Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    8.675
    Пол:
    Женски
    Не знам, како сакаш. Можеш да го прашаш педагогот/ психологот за мислење ако го однесеш на тестирање, дали е спремно детето. Можеби ако му е личен став да не се пушта детето порано ќе ти го каже тој, не на основа на развојот на детето, ама пробај. Јас исто мислам дека е ок да го пуштиш во градинка, чисто да почне да се адаптира малку на деца, седење цел ден надвор од дома, ама твоја е одлуката на крајот.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    9.307
    Пол:
    Женски
    @mekotel92 , а може добра е идејата погоре пишана да оди оваа година во градинка, па на 6,5 прваче.

    И ќерка ми е јануари, мала е уште, првично размислував за кога ќе тргне да е на 5,5 години. Сега веќе како што врви време се повеќе сум сигурна дека на 6,5 ќе си оди, со нејзината генерација.
     
    На dromka и azelea им се допаѓа ова.
  3. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    39.306
    Пол:
    Женски
    @mekotel92 моето дете е родено во Јануари (првата недела од Јануари) и тргнато на 5 и 9 месеци во школо. Внука ми е родена крај на Јануари и појде исто на 5 и 8 месеци на школо. Двајцата супер се снајдоа на школо.
    Само двајцаѕа одеа во градинка и од градинка учителките проценија дека се спремни. За да не се мислиш оденси го детето на проценка на пример во Центар за Ментално здравје за да ти кажат дали е спремен или не бидејќи не одел во градинка.

    На самото тестирање прашуваат страни, што е горњ/долу, бои препознавање, овошја и зеленчуци, раскажување приказна, дали знае да го напише името или не или да нацрта нешто (ова не е заради познавање букви туку проценка како држи молив односно каква е моториката).

    Ако речат не е спремен запиши го во градинка барем една година ќе има ќар.
     
    На azelea и Spidy им се допаѓа ова.
  4. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    17.244
    Здраво, и јас дојдов за темата јануарски првачиња:).
    Ќерка ми е родена јануари 2021 и искрено многу се мислев цела година што да правиме кога ќе дојде овој момент и решивме дека ја запишеме сега.Мене не ми е сеедно дали ја правам вистинската одлука или не ,но маж ми е од сам стар дециден дека треба сега да се запише со децата од генерација од повеќе причини.
    Она оди во градинка веќе пет години,од бебе и сите деца во групата се 2020,само има уште едно девојче исто јануари 2021,и од учителките добив препорака да не ја оставам уште во градинка, со муабет дека она е најмала во групата ,ама и позрела од поголеми од неа,одговорна е,слуша наредби,има внимание за исполнување на задачи,сите гласови ги изговара како што треба и многу добро знае да прераскажува(ова и од други воспитувачки од градинката го добив како забелешка ).И од блиски што ја знаат сите ми викаат да ја запишеме сега познавајќи ја каков карактер е.Дали ќе згрешиме или не,не знам времето ќе покаже ,но да остануваа половина од групата уште во градинка може ќе си поодеше уште една година,ама вака не ми се враќа ни со помали од неа,најголема да биде а тие ми изгледаат многу помали,некои не ни знаат да зборат како што треба,се плашам после да не и биде досадно со тие и да се исфрустрира.Плус дома расте со поголема сестра и многу ја слуша неа кога учи или пишува и сама си пројави интерес да пишува,па седи ја слуша кога раскажува лекции или кога ја испрашувам:).А за зборење ,уста не затвора и со домашни и со надворешни:D.

    За порано тргнување имам искуство и со поголемата ќерка ,која е родена во декември сега е шесто одделение и она тргна во прво со 5 и 9 месеци ,па апсолутно немав никаков проблем во совладување на обврските,дури она со уште едно дете декемвриско се меѓу најдобрите во одделение,до трето не ни знаев што имаат домашна ,што учат, се во школо правеа и работеа со наставничката,само за викенд дома проверувавме и вежбавме.А и децава веќе второ,трето одд се изедначуваат,не се познава кој е помал поголем.
    Вака сега наназад кога ве читам колку домашни им давале на првачиња просто се запрепастив,јас не памтам такво нешто или ова е дел од новава програма, или пак не се во целодневна настава,мене ми нема логика да оде цел ден во школо и дома пак да пишува по толкави страни:^).

    Како и да е,секој треба да си го следи детето и да процени дали е спремно,ништо не треба да се форсира,ниту пак да се кочи во развојот.

    @mekotel92 и јас мислам да консултираш со стручни лица за да проценат дали да го запишеш или не,мада јас мислам да си иде една година во градинка па после во школо можеби најдобро,ама вие си знаете какво си е детето.
     
    На JoyJoy, strelec231992 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. mekotel92

    mekotel92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    26
    Zapisan e vo gradinka vo drzavna ,na lista na cekanje ..poprvo ke pocne na skolo nego tamu ...uste cekame
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    39.306
    Пол:
    Женски
    @azelea ќе се снајде ако е така како што ја опишуваш. И мојот беше таков во градинка и се снајде убаво на школо. И мене од градинка ми рекоа дека е спремен и ги послушав. Сега е мојот 5 одделение и навистина нема врска кој колку години има нити за учење нити за однесување и созревање. Повеќе има врска како родителите го третираат школото (дали почитуваат школо или не, дали работат дома со детето или оставаат само тоа што е на школо сработено и минимумот дома и слично отколку возраста).

    Инаку маж ми исто беше дециден да тргне на 5 и 9 месеци по логиката кога ние сме тргнале на школо. Он е Јануарско дете, јас февруарско. Двајцата сме тргнале на 6 и 8/9 месеци во прво одделение. По таа логика ако детево тргнеше на 6 и 9 месеци ќе појдеше на школо една година подоцна од нас и ќе заврши на 19 и 8 месеци средно.

    @mekotel92 тогаш запиши го на некоја активност со деца што е неколку саати (на пример има летни кампови од неколку саати и слично). Чисто за да се навикне на групна работа.
     
    На MilaSs12, azelea и mekotel92 им се допаѓа ова.
  7. mekotel92

    mekotel92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    26
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.272
    Допаѓања:
    138.517
    Пол:
    Женски
    Собери си ги документите и однеси го во термин за упис. Цел мај се уписите. Има комисија ќе го тестира.

    Инаку и моето не одеше во градинка. Една година претходно само одеше во едукативен центар по неколку часа дневно. На крај ме викнаа да потврдам дали стварно нема одено во градинка бидејќи беше така опуштен и знаеше се. Секогаш сум на став дека градинката е само да ги згрижи децата, како помош на родителите за чување, ништо друго.
    Учителката исто не ни веруваше дека нема одено во градинка. Цело полугодие потенцираше чудо како за дете шо не е одено во градинка. И стана досадно тоа па сеа ја префрли топката на тоа шо е единствено дете дома и дека му е превише внимание посветено затоа знае се.

    Така да ако мислиш да го праќаш во школо ич не се секирај што нема одено во градинка, не е тоа пресудно колку ќе биде социјализирано или колку ќе знае. Букви, бројки, бои, денови во неделата ваљда го имаш поднаучено.
     
    Последна измена: 22 април 2026 во 14:04
    На Aledarkali и azelea им се допаѓа ова.
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    39.306
    Пол:
    Женски
    @Sesil сепак одел на некаква активност која го подготвила за школо. Инаку градинката не е само за згрижување на деца. Ако се работи по програма навистина многу учат децата. И не само што учат работи туку усвојуваат и социјални вештини. Има и истражувања кои покажуваат директен бенефит од одење во градинка и натамошен успех (дури и во нашата земја ПИСА резултатите го покажуваат тоа).
     
    На azelea, Tasha masha и MikicaBt им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    7.272
    Допаѓања:
    138.517
    Пол:
    Женски
    ок, не спорам, но
    има деца од рурални средини шо немаат опција градинка или им е многу тешко изводливо. Значи ли дека цел живот ќе си останат глупи?
     
  11. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.762
    Допаѓања:
    39.306
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде идејата дека некои деца ќе останат глупи или нема да останат глупи. Не тоа речник што треба да се користи за деца.
    Факт е дека градинката помага во прилагодување на школо и е врзана со подобар успех понатаму во школувањето. Токму затоа има стратешка определба да се зголеми опфатот на деца во предучилишни установи.
    Затоа секој кој има можност треба да го пушти детето во градинка барем една година пред школо или во некој вид на центар за ран развој или едукативен центар.
    Инаку на крајот успехот на детето и прилагодувањето зависат од многу фактори.
     
    На azelea, Tasha masha и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.134
    Допаѓања:
    19.081
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy јас би додала само дека и спорт може да помогне во социјализација. Не како градинка, но сепак има позитивно влијание.

    Кај син ми конкретно одење на шах беше отскочна даска, бидејќи во градинка нема одено. Поточно одеше некои 2 месеци на 2 и пол години, и секој еден ден беше со плачење.

    Било каква активност со врсници има бенефит. Може да е гимнастика, танци (модерни или народни), фудбал, пливање итн.
     
    На azelea, Aledarkali и mekotel92 им се допаѓа ова.
  13. Tasha masha

    Tasha masha Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Како се закажува термин за тестирање, на телефон треба да се јавам или да однесам документи и да закажам? И дали знаете од кои установи се признаени потврдите од офталмолог? За стоматолог прочитав од поликлиника Јане Сандански за Аеродром ама за офталмолог нејасно е напишано.
    И уште ова, за стоматолог во Јане како се закажува?
     
  14. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.336
    Допаѓања:
    15.600
    Пол:
    Женски
    Да си прашаш во школото, зошто испадна дека различни училишта различно бараат.
    Кај ќерката, имаше список со првачиња по адреса во кое школо паѓаат со број од школото каде се закажува тестирање. Имаше и на фб на страната од школото како памфлетче за упис со информации.
    Офталмолог ми закажа матичната, колку што сфатив било кој може. Стоматолог од матичниот и земав потврда, не ми напоменаа дека мора во Јане. Додека работев во приватна ординација сум давала и од таму потврди за упис така да во некои училишта изгледа прифаќаат и од приватен стоматолог потврда.
     
    На Tasha masha му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.515
    Допаѓања:
    8.675
    Пол:
    Женски
    Излезе список на вратата од школото со време за тестирање со сите деца што се со адреса таму, од полиција земале списоци. Ако го нема на листата, се одеше во школо со копија од лична карта мислам. Ама прашај сепак во училиштето. Офталмолог лани со термин се одеше, така да кај ќе ви закаже матичен, ок е од таму. Од клиника ние земавме потврда. Во Јане, така се носеше детето без термин за заби, на 2 спрат од скалите десно, одма се влегуваше, го прегледуваат дали има 6ки и залеваат ако има за залевање.
     
    На Tasha masha и azelea им се допаѓа ова.
  16. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.823
    Допаѓања:
    17.244
    И ние со маж ми сме тргнале порано ,април сме двајцата,а тогаш нели до јуни беше пресекот.
    Стварно сега со деветтолетката матуранти се на 19 години,се не како нас на 18:).

    Зависи за во кое школо сте,сите различно ако прашуваш за во Аеродром ,за Блаже Конески им делеа покани деновиве во градинката кај нас на децата,за Лапе има список на врата и на веб страната кое дете кој ден е за тестирање,за другиве школи не знам како е.Во однос потврдите од офталмолог мислам дека се признаваат од било која здравствена установа ,а на стоматолог во Јане не се закажува,си одеш кога сакаш со детето ,како што пиша и Чери.
     
    На JoyJoy и Tasha masha им се допаѓа ова.
  17. Tasha masha

    Tasha masha Нов член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите, за Пулевски прашувам. Ќе одам до таму да прашам.