Од некаде треба да се почне. Другото е веќе домашно воспитување.... Оди и моето и на одмори и на зимовање, ама тоа никогаш не му е аргумент за фалба. Имам пари да му купам iphone, ама еве сега на 9 прв пат доби мобилен (користен) за основни функции...
Точно дека не е основ за фалба. Но во неврзан муабет не збориш за политика, туку општи теми како време, обврски, каде си шетал за споен викенд итн. Кога тргнуваат во второ полугодие, учителката прашува што правеле. И децата кажуваат. Сигурно нема да му забранам да каже дека бил на зимовање, за да некој не се почувствува помалку битен. Верувам и во второ одделение кога ке тргнат ке зборуваат каде биле. Кога ги земаме од училиште, секој може да види кој во каква кола влегува. Децата можеби не знаат разлика во точна сума, ама нова кола е нова кола. Впрочем, не гледам зошто јас не би купила поскапи патики за син ми, ако имам пари. Нема да објавам дека носи патики од 3000 или 5000, ама дефинитивно ке ги купам.
Случка од пред години од мое секојдневие. Т.е јас како ученик во основно. Од просечно семејство без можност за многу луксузи. Доаѓа школска на училиште и вика еве мене ми купија фармерки од 7000 денари. Вие какви носите? Во тоа време 7000 денари беа повеќе од цела плата на мајка ми. Не го потенцирам ова за да речам ме навредило или повредило затоа што секогаш сме добивале колку што биле можностите и сме биле научени на тоа. Не е толку проблем дали моето или твоето дете ќе носи еве патики нека се од 5000 денари. Туку да не го користи тоа како изговор за булинг и можност да ги понижува другите што немаат или имаа помалку или се поразлични. И се додека ние не им ги потенцираме тие разлики. Ретко кое дете од прво одделение или пониски одделенија ја знае вредноста на нештото. Немам толкаво дете ама верувам еве на ќерка ми нема да и менува дали ќе користи пример шише од Cool bottles или обично со принцези од 300 денари. Битно би и било да е со принцези. Е фактот што јас го знам квалитетот и последиците од користење на пластично шише или друго поквалитетно ја прави разликата кај мене. Е ако настапам со зборовите има ова да го користиш оти е скапо, оти друг никој нема вакво, оти твоето е посебно е тогаш и кај детето друга слика се јавува.
Ги читам коментарите и не можам да изначудам.Или во мое време не постоеше збор булинг или јас бев заспана ,мада не сум толку стара ,а ке имам прваче во септември ,барем да знам што ме чека .Кого го интересираше какви патики ,каква ташна ,облека никој ништо ,најмалку колку кошта .Сега остај децата и родителите , не се знае кој е по откачен , па дури и учителките приметувале облека ,патики и сл.Срам и Арам-ГОЛЕМ.Не знаат на кое дереџе е државичево стиганто ,век и пол море и 2 уназад , па уште и булинг- кусур .Па слушам во средните школи се пишувале ,се срцкале со професорите , цигара надвор заедно палеле, само да не е точно.Не лесно ниту да растиш,ниту да воспитуваш дете -кажано ,ама со ова кое колку пари коштало, патики ,шише за вода ,па тие не знаат што ги снашло во 1 одд.Ок да бидам спремна ке се држам да не откачам.
Јас само реплицирав на тоа што го напиша,. Униформата не служи за да не се истакнува статусот на детето во општеството туку да покаже припадност кон одредена група, во случајот училиште. Не гледам никаква корист од униформираноста освен дека пак некој ќари од нашите пари.
Апсолутно се согласувам дека вредноста на нештата не треба да се истакнува. Ниту сум јас личност која го прави тоа, или го учам син ми да прави така. Во одделението на син ми има дете кое кажува дека татко му вози порше, дека носи ролекс, а воопшто не е така. Детето е од скромно семејство. Што и како го учат дома - не знам. Инаку во прво одделение имаат сенс за вредност. Можеби не целосно точна, но де факто имаат основно познавање што е скапо а што не. Муабетот ми е дека униформата нема никаков бенефит, освен за личноста позади тендерот. Разлики меѓу луѓето имало и ке има, а една униформа нема да го смени тоа.
Ок очигледно сакате да политизирате, а не сакаате да ја сфатите позитивната страна од носење униформа. Секој со своето мислење. И не никој не ве приморува да докупувате. Тоа е наш избор за да не преперуваме толку често. Во прво докупив, во второ не се сеќавам, а во трето не. Имав амбленчиња од старите униформи, само ги прешив на обични бели поло маички. За се има решение ако се сака.
Тоа кое дете во каква кола се возе, воопшто не им е битно на децата, особено не на децата на возраст како што се вашите. Тоа возрасните здогледуваат и коментираат. И треба да се преиспитате ако вашето дете не сака да се друже со дете чии росители не возат скапа кола и не одат на зимување секое зимо
Мајки здраво ,од септември имам прваче ,кои ранци ви се покажале како најдобри во смисол ,удобни ,лесни меки ,трајни од каде сте ги купиле ,исто и за шише за вода ,и за храна кутии од каде да купам ,гледав во Веро за јадење да складирам ,за физичко посебно облека треба така?Секој добронамерен совет ми е плус .Тенкс
Јас не гледам ниту една позитивна страна на униформата. Ама баш ниту една. Како да не политизираме, кога уште во мое време беа униформите изгор скапи а неквалитетни. И не се секаде бели поло маички, туку некои училишта имаат и блузони/ џемпери. Габол од просветно дело. Имаш нова колекција а и добар попуст на ланската. Имаш со 1 2 3 4 прегради и тие со 1 и 2 се лесни. Син ми има со 4 анатомски ама не е баш лесен кога е полн. Шише за вода барај метално. Деновите кога имаат физичко одат во тренерки. Во ранец секогаш ставам маица во случај да се испоти.
Ги немам нарачано, прашувам и јас. Моиве имаат чаши за дома и само од тие пијат ама ми требаат шишиња што се затвараат за надвор.
Нашето шише од coolbottles цело се излупи принтот и син ми не го сака повеќе. Купено септември, во ноември веќе почна постепено да се лупи. Исто еднаш му паднало од клупа и цело се деформираше во долниот дел. Дајте препорака за друг добар бренд за шишиња? Од mom&babe ми личат убави ама многу се бебешки дезените. Waterdrop исто ги гледав од тие за возрасни/спорт со цевка.
И јас сакав да нарачам ама скоро ништо немаат на залиха. Stanley шише, моиве чаши имаат, им паѓале, во машина се перат, како нови се. Исто во Карес има и други типови на шишиња од повеќе брендови.
Ги гледав и stanley само ми личеа гломазни многу за прваче. 350мл му е таман и си го допунува. Ќе проверам stanley што димензии имаат личат најквалитетни. Чим не се оштетиле ни од пад… Coolbottles ни се деформираше од едно паѓање буквално баш се разочарав.
Ние имаме година дена, лупани, миени у машина за садови на 75 степени, немаат мрднато. Ја сум презадоволна
Ние го имаме нашето скоро година дена, 100 пати е треснат од земја гајле нема. Али конкретно за на училиште би и земала некоја поефтина варијанта пошто се деца губат работи а реално не е ефтино за да купувам секој месец. На тема униформи јас баш би се израдувала ако носат и ако воведат во нејзиното училиште. Многу ми е симпатично кога ќе ги видам во униформа наместо во блузи со голи стомаци или со издрпани фармерки и сл. Сепак е училиште, модната "креативност" нека им останува за после часови. Ние носевме исто униформи не е дека нешто многу скапо ги плаќавме така да за еднаш во годината тој трошок според мене е поднослив, сигурно нема да се 500 евра 2 мајци/џемпер/дуксер.
Нашето од едно паѓање дното му вдлабна и се клати кога стои. Налепницата што се излупи мање више. Ма да за цената не очекував. Може моето лош квалитет се погодило не знам