1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    @An-na мој превид за храната, мозоков каша попара ми е :drunk:
    Кај нас дефинитивно од дома ќе се носи.
    А за учебниците и униформите 20200924_014258.jpg
    И овој момент некако недифиниран ми е(lalala)
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.387
    Нас лично ни рекоа дека е забрането внесување секаков вид на храна во училиштето, освен вода. Тоа може да носат децата. Преговарале со ванила фуд за обезбедување на оброк, соодветно спакуван, ама уште немаат конкретен одговор за тоа. Дополнително ќе нѐ прашувале.

    Исто имаше измени и во однос на носењето маска. Во протоколот пишува дека во двор нема да носат, а сега рекоа дека по новите мерки и во двор ќе мора да се носи. Рекоа дека менуваат мерки секој ден и дека ништо фиксно не знаат да потврдат.

    Учебници нас ни дадоа. Земавме математика во три дела, македонски јазик и природни науки учебник и работна тетратка.

    Униформи никој не спомна.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  3. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    А вие онлајн се пријавивте? Оти мислам пишуваше како сте се пријавиле така ќе терате цела година,освен ако не се смени нешто со одлука.
    И јас ништо не знам никој не не известил ниту за книги,ни за храна,ама една пријателка која има поголемо дете во истотo школо рече дека никогаш не ги известувале претходно туку на првиот ден кога ќе почнат.
     
  4. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    Да, онлајн, меѓутоа размислувам да го пуштам...
    Читајќи ги протоколиве, како се ќе биде организирано и слично, се мислам, сепак, да го пуштам.
    Не знам, никако да пресечам:sweat:
    Па, и поголемиот дел гледам ќе ги пуштаат.
    Сепак, сакам да види, да почуствува нова атмосфера, навики и слично, дека после шестмесечново лудило ептен е лефтерен колку и да се обидувавме да биде поинаку.

    Рекоа ќе има можност за префрлување, но, сепак без појаснувања за начинот и постапката.
    Во секој случај несериозно е денес вака, утре така, затоа им пишав пред малку во ичилиште да појаснат и да прашам дали ќе имаат родителска, дека има доста прашања на кои очекуваме одговор.
    Се надевам на брз, повратен одговор.
    Инаку, мислам дека за икс работи секое училиште своја политика е, ќе биде.

    Еве што стои во официјалната објава кај нас.
    „За учениците од I до III секако дека ќе постои опцијата ако еднаш родителите се определиле за физичко присуство да го променат со онлајн следење, и обратно, но тоа ќе бидат исклучоци, затоа што бара реорганизација на целокупниот процес на наставата.“
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  5. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Епа добро штом имате таква опција тогаш постои можност да го префрлиш.
    И ние се одлучивме за физичко присуство,а и скоро сите за првачиња се така,многу малку има за онлајн,а и реално нема да има класична онлајн настава за прваче,не може тоа да се изведе.
     
    На An-na и PUPICA им се допаѓа ова.
  6. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.013
    Допаѓања:
    96.959
    Пол:
    Женски
    Пред 2 мин ја слушав Царовска во врска со дневниот престој.
    „Се уште прибираме податоци од терен, штом ќе имаме целосна информација, ќе донесеме одлука и ќе информираме“.
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    Јас во дневен престој не би ја пуштила дури и да се отвори. Причината заради која се одлучивме на физичка настава е што практично е невозможно да се спроведе онлајн настава на првачиња. Навиката за училиште и учење и сите пропратни нешта онлајн не може да ги научат, а и зближувањето и запознавањето со наставничките сметам дека се многу важни.
    Нас планот ни беше на почетокот да оди физички, па подоцна од зависност на тоа како ќе се одвиваат работите да биде онлајн. Кај нас во училиште викаат дека нема промена на моделот на настава, ама ќе видиме.


    Ги видовте ли маскиве: https://grouper.mk/deal/maska-za-zashtita-kn-90-za-deca
    Планирам ваква да купам, оти ако веќе мора да носат маски или нека бидат ептен лесни ендослојни памучни колку да се каже дека носат или вакви кои ќе ги штитат и нив.
    @Kitten знам дека бараше маски, па да ги ѕирнеш овие.
     
    На Kitten, azelea и PUPICA им се допаѓа ова.
  8. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Ана а тие од Тила маските малечки се,дали им се таман на лице?
    Инаку ова км медикал е на Водњанска и може и директно од таму да се купат ваљда.
     
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    Јас ќе одам од таму да земам една за проба.
    Од Тила за ќерка ми се таман. Може малкуцку големка, ама не е страшно. Еднослојни се.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    @azelea и останатите кои имате дечиња во Лапе, добивте ли мејл со списокот на првачињата? Заедно со матичните броеви?! Каков срам и кршење на закон!
    Јас за ова ќе реагирам во општина.
     
  11. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Да,добив меил,ама нема на нашиот список нема истакнато ембг ,а колку што гледам и на вашиот не се со ембг.
    Не е во ред во секој случај треба да се реагира да не се повтори :worried:
     
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    Нема врска што нема на нашиот. Не е во ред, противзаконски е.
    Срам да им е!
    Им пишав на ФБ, ме избришаа со брзина на светлината :^) И во општина Аеродром пишав.
    Не смее вака.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  13. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Ужас, што да кажам,ама казните да знаат колку се да се чешат после :?:
     
  14. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Добив и јас. 2 мејла, вториот со извинување.. леле колку несериозно, не можам да се изначудам. Кај ќе учат нашите деца:x тешко нас, штом од старт се соочуваме со вакви работи, понатака не сакам да помислам што не чека:worried:

    П.с. нас и презимето ни е погрешно напишано во сите списоци. Сега им пишав да го корегираат.
     
    Последна измена: 25 септември 2020
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Еј фала ти :)
    Јас дури сега ја отворам темава, тагот не ми дал известување. Јас купив 5 различни типови маски, па детево само ќе си одлучи што ѝ одговара.
    Имате памучни двослојни и во Стружанка, таман се за мало лиценце, мислам 30 ден.

    Инаку кај нас забранија носење храна :(Само шишенце со вода. Ќе мора да ја станувам порано да касне нешто пред одење.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  16. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Е како бе така без храна? Им забранија на децата да дишат ,па ајде и нека седат гладни.Бедотија ,пу јаз'к:(
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Да да, исто и јас се потресов, дури и на состанокот на совет на родители сите едногласно се сложија дека побезбедно било да не јадат... Само јас бев онаква.. :drunk: Како бе? Што им е на луѓево!??
    Последен час им завршува во 10:15, а рачунај станати се од 7.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  18. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    15.374
    Да бе ќе стануваат и што одма од кревет на маса, сигурно му се јаде:(.Кај нас гледам пишува спакувана од дома ама веќе ништо не ме чуди што се може да им текне:(
     
    На Kitten му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Па ќе мора да станеме како германците, неам друг избор. Ваљда ќе се навикне на тој ритам.
     
    На azelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.387
    Допаѓања:
    34.206
    Пол:
    Женски
    ^
    Кај нас ни родителска немаме. Во целосен мрак сме :^) Вас барем со време ве подготвиле, па ќе можете да планирате, а ние?
    Едно време ќерка ми стануваше рано за да јаде пред градинка кога беше на диететски режим заради алергија, некако се снаоѓавме, се надевам и сега ќе се снајдеме, ама многу ме нервира неинформираноста. Нека кажат, за да знаеме.

    Јас купив од маските претходно што ги постирав, кн90 биле и се употребуваат една недела. 120 денари се, на ќерка ми и се таман. Има и во медикус хелп трислојни, најверојатно медицински, маски за еднократна употреба со цена од 22 денари. Ќе пробам и такви, па ќе видиме кои најдобро ќе и одговараат. Двослојни памучни не планирам да носи, оти преку нив ич не се дише. Барем моето искуство со нив е такво. Јас навивам за кн90. Уште да ги носат редовно и да има лагер, супер ќе биде.
    Јас носам кн95, сум со хроничен бронхит и воспалени синуси и преку неа најубаво дишам.
     
    На cresa-jagoda, SlavicaPanova, azelea и 1 друга личност им се допаѓа ова.