Здраво! Мајка сум на дете кое годинава ќе биде прваче? Прееска на лекар докторот го прашува синко во кое школо ќе се запише и дали избравме учителка? Јас цела ?????? Нели, ги запишуваме децата, тие таму си прават паралелки!? Или, е ова некоја нова мода, а јас не сум го забележала трендот?
И тоа го има да....и обично сите кај една сакаат па тепачки се за кај неа. Па кој е појак тој останува таму.
Kaj koja ke se padne tamu ,kakvi tepacki ,kakov bakrac ...uste od sega za prvace ,sto ponatamu ....Boze daj im pamet na tie sto se tepaat.
Моето е поголемо па јас дури после неколку години разбрав дека бирале, се распрашувале. А само двајца се за прво, како прво не е во ред а и ќе се тепам ли таму. Среќа се паднавме во супер учителка, кога го запишуваа го прашаа дали сака кај женско или машко, тој кажа женско, јас мислев онака го прашуват на шала. Оно стварно така испадна и супер што се погоди кај неа. Ама човек кога подразмисли какви ни ги учат децата, затоа се и бира.. Ама сепак има и добри, нашата е вредна, строга што многу ми значи, посветена, се труди да ги научи и кога има проблем не остава така, мора да се реши.
Па не е нов тренд. Не сме фаќале врски за ниту едно од децава, но камо да се информирав за првото дете, или да го префрлев подоцна во друго одделение. Одделенскиот наставник беше катастрофа. 5години ништо не научија. Не сакам повеќе да го коментирам. А и наредниот, од шесто до деветто не им беше нешто многу способен. Не знам колку приватни часови сум платила. Со другиве две деца таков проблем нема, наставничките се кадарни, професионални ,посветени. Проблемите и недоразбирањата се решаваат, ништо не се става под тепих.
Јас фатив 'лабави' врски и на 30 август видов дека е ставен кај наставничка за која има собирано петиции да си оди, се отпишувалњ деца, ги заклучувала итн.. Во првата недела видов со кој си имаме работа, и прв пат во живот ги искористив сите можни контакти (а имам баш доста), па така магично само моето дете го префрлија во одделението каде што првично беше запишано. Он имаше тешка адаптација заради многу причини. Претешка. Од дете што седело во градинка и било делено од нас од 18м, дојдовме во ситуација да нејќе да се оддели од нас. Јас не сакам ни да замислам што ќе се случеше со него да не го преместев. Само заради нашата работа со него, со психолог и заради посветеноста на двете натавнички, он оди сега со трчање на училиште. За жал не се сите за работа со деца. За уште поголема жал, државава ги штити баш таквите.
Во држава во каква што живееме, фаќање врски не е препич, туку е нужно зло. Учителката е многу, ама многу битен фактор во животот на едно дете. Со учителката се 5 години. Сеедно ви е дали детето со мерак ке оди во училиште или ке има мачнини секој ден? Мене ми беше битно каква учителка ке има син ми. Барав педагог, праведна личност, учителка која ја сака професијата. Да има авторитет, но не преку страв. Не ми треба учителка која ке спојува викенди и тука-и-таму ке се со педагог/ психолог. Ниту пак учителка која ке е страв и трепет. Тоа што барав и добив. Детево е пресреќно, описменето и со задоволство оди во школо. Пак би фатила врски и ке фатам кога ке треба.
Мислам дека за истата наставничка се работи која што ја учеше ќерка ми до петто. Ужас Мене ми е мака што не ја префрлив во друго одделение, така ќе ја поштедев од трауми кои се уште ги носи. Сега е шесто и наставниците се супер, јас немам никакви замерки. Супер одлука што си го префрлила детето
Ти си од оние родители што превртуваат очи кога наставничката ќе земе боледување за нега на дете и децата ќе бидат со друг наставник,така?
Јас сум таа која превртува очи кога наставничката зема денови за да шета. Не знам зошто мислиш дека јас, како мајка, и како човек, би превртувала очи ако некој земе боледување. Не знаев дека имам оставено толку негативен впечаток.
На тоа ме асоцираше,по тоа што го пиша дека не сакаш детето да ти е со педагог или психолог. Не знам што ти пречи кај нив,но и тие ќе го сработат тоа што планирал наставникот,можеби не како него,но ќе се реализира содржината. И тие се стручни лица како и тој/таа ,сепак нема хаусмајстор да држи настава Сакам да кажам дека не ви личи да ги коментирате наставниците ако отсуствуваат од оправдани причини зошто и тие се како и сите останати работници, сопруги,мајки кои имаат некогаш неодложни причини за да отсуствуваат од работа,а наставата секако континуирано ќе си тече,биле таму или не.
Ке се самоцитирам, во случај да не си забележала. Кога напишав споени викенди, апсолутно мислев на шеткање. Она фино фаќање Грчка кога среда е неработна, па ке си земеш четврток и петок слободни. Некои наставници не можат да се соочат со фактот дека имаат професија со фиксен одмор. Такви учителки има, и јас ги одбегнав во широк лак. Ако на тебе не ти пречи, тогаш не фаќај врски, бирај таква учителка, мене ми е океј. Фино од тебе што си колегијална, и во секоја прилика се обидуваш да ги оправдаш колешките. Некои, не заслужуваат. Сакам да кажам, на штета на мое дете нема да терам правдини, да не фаќам врски јер лудило. На дете во прво одделение му треба основа. Нашата учителка беше на боледување во една прилика, и тие два дена децава не беа продуктивни. Но, болест никој не бира. Ама шетање, е тоа се резервира.
Зависи од наставничката. Кај син ми наставничката често ги менува и кој со кого седи и распоред на седење. некогаш седат класично, некогаш во поголеми групи. Некогаш како во буква П ги мести. Веројатно зависи од тоа што и како одговара на наставата.