Еве ке ви кажам за моето дете кое е доста интелегентно нема проблем психички нити било каков друг проблем,единствено има проблем само со говорот затоа што повеќе збори англиски и концентрацијата и е слаба, ако е нешто на англиски со кејф ке гледат или ке играт ама ако е на македонски губи концентрација како да не ја интересират, бевме и кај дефектолози, логопеди и психолог сите ми рекоа дека училиштата правеле проблем ако детето на тестирањто не зборело како што треба и не одговорило на поставените задачи и прашања, ќерка ми збори ама на проширена реченица се буни што на англиски што на македонски или ке си голтнет некој збор или ќе се изнервират од тоа што ќе се збуни и ништо нема да кажет на крај, иначе знае да собират да одземат задачи, азбуката ја знае да ја каже да ја напиши, знае да се представи и др работи, прочитав погоре барале да раскаже приказна, еве знае приказни ама да ја прераскаже тоа ќе биде каша попара, сега изгледа бараат да ги запишиме научени и начитани децава
@Aledarkali , претпоставувам во државава сте. Би ти дала совет комплетно да исклучите англиски од тв, говор и се останато колку и да има негодување. Периодов до прваче да се посветите само на македонски, без пишување и сето тоа. Тоа е работа на наставниците, туку говор, читање ( ти или било кој да и чита), раскажување приказни. Играње улоги, театар пример и слично.
Пишав и предходно, мојата збор не изусти на тестирање, не направија проблем . Значи дете здраво право интелегентно со скроз развиен говор, ама ете со возрасни не збори. Никаков проблем, дури напоменаа дека е задолжително да се примар сите деца заради целосна инклузија.
Zdravo dali moze nekoja dfa me uhoda kako odi procerdurata za upis na prvace 2021 g. e rodeno januar mesec .Kako se sostoi procenka od psiholog ,sto prasuvaat i koga gi vikaat dali pri samiot upis ili kako ?
Нашиве '21 родени ќе почнат наредната година. Бтв, да не се навреди некој, ама децата не ви се преинтелигенти ако на 6г знаат англиски, само превише седат пред тв и гледаат цртани на англиски.
Сакаш годинава да го запишеш прваче? Во градинка кога ќе прават список, кажи им да го додадат и твоето, деца родени во јануари имаат избор, ама редовно не ти е за школо оваа година. На упис ќе го прашуваат исто како и сите, да нацрта нешто, да брои до 10, да раскаже што игра со другарчињата, има ли братче/сестриче, ништо страшно ни тешко. Ако соработува, ништо битно не е проценката.
Тогаш прати го во градинка последнава година, да оди со децата со кои секако би било и на училиште, значи според адреса. Не ти препорачувам дете што не одело во градинка да го пратиш порано во школо.
Не мислев на тебе. Мојата е во февруари родена на почетокот, ама оде во градинка и ќе почне наредната година во школо. Јас мислам да си го запишеш наредната година
Родител е присутен, ама не треба да учествува во целиот разговор. Даваат некој документ да пополниш на страна, демек еве дури мама пишува ние да си поразговараме. Ништо тешко не ги прашуваат, но јас имам лошо искуство дека и се напикаа во фаца на ќерка ми, а она не е баш дружељубива и тоа и направи уште повеќе да се повлече, па целиот процес траеше 2 саата место 20мин.
Да да. Има и другарка што уште повеќе од неа е повлечена, што неколку пати ја враќаа за проценката, и она си почна. И двете супер се сега цела година, одлично совладаа се. Ама тоа уписот не измалтретира заради пристапот на психологот. Не секое дете ќе реагира добро на таков нападен пристап. Имам внук што прекрасно поминал со истиот психолог, ама детето е муабетџија невиден и супер му било. Ќерка ми и другарка и се скроз друг табиет и тој пристап баш негативно делуваше. Затоа ти викам ако детето соработува, проценката е многу проста, едноставна, кратко трае и ништо посебно не треба детето да се спрема за тоа.
A kako nekolku pati ,ja vikaa sleden den ? Znam dosadna sum ,ama ne sum iskuksna vo toa pole ,toa e se i uste nesto polni 6 godinki imaa ili pomali oti moeto vo januar 6 ke pravi
Па детето не одговара на прашања, не соработува, психологот вика ајде одете си дојдете пак друг ден. Следниот пат она пак не зборува. И така 3 пати, 4от пат конечно се решава да одговори, кажува се како што треба и ја запишуваат. Буквално се работеше за несоработка од страна на детето, ама такво си е детето, генерално со возрасни не зборува. Со деца нема гајле. Се работи за дете родено во лето. Ќерка ми е родена во јануари, ама тргната е во школо редовно, не порано. Значи на процената во мај имаше скоро 6ипол. А во клас има дете што е цела година помало, родено во јануари следната година, ја пуштиле порано и нема некоја разлика во нејзиниот успех во споредба со другите деца. На крајот од денот, не е возраста што одредува дали е спремно детето, туку зависи од карактерот и развојот на секое дете индивидуално.
Кај син ми во клас се 2019, тој е најмал (декември роден). Има деца јануари родено, ама тие се цела година постари од него. Инаку не осеќам дека заостанува нешто со учењето, помал е, да, ама си одеше со таа генерација и во градика и ок е што тргна во школо. На тестирање супер помина, имам неколку страни поназад напишано што го прашаа, тој е многу зборлест и соработува (со нас дома не баш толку) со луѓе од надвор.