Форумџика на годината

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    38.214
    Пол:
    Женски
    Не знам што ти е смешно. Ајде ако треба ќе се смееме :D:D:D:D:D. Читај убаво што напишав и зошто ти изреагирав така кога пиша дека си имаш врски.
    Убаво ти дадов совет. Ти реши да се „фалиш“ со врски.
    Ако е толку сериозна ситуацијата како во Сарај одма се вика полиција. Зашто таму имаше повредени.
    Ти секако треба да пријавиш кај стручна служба педагог/психолог па да тераш понатаму.

    Искрено се надевам дека ќе го решиш проблемот.
     
    На Mother of 2boys и le.soleil им се допаѓа ова.
  2. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    Вие детето подберете го. Кај син ми во одделение има едно дете, сите ги закача. Родителите не соработуваат. Еднаш беше маж ми во школо за друго, син ми и друго дете се пожалиле дека ги закача, маж ми го викна детето и му кажа да не се закача. Детево сега за сега се смири. Дали дека машко му кажа не знам, ама може да пробате. Инаку и наставнички збореа, служба исто , се препукувавме рпдители во група на вибер.. ништо.
     
    На SummerGirl и JoyJoy им се допаѓа ова.
  3. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    5.123
    Пол:
    Женски
    Женски ми треба совет. Крајот на месецов се селиме во странство, син ми е прваче на 20ти треба да почнат на училиште нели, е сега сум во мисла дали да го пуштам тие неколку дена да оди или да не почнува овде за да не му е потешко:smirk:
    Тој сака да си одиме кај татко му, само ми вели ќе ми фалат децата од училиште и училиштето, па сега дека беше дома не се гледа со нив се пододвикна малку а ако се врати да не напрам да му е потешко после :doh:
     
  4. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.311
    Допаѓања:
    8.944
    Пол:
    Женски
    Да се консултирате со наставничката? Мали се децата, но и не толку мали, па може сепак и твоето, а и другите сакаат да се видат, да го испратат, може некоја мини забава што ќе му остане во сеќавање.

    Или да не почнува со настава тука, само на кратко да се појавите, да си кажат чао. Може не било долго време со тие деца ама колку толку сепак месеци поминале.
     
    На troublemaker94, Mother of 2boys и flower55555 им се допаѓа ова.
  5. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.817
    Допаѓања:
    5.123
    Пол:
    Женски
    Од градинка се истата група, една година претходно не одеше во градинка па сега во прво се споија и стварно се дружат. Ќе зборнам со неа да, ама сепак мислам нема да го пуштам, тој не дека ќе има бурни реакции и тантруми, само можи полошо да тагува во себе.
     
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    Јас не би го пуштила.
     
    На flower55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. elena.93

    elena.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    178
    Која е разликата помеѓу ЕДНА СМЕНА СО ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ и ПРОДОЛЖЕН ПРЕСТОЈ ( целодневна настава ) ?
     
    На Madrugada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.275
    Допаѓања:
    205.764
    Пол:
    Женски
    Целодневна настава е настава кога децата имаат двајца наставници и се' сработуваат во училиште. Прва смена се часовите, после пишуваат домашно и се повторува материјалот од тој ден. Имаат и топол оброк ако не сум грешка.
    А дневен престој е кога после прва или пред втора смена со редовни часови и еден наставник детето седи во училиштето (нема кој да го зема и чува дома), ама нема никакви посебни активности (зависи од тие што ги чуваат, кај нас се катастрофа), не се пишуваат домашни со наставник, детето само може да пишува и да учи доколку сака.
     
    На elena.93 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    38.214
    Пол:
    Женски
    За целодневна настава има програма и две наставнички кои се распределуваат за да може децата во текот на целиот престој да работат на материјалот. Тоа им дава повеќе време на децата за учење во текот на училишниот ден. Дома во текот на неделата не носат ништо од школо (освен ако нема претходен договор дека нешто ќе се носи дома). Ташните се оставаат во школо во Понеделник и се земаат дома во Петок. Домашни има само за викенд и ретко некогаш преку недела (кај нас повеќе беше да правиме експерименти дома и слично). Целото одделение си останува заедно во текот на целиот ден.
    Една смена и продолжен престој е работење во една смена со наставничката и потоа дел од децата одат во Продолжен престој (дневен престој), а дел си одат дома. Во продолжен престој се со деца од други одделенија. Дали ќе напишат домашна или ќе работат нешто од материјалот зависи од ангажираноста на наставникот кој е со нив. Кај нас до 3-то имаше само целодневна, а потоа во 4-то продолжен престој. Наставничката од продолжен престој беше супер и пишуваа таму домашна, ама нема гаранции дека секаде е така.
     
    На azelea, Madrugada и elena.93 им се допаѓа ова.
  10. Madrugada

    Madrugada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Која опција е подобра од двете? и Каков им е оброкот?
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    38.214
    Пол:
    Женски
    Во школото на моето дете до трето има само целодневна. Имаат два оброци (доручек и ручек) со мени слично како тоа во градинка само наместо мелено месо имаат парчиња месо на пример или наместо намаз од јајце имаат варено јајце што сами го лупат.
    Во четврто имаа продолжен престој и искрено требаше привикнување на ново темпо и носење тешка торба секој ден. Оброците им останаа исти.

    За учење и програма пишав погоре.
     
    На Madrugada му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Madrugada

    Madrugada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Од прво до трето тие што се со дневен престој а во смени (класична настава СО дневен престој) може ли да ми пишете отприлика кое време се часовите, кои оброците итн? Дали одат една недела прва, една втора или? Фала ви за инфо.
     
  13. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    1.741
    Пол:
    Женски
    во секое школо е различно. Ние не сме од скопје, децава од 1во одат една смена - од сабајле. Оброци носат од дома. Првиот оброк е со учителката а вториот во дневен
     
    На Madrugada му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Madrugada

    Madrugada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Ме интересира и од целодневна дали може да се земе евентуално порано, на пример кај 12h или прават проблем учителките? Кога завршуваат со домашни и оброци во целодневна?
     
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    38.214
    Пол:
    Женски
    Од целодневна не може да го земаш порано. Некогаш часовите им се после ручек. Имаат поинаков распоред од класична настава. Често само пишуваат после ручек, ама се случува и да префрлаат часови после ручек.
     
    На Madrugada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    По потреба можеш,не прават проблем
     
    На Madrugada му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.938
    Допаѓања:
    7.663
    Пол:
    Женски
    Во целодневна целиот ден им е со програма. Задолжително е од 7:30 до 14:40. Може да се земаат од 14:40 до 17.
    Порано може да се земе само со конкретна причина, однапред најавено
     
    На JoyJoy и Madrugada им се допаѓа ова.
  18. Madrugada

    Madrugada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Кога им е втората смена на децата што одат класична + дневен престој?
     
  19. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.640
    Допаѓања:
    38.214
    Пол:
    Женски
    Зависи од школо до школо. Обично после 12:30.
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.311
    Допаѓања:
    8.944
    Пол:
    Женски
    Најдобро сите овие прашања во училиштето што планираш да оди, да си прашаш.
    Во мојов град, повеќето училишта почнуваат во 13:00 со втора смена.
     
    На JoyJoy и Madrugada им се допаѓа ова.