Обично има некои предрасуди за децата што се во класична настава, дека се понемирни и слично. Барем така сум слушала. Има некој од вас позитивно искуство со класична настава?
Не сум слушнала вакво нешто во мојов живот. Во градов кај што сум, не знам ни дали некаде има целодневна настава воопшто. Како дневен престој после/пред часови нудат само 1-2 училишта и се останато е приватни престои кај што се згрижени децата и попатно и домашна пишуваат или учат. Така да нема логика во цел град сите да се немирни или не знам какви.
Majki mi nstigna vcera pokana za upis na prvace a moeto 2021 e rodeno januar .Zosto taa pokana ne znam ,oti prakaat ne e rano ,jas i taka se dvoumev ama sega gledam stigna ....nekoja iskustvo
Имаш опција годинава или догодина. Затоа пратиле. Јави се во школото од каде што е добиена поканата и договори се со нив дали сега или догодина ќе почне.
Vo plan i e psiholog ,pa sto ke procenat toa ... znaci rodenite 2021 dobivaat pokani ,toa ne znaev ,zatoa se zbuniv
Во секоја генерација и училиште има извикани наставници кај шо сите родители се тепаат да се запишат децата кај нив....шо став имате по таа проблематика? Мене некако не ми се бркаат врски за и моето во тој куп да е, туку да оди кај една од другите наставнички.
Кај се падне таму ми беше принципот. Комшиите фаќаа врски па сега не се задоволни од одделението и третманот на наставничката кон поедини деца. Јас сум презадоволна од наставничката и од одделението.
Никако кај тие. Еве ќе ти кажам кај нас пола група се тепаа да се паднат кај една, зошто била многу добра и со мајчински инстинкт, што може е во ред. Но, сите други работи, се тумач... Како да кажам.. се се со посебни услови, лигавења, пупуштање... Изсмевање на деца од други одд, демек они биле најдобри и ќе ги направи најдобри. Додека онаа за која никој не сакавме да ни се децата, строга, директна.. по мене испадна најдобра. Има најпослушни ученици, еден проблем не сме слушнале, ниту родител да се жали. Си има принципи и лоша е на јазик, ама многу знае да те испочитува за муабет, за разлика пд другава која, кога викаш сите се они деца.. знае да каже не не ова е посебно...посебно зошто и дава поткуп. Ама ај.. долга и широка е. Јас не бркав врски. Се деси што се деси ама сега моето дете има учителки какви што секој може да посака Поентата е дека, секое детенце е различно и не можеш да знаеш каков метод ќе биде добар за твоето дете. Зависи и родителот што бара од еден педагог, и што мисли дека е добар педагог. За мене лично добар педагог не е само да пренесе знаење. Туку да знае да пристапи кон проблеми, да најде решение. Да знае да се однесува со деца а и родители...а не да им се понаша на сите по ред,за да глуми авторитет. И верувајте децата сакаат ред, сакат и забава, гушкање. Ако знаат да направат ред, кога се учи се учи, кога се забавува се забавува, школството би цветало. Ај се распишав..
Dali moze nekoja da mi kaze sto e razlika megu klasicna i celodnevna nastava , posle skolo ,kako odi toa?
Класична се на настава до 12/1 со една наставничка и после тоа си одат дома или евентуално во дневен престој. Дома пишуваат домашни, повторуваат и слично во текот на неделата. Целодневна се со две наставнички и имаат распределба која што работи со децата. Децата се до 15 часот со програма и најчесто ташните се носат во Понеделник и се земаат во Петок, сработуваат се во школо зашто имаат повеќе време. Ако сака неко може да работи плус со детето дома дополнително во тек на недела или за викенд.
На очно нема термини, а се наближува терминот за тестирање и упис. Доколку не успееме да најдеме термин за очно пошо мора државно, дали ќе не примат па кога ќе има термин да одиме за потврда, навистина незнам што да правам
Да,во класична настава е една наставничка до 5 то,во целодневна две наставнички до трето,после продолжуваат само со една. Мислам дека за очно не е потребно задолжително од државна установа,барем во нашата општина не,пишува од било која што издава потврда,ние земавме од Промедика офталмологија пред некој ден,имаат преглед за прваче 1.000 денари е и потврдата важи за упис. Ако не успеете да земете пред уписот,мислам дека може и дополнително да се достави.
Ние денес се запишавме во прво одделение. Имаше кратка средба со педагогот неколку прашања и од септември сме првачиња.
Честитки. Те читам во други теми ама ти пораснало детулето, се мсилев помало е.. со лесно да ви е, да си го сака училиштето