1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.967
    Допаѓања:
    40.598
    Пол:
    Женски
    @hammer не смее да ги удираат во ниту една варијанта.


    Е за дерење не знам што тоа значи. Ама знам дека може да се повиши тон, за да се обрне внимание на децата дека тоа што го прават не е добро.
    Навредување и омаловажување не е добро, а подвикнување некогаш е и за да им привлече внимание.
    Тенка е линијата да се одлучи што е прифатливо, а што не како однесување на наставник. Само знам дека црвена линија е тепање и омаловажување на ученици.
     
    На hammer, doll.a и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  2. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.667
    Допаѓања:
    4.676
    Пол:
    Женски

    Јас не пишав нигде за оставање сами деца. Нормално имаат одмор и наставниците треба да одморат.
    Во врска со дерењто. Истото е константно при што е дојден замисли педагог за да се увери што се случува затоа што е дојдено дел од дечињата да не сакаат да присуствуваат на наставата. Мора да си најдат решение и начин ипак тоа се деца што некои немаат сеуште 6 години. Ако самите сметаат дека се мали за во школо нека сменат закон. Моето има 5 ипол години и јас не сакав да го пуштам ама немав избор декември е роден морав.
    Во врска со тоалетот од три недели скоро нема да приметиш дали игра мајтап со тебе ако бара секој ден на 1 саат да оди ?
    Јас немам ништо против тоа што укажала дека нема концентрација детето меѓутоа пак нагласувам дете 5ипол години ние сме оделе со 6ипол или 7 години не може да е исто и треба да има малце трпение дека е потребно време. Ако се жалат за само еден месец од кои 2 недели имаа адапатација и беа само по 2 саати во школо тогаш не знам до прво полугодие што ќе каже.
    Јас сум да се има почит кон наставник и така треба да биде меѓутоа треба да се свесни и они дека преку ноќ не се може ништо . Како викаат трпение спасение.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски
    сериозна си со коментаров? Кога големиов беше 1во имаше торално одговорна учителка која беше сосем спротивно од коментаров. Сега малово има учителка бетер од ова што е пишано. Разлика небо и земја. Некој кој нема метод и способност за работа со деца нека не работи. Деца од 6 год не се појдени на школо да им биде викано. Има начин на кој ќе им се објасни а не со викање. Така само после неколку години учителката ќе биде скрос непочитувана и ќе имаат понашање спрема неа исто како што имала таа кога тие биле немоќни пред неа
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.452
    Допаѓања:
    39.393
    Пол:
    Женски
    Ова што го опишуваш е тотално незаинтересиран наставник кој оди на училиште колку да му помине денот т.е клати врата, земи плата.
    Се нема општо познавање од психологија, желба, интерес, љубов кон професијата, па тоа се рефлектира на децата.
    Има наставнички, замисли, кои тон не повишуваат, кои не покажуваат сила на децата, туку со разбирање и љубов си ја работат работата. И замисли си, тие наставници имаат поголем успех со децата отколку овие што покажуваат сила :^)
     
    На hammer и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  5. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.643
    Допаѓања:
    2.511
    Не живеам во Скопје, нас настрана ранецот, шише и слично, приборот што го побараа од училиштето кај син ми ме чинеше точно колку ваучерот од 1500 денари. По секој предмет имаше по 2 тетратки (домашна и училишна), вкупно 10тина, колаж, блокчиња 2, и боички секакви, лењир со основните форми, пластелин, пластика за работење со пластелин... горе долу тоа беше.
    И исто така не ни побарале ни хартија, принтери, сапуни... ништо од тоа. Во училиштето првачињата се во училници кои имаат сопствено вц во склоп на училницата и не излегуваат по ходници освен на физичко образование, учителката е со нив цело време.
     
  6. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    1.613
    Пол:
    Женски
    А шо е фората со губење на часовите? Ќе одат на кино, нема настава.....ќе одат на театар, нема настава...сега за прием на првачиња во детската организација пак нема настава....истото е секаде?
     
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.967
    Допаѓања:
    40.598
    Пол:
    Женски
    Како мислиш губење часови?
    За деца од прво одделение учење е и да гледаат претстава или филм. Организирано одат обично во термин кога се во школо. Наместо на школо одат на кино/театар/во музеј и слично.
    Барем кај син ми се се случувало за време на настава, ама со мали деца додека отидат и се вратат времето за настава поминало. Имаше опција ако нема кој да ги чува да си останат на школо (во целодневна настава беше син ми), ама тој ден организирана настава нема туку наставничките им даваат дополнителни задачи од претходниот материјал. Искрено да кажам ништо не губат само добиваат ако одат на некоја дополнителна активност надвор од училиште.

    Инаку јас сум последната генерација пионери. И ние тогаш на тој ден на школо не одевме.
     
    Последна измена: 19 октомври 2026 во 13:28
    На MilaSs12 и Nina.mina.lina им се допаѓа ова.
  8. Nina.mina.lina

    Nina.mina.lina Нов член

    Се зачлени на:
    24 септември 2026
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш било така,и јас кога одев на училиште.Со тоа добиваат плус не губат ништо.
    А може некој родител нема за да ги одведе во театар и кино и ова е голем плус.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    1.613
    Пол:
    Женски
    Саат и пол трај филмот или претставата....според мене треба другото време да го доучат.
     
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.967
    Допаѓања:
    40.598
    Пол:
    Женски
    Ова се деца од 6/7 години. Пред филмот/претставата ги мава возбуда и не може да се сконцентираат. После тоа имаат импресии од она што се случило. Секако филмовите/претставите што ги гледаат се со едукативен карактер. Плус во прво одделение треба и да го засакаат училиштето. Ќе научат да читаат и да собираат до крај на 3-то одделение.
     
    На Tiny Love, KuklickaSk, Mandela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.262
    Допаѓања:
    19.231
    Пол:
    Женски
    Во прво одделение имаат 4 часа. Филм плус одење/ враќање трае исто толку. Не знам на кој период точно мислиш да го доучат.

    Да се пршувам јас, би избрала да имаат повеќе такви активности.
    Сум за тоа да се посети и полиција, да одат во пожарна итн.
    Не се само математика и македонски.

    Во одделението на син ми има деца кои никогаш не отишле во театар/ кино/ музеј. И тоа е огромен пропуст на родителите.

    Многу ми се допаѓа тоа што имаат физичко во сала. И ликовно и музичко.
     
    На Tiny Love, Mandela, Camille84 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.445
    Допаѓања:
    28.582
    Оставање сами деца во прво, второ, трето одделение е само прашање на време кога некое ќе скрши нога или глава.

    Кај нас седат во хол наставничките си пијат кафе по минимум 40 минути, внатре хаос, кој трча, кој скока, кој качен на клупа, кој се бута..

    По 30 деца внатре, од кои 2 се секогаш проблематични, оставрни да се снајдат. па после ќе се дерат зошто биле неумни.

    Брат ми предава во средно и деца по 17/18 г имаат обавезно дежурен наставник во двор. Ама 7г деца може сами.