Списоци во кое одделение сте и кај која наставничка? И како е организирано кај вас? Јас сум пријатно изненадена од ова на ќерка ми за разлика од тоа каде што работам. Со овие наставнички имаме веќе 15 дена вајбер група, добивме протоколи, пополнивме согласности за триста чуда, имавме и родителска, а кај мене на работа уште ништо не е организирано.
И кај нас ништо. Само списоциве денес. И на Фб имаше линк за изјава да се пополни до утре. Па кога видоа дека родителите се бунат стаса и официјален меил. Нит наставнички не контактирале, нит протоколи знаеме, нит вибер. Да се едитирам. Во меѓувреме и протоколите ни ги испратија
Да не имате некое инфо од училиштава, дали сепак се размислува за давање опција дневен престој/целодневна настава? Кај нас денеска објавени списоци за првачињата. Дознавам од мајки дека на големо се правеле местенки, групирања кој во кое одделение да се падне, кај која наставничка и слично Јас дека еден, љуби га мајка, појма немам дека така требало Битно се паднал со двете девојки од градинка
Кај нас уште нема списоци. А местенки има. Особено за една наставничка која е од многу поодамна во школото. Јас не се замарам кај која ќе се падне.
Јас немам појма кои се наставничкиве на ќерка ми. Ниту пак ги знам другите, па да местам. Битно она си се падна со трите другарки од градинка За целодневна знам дека ќе нема, воопшто не се размислува за неа како опција. Кај нас во училиштето според протокол престојот ќе им биде 2ч и 15 минути, заедно со одмори и со се. Учителки треба да седат со нив во училница цело време. Престојот во тоалетите ќе се регулира (ова не знам како ќе им успее) И тоа. Други информации не сме добиле, освен оние протоколи кои ги има препорачано МОН. Ниту имаме контакт со наставничките, ниту ништо. А читам од други училишта веќе имаат контакти со наставничките, вибер групи, чуда... тука ништо. Минатиот петок во 5 до 12 запнаа за изјавите, па се јави приличен револт на родителите, пошто на ФБ објавија После се удостоија и ни пишаа на маил заедно со протоколите, ама пак... нема никакви податоци како би се одвивала онлајн наставата на првачињава? Просто е невозможно да се донесе правилна одлука, а пишува дека одлуката не може да се смени Ќе видиме тоа Јас пишав физичко присуство, па ќе видиме како ќе им се одвива и дали ќе се придржуваат кон протоколите
Во врска со ова... Сеа, неофицијално се шушка (ма и на големо се збори) дека родителите на дечињава ќе одат пола работно време, со цел да можат да ги однесат и да ги пречекаат од школо. Другарка од МОН ми кажа дека станало збор за ваква опција. Колку ќе се усвои и примени - незнам, ама логички е да стапи на сила, бидејчи нема да ги активираат дневните престои за овие деца, а не секој има баба да пречека и испрати.
Разумна опција е ова Иако мене лично не ме опфаќа, сепак е за поздрав. Мора некако тие деца да се згрижат. Друго исто што ме нервира со неажурноста и тромоста на нашево училиште е тоа што немаме инфо за униформи (а нели ние Аеродром сме, па мора униформи) ниту за исхрана како ќе се одвива? Ептен ќе биде 5 до 12, а мразам збрзани работи. Не знам што чекаат?
И јас да ти кажам сум разочарана од никој ни да не констактира ни ништо,значи катастрофа е организациски последниве години во школите во Аеродром,вчера ми кажа една мајка дека во Блаже Конески им јавиле за денес да си ги земат книгите за првачиња,е сега не знам дали само за онлајн оти на оваа девојчето онлајн ќе следи или за сите. Мене искрено ми беше битна наставничката ама не фаќав врски туку само се распрашав за тие што ќе водат првачиња оваа година и ми рекоа дека сите биле солидни годинава,па на барањето за упис пишав кај која по препорака што добив ама не бев сигурна дека таму ќе биде и не ми беше и толку битно кај ќе ја стават,инаку и вашата е супер наставничка ја фалат многу,така да немај гајле
Е сеа загрижувачки е она пола работно време, помалку работни часови (нели месечно се 184)...па плата како ке биде. За тој што може да се снајде со баба, ќе биде снајден. Ама тој што нема помош и на пола плата да го стават, ВЕЌЕ сеедно ќе биде.
Да де пола работно време и колку плата ,пола? Или пола нека ми даде државата.И така сите се утепани со примањава. Мизерии се значи,мизерии. Излезе дека сите ќе работат и ќе се вратат на работа како и претходно,освен наставничките. Кога може градинките да функционираат и да згрижуваат,можеше и во школите да се среди дневниот престој,ама ајде не ми се ни збори веќе се нервирам многу,и дали и ќе тргнат на школо во октомври,еве уште законските измени не се донесени,јас не знам што чекат или намерно се прави ова.
Од пријателка дознав дека прашувала во општина Аеродром дали ќе имаат униформи оваа година и и рекле дека да ќе имаат ,ама не сега понатаму ,а кога не се знаело.Исхрана нема да има никаде тоа тешко. Ужас е општинава последниве години,така и лани ги маткаа за храната и за униформите каснеше тендерот.
За исхрана мислев ужинка да им даваат, не онаква класична како во целодневна. По протокол, секое училиште може да организира исхрана, ако сака. Не дека е којзнае каква работа, ама сакам однапред да ги знам работите за да се организирам, вака...
Џабе веземе овде, пишуваме претпоставки, реални проблеми што ќе се случуваат... Се договорив сама со себе дека веќе нема да се нервирам, иако не верувам дека ќе успеам За Аеродром разбрав наводно завршил тендерот за униформи, као ќе имало од старт, ужинки нема, така било и по протокол, парите за 1,5м ќе ги дале... Се ми мириса дека ќе се старта само онлајн, зборам за 1-3 одд. Така нешто Цароска денеска изјави. И уште не ми е јасно што со малишаниве, па мојов газ не знае да си избрише, а не пак сам дома да седи и учи Којзнае што се ќе се смени и случи... П.С.Денеска разбрав дека мојов се паднал кај таа некојаси најдобра наставничка што била. Ама, Пупица е како падната од Марс, и по запалените телефони и врски, Пупче е шутнат кај други. Баш ми е гајле, не ни сакам да е во одделение со деца на лизни мазни мајки мадам Пуф Со какви ли комбинаторики ги задојуваат децава
А тие па со инка знаење ставаат И внука ми се падна демек кај некоја мн јака што е, таа пред пензија, изгубила интерес, едвај научија да читаат децата И за кај неа врски фаќале, снаа ми ко тебе ко од марс падната која ја прашале за врските.
Имаше вака случај и во центар во училиште. Сите фаќаа врски за кај таа една учителка. И на крај таа во второ одделение ја префрлија во новото училиште во Козел, а овие останаа со не која сосема трета
@azelea и другите мајки кои имате првачиња годинава во Лапе, на ФБ страната имаат објавено распоред на часови и уште некои други информации.
Денеска имавме родителска. Во протоколот пишува едно, на родителската кажаа сосем друго. Ако знае некој да ми каже дали децата треба да носат сами храна од дома, соодветно спакувана, или забрането е внесување секаков вид на храна во училиштето?
@zuto Јас знам дека секој ќе треба да носи храна од дома. Тоа го пишува и во протоколот од нашето училиште. А што поразлично ви кажаа Конечно, неколку минути пред полноќ, објавија инфо на фб страната (протокол, смени, распоред на часови, инфо за учебници, униформи...) Абер немаме за родителска Мене ме мачи процедурата за префрлање од првично пријавени за онлајн на физ.присуство и обратно. Во страшна дилема сум...
За храна нели пишуваше во протоколите од МОН дека секое училиште може да организира прехрана, но истата треба да биде спакувана во вид на ужинка т.е да може да се јаде во училница. Кај нас ништо ново. Нит учителки сме виделе, нит униформи, ништо. @PUPICA Што ви кажаа за униформите и учебниците?