Дефинитивно не сум била грешка и кај нас овде во нашиов град е поинаку. Денес ни стаса покана за систематски и вакцина МРП за другата недела. Тогаш издаваат потврда за примени вакцини. Накнадно ќе биде за на заболекар уште нема соопштение.
Еве информација од едно Скопско школо (новото во Капиштец): ООУ „Киро Глигоров“ – Скопје (ooukirogligorov.edu.mk) Пишува потврда за вакцинација, ,потврда од заболекар и потврда од офталмолог. И ај сеа треба да се трча по лекари за да се обезбедат потврди. Не знам дали сите истото ќе го бараат или не.
На сајтот услуги има кои се документи се потребни, но не се отвораат барањето и известувањето. Се регистрирате, иако вели може да се најавите со корисничкото име и лозинката од УЈП. Утре сакам да појдам до школото, а се обидував да прашам во поликлиниката како ќе се издаваат потврдиве, но никој не се јавува.
Секаде е истото. Еве денес и во училиштето каде што ќе го запишуваме син ми имаше соопштение истите потврди ги бараат.
Истото е секаде (Согласно член 60 од Законот за образование)... Хаос, а термини слабо за офталмолог..
А дали изводот мора да биде нов или може и со постар извод да завршиме работа за запишувањето на првачиња?
Јас денес извадив сите потврди и тоа за пола сат бев готова со се. Можеби дека од мало место сум па одма завршив. Првин потврда за вакцини ми ја дадоа одма од детско кај шо стававме вакцини, не од матичен. Потоа на стоматолог исто во јаво здравје, мислам дека од приватен не ги признавале, еден преглед и направи 10мин и после тоа на очен и таму преглед едно 10 мин и се на се пола сат и се завршивме. Овде во мојава општина уште нема би покани пуштено ни огласи од школите ништо нема.
Ја признаваат од приватни офталмолози ама од систина,ремедика-специјализирани установи каде прегледите се наплаќаат по 1000-1500 ден. Така ми кажаа од училиштето каде ќе одиме за упис.
Мене ми ја признаа од Поликлиника Тоспаш Аеродром, приватно ја платив 380 ден.,а таму може и термин да се фати и преку Фонд да се направи преглед.
МОН: За упис на првачињата важат и потврдите од приватен офталмолог и стоматолог, училиштата да не ги враќаат родителите!
Дали кога отидовте да извадите потврда за примени вакцини ви бараа да има ревакцина МРП. Која се прима на полни 6. Мене не ми дадоа ми рекоа прво да го боцнат. А има 5 ипол год.
Мене само ми го дадоа каронот и потврда за примени вакцини. Исто на сите даваа јас од каде што земав.
Мислам дека ќе биде од корист за идните првачиња во некое од училиштата во општина Центар. Бесплатен офталмолошки преглед во Санте плус хоспитал. https://www.centar.gov.mk/?p=11982
Исто. Важно е да биде од овластена институција, односно институција која има овластување да дава стоматолошки, односно офталмолошки услуги. И ова беше најавено од МОН. Освен тоа,во услови на пандемија не е во ред сите деца да се буткаат во една поликлиника во една до две ординации.