја купивме е со никаков квалитет, нема декларација за состав и ја иритира атопичната кожа. Не гледам на кој начин може да ме натераат да носи нешто што треба сами да го платиме. Можеби донеле некоја одлука на Совет на родители но колку е таа издржана и дали е уставна е друго прашање. Во време кога се повеќе се зборува за различностите и слободата на изразување да ги униформираме децата заради правење на профит на одредени фирми ми е премногу.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.981
    Допаѓања:
    7.961
    Пол:
    Женски
    Немам против униформите, ама 100% полиестер за состав.. Кој што има 2 грама мозок го одобрува тоа. Па една маичка 500 денари е да си ја купиш сам, за тие пари 2 памучни ќе земам.
     
  19. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.443
    Допаѓања:
    5.007
    Ние немаме униформи и искрено мислам дека ќе се стресувам повеќе да имаме. Во недела се ми е испрано испеглано и во шкаф и си бира без замарање. Купувам памучно, подебело/потенко како што си се научени.
    Не пуштам машини баш секој ден нивни, и не пеглам секојдневно. Некогаш од толку активности, спорт, родендени по игротеки, не ми паѓа на памет да се притресувам за утредента, кај за нас за на работа па навечер да пеглам маици, зошто секој ден одма после училиште ставаме за перење, дали се исфлекани, дали надвор биле па со кал се, дали ракавите му се црни од боење, макар и навидум чисти да се полни се со прашина. Се надевам така ќе остане без униформи.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    7.657
    Пол:
    Женски
    Мм ги земал така како што му ги дале, без амблем.
    Ги исправ и така ќе ги носат, 6 маици се, немам намера да доплаќам за шиење.
    Иначе многу се изнервирав, да знаев ќе си купев само амблеми и ќе си сошиев на други блузи. Дур ги чекавме резервниве им купив еднобојни барем со добар квалитет и по потреба тие ги носеа. Нивните после 3 перења се избледени, на малиот и дупка веќе има едната.
    А реално ги гледам деца ги носат уште тие старите што им беа од пред неколку години (малку се потемни) ама како нови се, исто и тие дуксери им беа многу поквалитетни, овие извиткани во патентите, избледени...
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.