1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Јас уште пред еден месец го запишав синот во прво одделение . Од документи ни бараа извод од матична книга на родени , потврда за вакцини ( дали ги има сите потребни вакцини ) , потврда од офталмолог и стоматолог . И ние немавме матичен стоматолог , па кога вадев потврда , го ставив докторот што се погоди на смена во тој момент . Скоро почнаа да му се менуваат запчињата , има едно излезено малку криво , ама ќе почекаме барем сите предни ( до 4-ки ) да му се сменат , па повторно на консултации со стоматолог околу протези , кога да се ставаат , треба ли да чекаме да се сменат сите заби или не ( некако долг период ми е да чекаме да се сменат сите заби ) .

    Го запишав во " Гоце Делчев " во Тетово , кај Стефи , која ми ја пофалија за почеток , па ќе видиме што потоа , како ќе се одвиваат работите . Исто така е запишан и во дневен престој , со цел да се навикне на училиште , деца , домашни задачи итн . , бидејќи до денес единствено другарче му е сестра му , и кумчињата ( што периодов ретко ги гледаше поради коронава ) . Ако не може да го издржи темпото , ќе го извадам од дневен престој .

    П . С . Немавме некој посебен проблем во текот на запишување . Иако постоеа рестриктивните мерки против корона вирусот , му ставив маска , јас ставив маска , психологот исто носеше маска . На влез дезинфекциско средство , исто и на излез од објектот . Училницата беше сосема празна , бевме само јас , синот и психологот внатре . Се помина во најдобар ред .

    Околу самото училиште , моментално е најопремено во Тетово , има спортска сала и спортски активности каде што може да се запише на тренинг , има обезбедено стоматолошки прегледи од страна на стоматолог , што го праќа детето на третирање на болното запче кај матичен стоматолог , имаат и чести систематски прегледи , дневен престој во кој е вклучен доручек и ужинка , дополнително е дружба со дечињата и пишување и учење на домашните задачи . Мислам дека не погрешив во изборот на училиште , друго подобро е " Братство " , но тоа е предалеку за нас . " Гоце " е во наша близина , па затоа и одлучив да го запишам таму .
     
    Последна измена: 1 јули 2020
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што издвои 2.750.000 денари.

    Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. Родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош од денеска до 15.9.2020 година.

    Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет-страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

    Во прилог на барањето е потребно да се достават на увид следниве документи, во оригинал, а не копија:
    – Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2020/2021 година заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром;
    – Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид;
    – Важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во општина Аеродром на увид;
    – Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид.

    Барањата можат да се поднесат до 15 септември во Општина Аеродром секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19.
     
    На zuto и PUPICA им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    @Kitten те тагнувам оти знам дека си во образование, а и ќеркичката ти е прваче годинава :)
    Имаш ли инфо како ќе се одвива образованието годинава? Читам на нет за нова програма, дали тоа значи дека кембриџ е сосема укинат?
     
    Последна измена: 25 јули 2020
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Ништо не знаеме 8-|
    Сега пратиле допис министерство до училиштата да се изготви нова програма скратена и таа треба да се достави до 15 август. Ќе знаеме прва половина на август. Но не ми се верува да е Кембриџ укинат, во тој случај ќе мора и нови учебници да изготват.
     
    На cresa-jagoda и An-na им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Леле, каша-попара :worried:
    За кембриџ одамна читав дека ќе се укинува, мислам и дека е укинат :?: ама тераат со старава програма оти немале нова.
    Јас искрено навивам за укинување на кембриџ и намалување на обемот на наставата како што најавуваа (fingers)
     
    На azelea и Kitten им се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Што секое училиште ќе си прави своја скратена програма? :^)
    МОН за ништо не ги бива, наместо тие да направат и да ви пратат, тие играчки си играат |(
     
  7. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Програма за работење на училиштето, а за наставните предмети тие ги изработува Биро за развој на образованието. Нели, сепак секое училиште има различни капацитети.
    Наслушнав дека се планира настава со три месеци зимски распуст. Тоа веќе го известија и некои телевизии и портали.

    @An-na прашав колешка што води првачиња, кембриџот не бил скратен, и моја претпоставка е дека БРО само ќе изготви скратена програма за работа, а книгите остануваат исти. Ете мала утеха за нас :)
     
    На An-na и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    741
    Mајки едно прашање,детето ми е прваче,школото има престој но со оглед на ситуацујава ме интересира дали доколку би почнало школото би работел и престојот или не,бидејки ми излезе можност за работа но ми зависи од престојот.
    @Kitten мислам беше просветен работник да не знае нешто.
     
  9. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    На ова прашање тешко дека некој ќе ти одговори.Тие што треба да кажат во МОН уште немаат одлука ,така да тешко,и мојава треба да биде целодневна ,сите чекаме со што ќе не крстат :).
     
    На SummerGirl, PUPICA и ubavka1 им се допаѓа ова.
  10. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    И мојов треба да биде целодневна, ама којзнае што и како ќе биде:sweat:
    По редот на нештата, и за тоа ќе треба да се одлучи истовремено со одлуката како ќе се организира учебната година.
    Веројатно деновиве ќе пресечат и ќе информираат...
     
    На ubavka1 и azelea им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Инфо некое за првачињава имате ли? Некој од Аеродром, пошто гледам секоја општина посебно ќе одлучува.
    Вистина ли барале родителот да се потпише дека на своја одговорност го пушта детето на училиште? :envy: Имаме ли ние народен правобранител? Како можат вакви работи да протнуваат?
    Кога они ќе ми гарантираат дека детево ќе ми се описмени дома, тогаш и јас ќе ја потпишам нивната глупава изјава |(
    Мене коронава не ме плаши, ама ме плашат другиве болести кои константно ги има по училиштава и градинките. Особено стрептококата. Малава често ја фаќа, па се мислам како ќе биде лечењето во овие “услови”? Тоа е единствено што ме става на мисла дали да оди или не. Ќе видам со матичната да се консултирам, дали имаат некои насоки во врска со ова. Оти, ако на секоја температура треба да чекам тест, кај ќе е крајот. Знаеме дека се чека и една недела некогаш, а до тогаш стрептокока може ршум да направи во организмот ако не се лечи :worried:
    Целодневна ќе немало, така пишува, па ќе видиме :^)
     
  12. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    @An-na вечерва добивме меил од училиште, од Општина Аеродром 20200826_004325.jpg
    Со оглед на прашањава, притоа без наведен рок до кога да се одговори и слично, не верувам дека до октомври би се почнало со училиште во било која форма.
    Од друга страна го нема клучното прашање, според мене, дали ќе посетуваме онлајн часови или физ.присуство.

    Дали сите родители на првачиња имате добиено ваков прашалник?
    Оти во дописов се вели од МОН им бараат, па логично ми е дека од сите општини испратиле или е се уште каша попара.
     
    На azelea и An-na им се допаѓа ова.
  13. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Ние уште не сме добиле,исто во Аеродром,и да забелешката ти е на место,клучното прашање никаде го нема.
     
  14. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    Пред 30 мин ми се јавија на тел, истите прашања и клучното:Dстанува збор за "Александар Македонски", позади Лиса.
    Чисто инфо, да пренеле, од МОН им барале.
    Повеќе од јасно е дека во најмала рака до 1 октомври нема да почнеме, според мене.
    Прееска и ЗЗ така нешто изјави, не следев баш со внимание, мада и он беше конфузен:worried:
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Мене па ми е чудно што бараат да се изјасниме дали ќе се оди во училиште или онлајн, кога не знаат да кажат како ќе се одвива наставата, а како онлајн предавањето. Јас вчера бев во нашето училиште (Љубен Лапе) ништо не знаеја да ми кажат. Не дај боже телефонски да не известат, многу деца биле кај ќе вртеле цел ден ќе им требало :^) Ги прашав дали слушнале за циркуларен емаил кога веќе телефонско јавување им е проблем ]:)
    Муабетов ми е, не може да се очекува родителот да одлучи без да ги знае сите опции и факти. Барем јас не. Иако сум 99% решена да оди на училиште. Опцијата да седи дома е мизерна, имајќи предвид дека вчера ми спомнаа дека првачињата не би имале класична онлајн настава т.е не знаат воопшто како ќе се одвива кај нив оти они ништо не учеле сега, туку само стекнувале навики. Како ова ќе се направи онлајн никој не знаеше да ми одговори |(
    Шуга држава :devil:
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    5.523
    Официјално наставста почнува на 1ви Октомври.
     
  17. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    Од каде информацијава?
     
  18. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    На PUPICA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    5.523
    На PUPICA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Во Лапе се објавени одделенските списоци :party:
     
    На Kitten, zuto и azelea им се допаѓа ова.