Каков ранец се купува за прваче? Скроз сум збунета, разгледував во Офис, има анатомски, ергономски, со незнам какви перници позади, без перници, опција со тркалца и рачка како куферче да се влечат…ич не се разбирам. Внука ми има анатомски и ранецот е камен тежок, премногу книги и прибор носат и она трето одд не може да си го носи сама на грб. Па си велам што ќе ми е анатомски кога и онака е претежок и не може да го носи детево само? Практични ли се тие со тркалца? Па си викам и таков да е, како ќе го качи по скали на пример, уште потежок ќе биде.Стварно не знам што е паметно.
Син ми има ваков и е супер. Ке го носи и во второ. Ланските модели се на добар попуст ама гледам и нова колекција имаат. Нов е 2409-2500 а стари 1200. Од иста шара има со 1 2 3 4 прегради и со тркалца. Син ми има од тие со 4 на патент и од страна за шише. Позади е мек и многу удобен за носење. https://prosvetnodelo.mk/product/ranec-uchilishten-gabol-22/
Син ми не сакаше да носи ранец со тркалца. Од почеток носи некој ергономски/анатомски ранец или како и да се вика. Пробавме во четврто да му купиме тркалца и ги искористи два пати па ене ги стојат за прашина да собираат. До трето секако ние му помагавме за носење на ранецот, а од четврто сам го носи. Е до трето исто одеше во целодневна па книгите остануваа на школо од Понеделник до Петок што помогна кај нас. Најбитно е самиот ранец да е лесен за да не биде ранецот плус тежина.
Со тркалца од мое искуство. Секако тоа дете само на грб не може да го носи ранецот, греота е. За целодневна сите можни книги и тетратки а4 во него, јас едвај го носам, не па дете од 17 кила (толку беше син ми). Купивме обичен, ама ене го кренат стои. Од влез до училница има побајаги пат, а не пуштаат родители до училница, па земавме со тркалца. Секако до влез ние го носиме ранецот. Кај нас над 90% од децата се со тркалца, и ние што немавме купивме зошто нема логика поинаку. Инаку не знам првачиња дали ставаат на спрат, многу се мали.
Нашите ви 2ро одделение ги качија најгоре на 5ти спрат баравме на почеток да ги сменат и ништо таму си останаа. Моево 2ро одд завршува со истиот ранец. Никаде не е скинат, ќе го носи и во 3то здравје од Просветно дело го купивме, не е позната марка ама многу квалитетен се погоди.
Гледав сега на просветно дело, таа подлогата со тркалца секако ќе ја земам, не знаев дека имало опција посебно да се купи. А колку прегради е доволно да има ранецот, или нема врска? Немам претстава ни колку книги тетратки и опрема се носат. Јас имам трауми од детството, добив сколиоза во второ одд од носење претежок ранец ама ние сами си одевме во школо, друго време беше тоа… За други работи претпоставувам ќе добиеме список во септември кога ќе почнат, ама што треба отприлика пример од тетратки и прибор? да си одмалувам трошоци полека
Дали на некој се случило да го примат детето на упис и да потенцираат на што треба да се работи и што фали кај детето, и после 2 недели да ви се јават да ви предложат проценка од МКФ? Притоа, напоменето им е дека детето подолго време посетува логопед и работи со психолог на доразвивање на вештините и нема никаква дијагноза, освен задоцнет говор. И на прашањето кога треба да се достават резултати од проценката, одговорено е дека нема потреба да им се достават резултати, ама добро е да се направи проценка за добро на детето?
За секој предмет ти треба тетратка. Е сега секое школо/наставничка има свој метод па некои бараат и за Природни и за Општество со коцки, некои со линии. Некои мал некли голем формат. Тетратките секако имаат најдобра цена во Август/Септември и ги има и во маркети. Од она што може да се купи однапред треба: боички дрвени, водени, фломастери, моливи, гуми, кесе за моливи.
Зависи од учителката. Кај син ми сите книги им остануваат во школо, само македонски ја носи дома за да вежбаат читање. Тетратки мали, македонски математика природни науки општество и мислам дека една беше за слободни активности. Можеш да почекаш, во случај да бараат големи А4 формат. Она што можеш да земеш без да погрешиш се дрвени боици фломастери водени ранец и кутивче за моливи. Ако прашуваш за марка, штедлер, ги има во офис плус. Прегради барем 2, едната за книги другата за патики физичко. Убаво е и три да има за влажни палома кутија за храна да ставиш. Не би ти препорачала со 1 преграда бидејќи се ке се стутка таму.
Ние физичко носиме во посебно ранче, ги има во исти дезени со ранците па децава носат така. Еве вакво:
@Lovebug01 секое школо е различно. Ранец купете и основни работи сега. Кај син ми во школо и книги и патики за физичко остануваа во школо преку недела (патиките цело време беа таму). Од прво до трето имаше еден ранец помал со две прегради, од кои една голема и една помала. Потоа во четврто купивме поголем со повеќе прегради за да собира и кутија за храна и се останато. Опрема за физичко носи во посебно мало ранче само деновите кога има физичко.
Доволно е само ранец да си земете. Се друго ќе ви кажат ко ќе почнете. Јас така се залетав и 3 разлилни тетратки за почетно пишување купував. Купив и работи кои не ни требаа воопшто а притоа биле пишани во списокот кои ни го дадоа од школо. Друго сакав да кажам/прашам. Дечињава кои сега завршуваат прво,може да ми сумирате како ја поминаа учебнава година? Јас искрено сум незадоволна скрос. А уште повеќе од учителката и односот затоа прашувам. Разбирам строгост и авторитет ама не разбирам секој божји ден да е учителката нервозна да ги кара и опоменува децата да ги става во ќош а последно време да ги брка и од час. Децава на почеток имаа домашни ама кој како запамтил или нас на родителиве ќе ни поминеше пола ден во расправање и препрашување што имаат домашни па секој различно ќе каже. На крај на часови резултатот беше иксови и прашалници и вакници по децата зошто немаат домашна како што треба. Прво разговарано со неа - децата треба да памтат а не таа да ни пишува во групата што имаат за домашна. Кога реагиравме кај директорот и притоа со слика од домашните (броевите од 1 до 100 по 5 пати да ги пишат) прво директорот сериозно се зачуде од таква задача. Одкако ја повикал на разговор госпоѓата учителка беше навредена налутена и од тогаш престана да дава домашни. Не знам како ќе се издржи вака уште 4 години ама мислам дека нешто не е во ред. Ве молам споделете мислење закони нешто... вероватно ќе викнат родителски уште еднаш за соопштување на успехот па сакам да имам аргументи да се потрудиме ние родотеливе да разговараме да го подобриме налинов на комуникација прво учител - ученик а потоа и учител - родител. Инаку ќе мора да ги вклучиме и службите и директорот. Госпоѓава или се преценува или егото и е до плафон.