Се почна од униформите, а муабетот се сведе на тоа дека луѓе кои купуваат фармерки од 7000 се глупи. Не беше тој муабетот. Твојот муабет е дека тие што купуваат фармерки од 7000 се глупи. Мојот став е дека не се глупи, туку побогати. Твојот муабет не те прави ништо поразлична од фалбаџијата. Едната страна се фали за цена, а другата, односно ти, директ навредуваш дека личноста е глупа. Се надевам дека ке размислиш во која насока го воспитуваш детето, бидејќи ако исто вака како нам, му кажуваш дека некоја трета личност е глупа, тогаш детето ке го воспиташ многу полошо од фалбаџијата. Кога ке порасне, едно што нема да има амбиција, јер чему фармерки од 7000, а друго, кога некоја личност ке е поуспешна, нема да го гледа тоа како предизвик за подобрување, туку како нешто лошо - јер глуп...
За мене е глуп тој што фрла 7000 на фармерки кога има многу поважни работи од тоа. Не значи дека ако човек има фармерки што чинат ко суво злато дека е амбициозен, може само има богати родители што му даваат се' што ќе посака. А тоа богами не е добра животна лекција за детето.
Јас па им имам купувано на децата и ефтини и поскапи работи и избегавам да праам муабет со други луѓе за тоа колку коштат. Освен ако не ме прашат, а и кога ќе им одговорам, следуваат муабети дека сум се фалела, а они сами прашаа. И после на секој муабет за било шо, ќе ти ги спомнуваат панталоните од 7000, или ташната од 200е. Моиве деца незнаат колку пари коштат нивните работи ама затоа деца шо неможат тие работи да си ги дозволат, знаат точно шо колку кошта. А на тоа се научени од дома. Тука се криви само родителите, оти кај многу постои љубомора шо и дома ја спомнуваат пред децата, зошто друго дете има повеќе од нивното. И не само за пари туку за се друго, ете скоро чув мајка како се жали дека на детенце со попреченост во класот на нејзиното дете, му се попуштало со оценки, и кажуваше дека нејзиното и детето со попреченост неможе да бидат исти и дека нејзиното ќе почнело да љубомори на другово и ќе ги замрзело сите деца со попреченост. И шта речи више?
Тој што има 7000 за фармерки (а ги има такви кај нас) е богат, милијардер, имав прилика да се дружам со колешка од факултет (Албанка, иако небитно) која не знаеше колку пари имаат, од крај, од прадедо имаат бизнис кој поколенија го работат и заработуваат ненормални пари, таа од мала е учена каде да пазари, не влегува она и ваикики, синсеј, њујоркер, не ни знае она дека има фармерки околу 1000 ден, влегува пробува у тие неколку скапи дуќани плаќа и заминува, нити прашува за цена, значи ај таа е глупа може не ги заработува и ги троши, ама цела фамилија се такви и сигурно не се глупи да водат таков бизнис, инаку таа немаше многу облека но се што имаше беше марка, додека мојте плакари полни со роба од синсај и ваикики од кои 70% не ги ни носам Да го наречеш човек глуп е навреда и понижување...
Мислиш фармерки од 7.000 ден се нешто многу различни од тие 1.000 до 2.000ден? Токму од оваа причина и јас би рекла народот е глуп прост , да платиш нешто 7 пати дупло за исто нешто што вреди многу помалце треба да си..не знам. Подобро чизми земи , повеќе ќе се погодат, ова фармерка ко фармерка . Имам пробано маица guess од 3.400ден , цела се растегна на мене и букви и бројки , отидов во синсау земав од 300ден пери носи и што? Повеќе е проблемот што луѓе не знаат како со пари , џабе кога ги имаш во ветер давање е тоа.
Настрана фармерки и чуда, дали носите или сте добиле подарок некаков за прваче? Имам 2 дечиња од блиска фамилија што ќе бидат првачиња од септември. Што би било соодветно и симболично да им се подари да среќен почеток?
Да, и добивав и купувам. Најчесто е некое сетче моливче, гуми, боички, фломастери, ама знам да купам и ранче за физичко, сет за храна, некое комплетче или патичиња за физичко...
Да, добивме ташничиња за моливи, моливчиња и слично од прибор, термосче за вода, ова искористивме најмногу. Добивавме и други работи ама не толку корисни. Јас за поклон би земала некое убаво метално шишенце за вода, тоа нема утка (по мене).
Најискористената работа што ја доби на подарок за прваче беше термос за вода и кутија за храна. Комплети со фломастери, боици исто така нема да згрешиш зошто 3 пати купував во текот на годината.
Искрено, мене ми се глупи тие луѓе што даваат толку за парче облека, небитно дали имаат или немаат пари. Мене генерално ми е глупо и што се трошат пари на облека што не ја носиш, небитно колку чини, ама ете, си ја купила. Жалам ако тоа те навредува. Секој може да троши како сака и колку сака, нивно право е, ама верувам дека може да кажеме свое мислење на темава. И мене можеби ме смета некој за глупа што повеќе би трошела пари на други работи отколку на облека, ама па не ми е ни битно. А за таквите ко колешката, супер за нив ако се чесно заработени пари.
Имав многу високо мислење за тебе... Како да ви објаснам на сите, дека за некого 7000 за фармерки се исто што за некого 1000 за фармерки. Едно е да кажам дека јас за некој производ не би дала одредена сума на пари. А друга димензија е да навредуваш јер некој има пари. Патем, добро родителство не е само ако на детето не му купиш фармерки од 7000. Многу е покомплексно. А и купување фармерки од 1000 не те прави добар родител секако.
Се околу училиште - фломастери боици пластелин и сл, кутивче за прибор, кутија за храна, вода. И алишта е океј избор.
Мисли што сакаш, јас останувам на тој став. И јас можам да лупнам 7000 за фармерки без око да ми трепне, ама не сакам. Не гледам смисла во такво трошење.
Не е глупо некој шо има и шо може да си дозволи фармерки од 7000, значи има и тие 7000 ништо не му менуваат во животот. Ама глупо е некој шо нема и оде да ги тресне тие пари за тие фармерки и после да се стега цел месец. И најнакрај, шо толку ви е гајле кој шо и од колку носи?
па бидејќи не ни е гајле нема потреба некој утре на школо да рече еј купив фармерки од 7000 ден. Најнакрај што потреба има дете да си каже (ако никој не го праша) колку пари потрошил на облека?
Па не е убаво нормално, затоа реков дека се потекнува од дома од родителите. Ама исто и не е убаво вие да гледате кој шо носи и да му викате на вашето дете види го овој шо носи, глуп е. Некој и да му каже така на вашето дете, може да му објасните на детето, да му кажете ако нека си носи, види ти колку поубави работи имаш. А не да му викате абе мани го тоа дете, глуп е.
Ќерка ми кога ја прашаа пред некој ден што сака да и поклонат по повод прваче, рече дека сака тетратка и моливчиња. Евентуално може некој прибор за на училиште, шише за вода и сл..
Не е тема дали можеш или не. И јас можам, па не купувам. Ама ако некој купи, не сметам дека е глуп. Ниту го учам син ми дека таа личност е глупа.
Најлошо е да ги учиш децата да се споредуваат со други деца. Денеска за панталони, утре ќе биде за оценки, детето ќе каже како овој доби подобра оценка од мене кога е глуп. Тоа ќе остане во нив и кога ќе станат возрасни, еден ден ќе се сврти и против родителите, ќе им каже вие сте глупи шо не сте ми овозможиле тоа шо го има другото дете. Цел живот ќе го поминат со споредби и љубомора, наместо да бидат среќни и задоволни со тоа шо го имаат. Значи ако некое дете знае колку се 7000 и се фали со тоа, шо има и вие да го учите вашето колку биле 7000. Мене лани во Мк ми се деси да седам пред зграда со мајки и збореа нешто за патики. Едната и вика на другата дека купила добри патики од некој бутик во бит пазар, а другата и вика еее тоа не се патики, ете ти патики шо се (покажува на моите) , тие сигурно коштат 500е. Јас и реков дека моите се најобични скечерс од 80е. Ми се опна и ми вика да бе да, ајде не лажи, пофали се, имате вие. И си заќутев само, пошо шо да кажам? Ни крива ни дужна ме направија лажга и фалбаџика. Којзнае колку ме имаа оговарано, и после сите тие муабети на децата им ги кажуваат. Децата сите информирани кој има и кој нема. Се смеат на тоа дете шо не знае да збори а љубоморат на другото шо имало дрон , пример. Не зборам за тебе де, зборам за овие шо мислат дека некој шо има е глуп.
Ау ау ау шо читам И сеа одлучи се, ја учиш така или не ја учиш така? Ги учите да бидат површни, е тоа правите Мочковци и мочли со скапи телефони у рака и патики и фармерки, зашто? За да не биле подоле од тој шо имал. И се прашувате шо не е у ред со генерацииве???