Site vo prvo oddelenie ja primija mrp vakcinata, nekade oktomvri. Mojata imashe polni 6, kako i povekjeto deca. Ne ni ja baraa za maj. Za tie shto nemaa napolneto 6 ne znam kako beshe, sekako se malku kaj nas.
Баш така, нр објавија јавно дека мора мрп оти не е законско реално ама усно ни кажаа дека мора. Е сега некој ако оди до крај, ако не сака да ја прими мислам дека ќе истера до крај. Кај мене е август 6год, не ми се замараше го вакцинирав во јули и однесов потврда.
Ние имавме и дете што беше јануари ама 2020. Тие може да бираат дали ќе одат првачиња. И тоа дете го вакцинираа во јуни, јули значи на 5ипол год
Рано ни е за прваче, јас ко од марс падната сите деца ги тестираат пред да почнат првачиња? Имам пријатели кои нивните дечиња почнаа првачиња лани во септември и никој нема спомнато тестирање сега од овде првпат читам тестирање.
На упис не ги прашувале децата ништо? Не дека е којзнае какво тестирање. Со кого живееш, каде живееш, што има над/ под тебе, приказна некоја да раскажат, песничка. Тоа барем неколку деца што ги знам ги прашуваа.
Никој до сега нема спомнато такво нешто од овде првпат слушам а имам повеќе пријатели што почнуваа првчиња некој ќе спомнеше за тестирањево.
Ау сега се сетив. Тоа тестирање всушност беше на денот на уписот. И повише е како разговор, не класично тестирање
Во училиштата во моментов има деца со посебни потреби кои имаат образовни асистенти. Не може да не примат дете што треба да појде на училиште. Некогаш ако има опција се советуваат родителите да го одложат одењето на детето на училиште за да биде поподготвено, ама тоа е ако ептен касно во календарската година родено. Имам пријатели кои сами побараа за Декемвриско дете да појде следната година заради одредени мали проблеми во развојот на кои работеа и ги средија пред да појде детето следната година на училиште. Ама ако родителот не прифати одложување училиштето не може да наметне одложување на прием. Може да сугерира и одење на фунцкионална проценка за да се види дали на детето му треба или де образовен асистент, ама не смее да не прими дете. Е сега за да може детето подобро да се прилагоди ако има проблем со говорот најдобро е да работи со некој стручен за тие работи (дефектолог, логопед) за да на детето му биде полесно да се вклопи на училиште. При упис се носи картонот со примени вакцини пред поаѓање на училиште. Ревакцината од ММР не мора да ја има примени барем во Скопје. Таа ја примаат во склоп на систематски преглед. Сите други претходно мора да ги има примени. @Bubce38 догодина спремај се за прваче по дома. @ija тестирање за упис на прваче имало секогаш. Јас памтам кога мене ме тестираа. Слично тестирање помина и син ми при упис. Не е некој тест, тест. Повеќе е разговор со педагогот на училиште за основна подготвеност.
Повеќе е разговор . Не е некое тестирање незнам какво. А во школово кај мене, дете на упис уста несакало да отвори. А детево нека е жибо здраво, мелница е колку збори. Го знам од маало ми е. И кажуваат на татково дека нема да може да го примат. Од тука идење во друго школо, детево неможат да го сопрат од зборење и он им вика: ама ајде уште да збориме , не ви кажав се.
Не верувам на вакви муабети. Основното образование е задолжително и нема опција дете да не ти примат туку така во училиште. Тоа не е тестирање за прием, тоа е задолжителен упис каде они успат гледат детето до каде е развојно и што и како ќе треба да се работи со него (ова у пракса не е баш така ама у теорија за тоа е "тестирањето") Исто ова не зависи од општини или училишта, ова е закон на ниво на држвата. Училиште самостојно не смее да донесува одлуки да не се прими некое дете. Доколку ептен дојде до некоја ваква ситуација да не може да се прими дете од посериозни причини тогаш треба да се вклучат психолози, педагози и да се формира цела комисија која ќе донесе официјално одлука дете да не се прими. И ако ова се прави тогаш ќе треба да има некој сериозен проблем за да дојде до ваква ситуација. Ако овие случки што ги кажувате се точни, тогаш некој се прави шериф своеволно, таму каде што не му е местото и тоа треба да се пријави и да не остава родителот така на муабет: не ми го примија. Тоа исто како да идеш на лекар и лекарот да не те прегледа оти не му се свиѓа како си облечена. Неможе тоа, а во реалност ако се деси тогаш си треба пријавување до соодветни институции. А не раскажување на случката како: абе дотерај се инаку доктор може да не те прегледа. Значи сума сумарум: не се потресувајте, децата не ги тестираат за прием, туку ги упишуваат и успат проверуват до каде се развојно. Ама не се многу потпираат и на ова зашто деца ко деца, неможе да го процениш во 15мин. После наставничките си следат и се праќаат на дополнителни проценки ако има потреба.
Дали веруваш или не, тоа си е твое. Детето го знам и мајката ја знам. И не и беше ама ич сеедно и нервозна , што од школо пред врата, она носи дете во друга населба.
Не си им дома, и не знаеш што и како се случило. Не им ги знаеш причините зошто смениле училиште, и што точно се случило. Од искуство можам да ти кажам дека многу луѓе не кажуваат многу работи. Од типот - детето носи очила за вид дома, детето има проблеми со граден кош, има тикови итн. Некои работи ке ги приметиш затоа што се гледа, ама некогаш нема да дознаеш се. Зошто ти кажале така, не знам, сигурно имаат причини. На крај, никој не е должен да се правда никому. Законски, училиште не смее да одбие дете на упис. Доколку има потреба, се прави проценка, се доделува образовен асистент итн. Плус, не може туку така да шеташ дете реонски, некои сакаат да им оди детето таму-и-таму јер препич, ама бараат врски и менуваат адреси јер не оди така процесот.
Те молам најди го делот кај што пишав дека е тестирање на знаење азбука. За детево што пишав , кажав дека несакало уста да отвори кога го прашувале општи прашања.
И јас се сеќавам мене кога ме тестираа ама тоа беше во градинка ми се чини. Ми текнува дека дојдоа две жени, не носеа во посебна просторија и се сеќавам за бои и форми ме прашуваа. Ова пред 30тина години.
Да да ја носиме на логопед, и башка ја имам запишано оди во група со деца на предшколско,кај неа е проблем концентрацијата затоа и е послаб говорот и прават вежби за тоа
Тоа ми е кажано од родителите на детето, кога било на тестирање не знаело апсолутно ништо, а не дека детето имало некој проблем, ама им рекле да си го спремаат детето за следна година, разговарав и со психолог од училиште исто ми рече дека правеле проблеми за упис ако детето не знаело некои работи посебно во поголемите училишта