Јас ги пријавив во пазарна инспекција за надминување на законски рок за достава на платен производ и продавање на неисправен производ.
Здраво. Како би постапиле кога вашето дете е малтретирано, тоа го знаат и другите деца и наставничката, но мајката на детето не соработува? Имам и снимка, дали да ја носам во полиција или прво кај педагог, психолог во училиштето?
Носи во полиција. Никој, ама никој нема право да го малтретира моето дете. Заеби тоа смирување топки, решавање со разговор, трлала. Штом учителката знае, мајката знае, поминало времето за педагози и психолози. Тие само ке ти кажат да се смириш за да избегнат скандал за училиштето. Училиштето треба да е место каде детето ке оди со радост, за да процесот на учење е полесен. Како тоа дете да има нормален ден ако од вечерта му се лоши јер утре некој ке го малтретира?
Види прво со Психолог/Педагог. По службена должност треба да реагираат односно тие да вилнат полиција. Кажи им дека има Правилници на МОН за постапување по пријава за насилство. Повели линк до сите материјали и нивни обврски: https://bro.gov.mk/превенција-и-справување-со-насилство/ Ако не реагираат пријавувај ти во Полиција.
Не. Убаво рече членката погоре, ќе се заташка, училиштето се ќе направи за да избегне скандал. Плус наставничката знае и ништо не презема. Шанси нема да оставам така како до сега што сме сведоци како страдаат деца од вакви размислувања како вашите. Плус имам роднина во малолетничка па сигурна сум дека ќе добијам. Многу добро сите знаеме дека ако родителот во оваа држава не си ја земе работата во свои раце ....
Па така кажи, дека ти си од тие што имаат луѓе насекаде и ќе им завршат работа. И членката што те поддржа и ти, немате основни познавања како функционира редот на нештата во образованието. Терај како што си замислила, од МВР пак ќе те вратат во стручна служба зошто си ги прескокнала. Размисли дали имаш и дозвола за снимање на туѓи деца( не го оправдувам насилството).
Си го одговори сама веќе прашањето во првата реченица. И не заборавај утре и твоето дете ќе биде тепано па ќе ми пишуваш за врските
Ти не се ни обиде да го решиш проблемот. Веднаш премина на користење врски. Друг пат не барај совети кога си знаеш како ќе постапиш. Од такви неуки како тебе си патиме.
Ти па, одма во одбрана на службиве!!! Божем не знаеме ние како функционираат! Ај, се кладиме дека ќе пробаат да заташкаат?! Наставничката знае, па ништо не презема, што мислиш службите како ќе реагираат?! М! Наставничката треба да пријави во служба, особено што родителот не соработува, ама ете не пријавува. Тоа дека они си ја вршат работата како што треба, ама родителов сака се со врски да е! Кога браните некого, со усул да биде барем!
За жал, имам не само основни познавања, туку и искуство. И тврдам дека работите се заташкуваат. Како ја оправдуваш учителката која знае а не реагира? Ред нема. Нештата не функционираат. И да, ако врз мое дете некој врши насилство, и истото не се реши веднаш, не триста врски да фатам, сите ке дознаат. Фб, инста, на крај и телевизии ке вклучам. За жал, заради службите и "ке решиме, не оди во полиција" не знаеш, или можеби знаеш, колку професори кои вршат малтретирање на деца се неказнети и уште работат, или се во среќна пензија. Врсничко насилство не се ни спомнува. Да потсетам само, дури и со тужби, имаме лекари кои убиле, или речиси убиле човек, и сеуште работат.
Како не се ни обидела коа наставчинка знае, родителот знае? и не вреѓај со "неук", мајка на дете кое трпи булинг. Да се деси на мое дете, не неука, проста, незнам каков епитет да ми дадеш, пердуви ќе летаат. Си патела она.... Ние си патиме од заташкувачи како тебе. Незнам како мајка што бара решение за детето кое и го тепаат, го сместивте во категорија барање врски
Овој коментар не сум го дочитала. Дали сериозно, мајка на дете врз кое е извршено насилство, ја нарече неука? Проблемот е пријавен, знае наставничката и родителот. Не е должна наставничката да пријави? Особено затоа што другиот родител не соработува? По кој основ е неука? По тоа што детето и е малтретирано и бара решение? Мислам дека си ти просветно лице, и жално е што пишуваш вакви работи.
@rikimiki што значи мајката не соработува? Што имаат превземено од училиште? Дали малтретирањето е вербално или физичко? Велиш имаш снимка, дали сами децата снимале? Имаш ли некаков доказ дека ги имаш поминато сите нивоа на ескалација во училиштето?
@rikimiki јас убаво ти пишав како да постапиш. Ти веднаш скокна и пиша не си имам врски. Не ни кажа како си дошла до доказите за насилство и зошто и како мајката на другото дете не соработува. Не знам дали беше постов да се пофалиш дека имаш врски или што е работата. Насилството не е за оправдување ама има начини како се постапува.
Ти гарант си замислуваш дека живееш во Финска, според твоиве писанија за нашиов образовен систем? Насилство е насилство, било психичко или физичко и при пријава, кога другиот родител не соработува, наставничката е должна да пријави во служба. Не пријавува! Ај, запрашај се зошто? Гарант, бидејќи се е бајно и сјајно во образованиево
Потполно ист случај како со керка ми.Слики имам со модринки по телото.Учителката неспособна,не ја заболе таквото било што да превземе.А знаеше за какво дете насилно и немирно се работеше.Мајката ми даде одг Прави што сакаш, таткото се силеше на мм со Ке видиш јас кој сум(вработен во Ујп).Немаше ефект ни со разг кај директорот мн мн.Кога видоа дека за детето наше сме спремни и преку леш да газиме подвиткаа опашката и конечно го подбраа малиот.
Мене мајка на друго дете ми правеше булинг. Цело време ми се јавуваше дека моето дете го задевало нејзиното. Ми викаше имам докази. Ја обвинуваше наставничката дека не реагира. На крај испадна дела нејзиното дете е "виновно". Тој бил закачко и прв почнувал мојот враќал. Не е се така црно и бело. Ама одма се рипа ако не ви одговара пишаното.
Каков булинг? Во смисол глуп си, ваков си таков си? епа ок, ама кога ќе го тепаат твоето дете како што се тепаа во Сарај (ако си ја гледала таа снимка) тогаш кажи ми дека ќе одиш кај педагог место во полиција